Значи не знам што не е во ред веќе аман??? Играва како да е програмирана да станува се потешка и потешка како играш повеќе натпревари. Го играв демото и беше ОК и голови давав и примав имаше рамнотежа дури и на топ плеер се носев рамноправно со една Барса. Сега како шо играм со тек на време се потешка ми е играва. Изиграв една сезона со Јунајтед и арно беше 3 завршив. Сега ја почнав вторава и катастрофа сум. Веќе 10 натпревари се случува истото сценарио: обично прв давам гол, и после мнооогу ретко да дадам и втор. Тие одма во второто полувреме сјачуваат и ти израмнуваат најчесто со некоја страшна контра, твоите дефанзивци како од втора лига да се, нивните напаѓачи се совршени, ти одиш во напад, тие се бранат со 8 играчи и најчесто натпреварите завршуваат нерешено или ако примам гол прв губам. Со Руни шо дека е јак скоро и да не можеш ништо сам да направиш, одма било кој противнички играч ти ја зема топката. Дај кажете некои совети за подесувања, формации нешто.....да се подобрам, вака нерви искинав...
П.С. Сето погоре напишано е на про јачина. Сега ќе пробам на топ да видам како е.
Еве како е:
Против Славија Прага дома за 16 мин. губам 0-2 со еден гол од контра и совршено изведен слободен удар