Кога излезе демото го симнав одма и кога го пуштив да го играм ептен ме разочара, подавањата беа лоши, често кога сакав краток пас да дадам само го чепкав копчето за подавање а дегенот ја пукаше со сета сила, ротирањата на играчите беа мизерија кога напаѓав Виља иде во одбрана а Бускетс иде во напад ко шпиц, играчите не ти ја следеа играта ич секој си иде кај сака и еден тон други работи... Решив вчера да ја симнам и целосната верзија и да и дадам шанса... Дене ја инсталирав и изиграв доста игри, ме радува тоа што е подобрена од демото, подавањата се делумно средени, ротациите исто се делумно средени ама ужасно ме нервира што играчите не ти ја пратат играта, на пример идам со Иниеста и Педро место да се отвара од страна или Виља да влегува по средина они ти идат пред нозе и те чекаат да ги поминеш. Друго одбраната е лом, дупки колку сакаш, голманите ужас денес не примив ни еден асален гол се некои дегенски по земја бавни што ретардиран тип ќе ги фати а не голмани од висока класа. Ме нервира исто што на секој фаул дава риплеј ко којзнае што да е... Нафрлувањето исто е малку без осет, одам по крило да нафрлам а никој не влегува треба да чекам да се врати цела нивна одбрана за да има на кој да му нафрлам, а малце само го чепкам копчето за нафрлување и ја рога скрос на другото крило топката со ретки исклучоци кога стварно нафрлува ама никој од напаѓачите не го следат... Дека е подобра од 2010ката подобра е, имаат воведено нови елементи во играта што ти дава поголема слобода (истите што ги имаше во Фифа 2010ка на конзоли), ама не знам изгледа дека Фифата ептен ми направи мерак па од оваа сум разочаран...
Исто, и мене и брат ми не разочара новиов ПЕС а го играме уште од првите делови на ПС1, па таа јапанската верзија Вининг 11, итн.
Го сјебаа фудбалов со тоа енергијата за подавање, ја успорува играта, и при контра ама највише у некои важни моменти у шестнаесетник кога треба да му подаам на тој до мене, треба да се свртам накај него па да гледам да го чепнам копчето да не отиде топкана јабана...
Нафрлањата се безвезе, топкана не знаеш кај ќе отиде.
И тоа со фаулите што ги повтора па и некои безвезе удари на гол, како нервира...
Тоа што викаш, играчите не ја пратат играта...
Глупи ситуации у шестнаесетник, топката ќе го удри на некој у гради и ќе се отркала у гол, ај еднаш-двапати да се случи ама 5-6 пати ? Па, стално кога ќе се одбие топка у шестнаесетник, на 5-10 метри ако ја начекаш, ќе ја удри со некои странични маказици, ептен реално...
Порано кои голови паѓаа од 20-30 метри, сега од 10 удари дали еднаш ќе влезе у гол, многу неефикасни ги направиле играчиве од далечина...
Шутот не го средија, порано се знаеше колку енергија да стиснеш за 20, колку за 30 метри, сега стискаш 2 пати исто, различно ја шутира, паѓаат голови повеќе на среќа, колку ќе ти се откачи енергија...
Пеналине што ги направија толкава филозофија, што му фалеше порано на она - држи ќоше у кое сакаш да шутнеш или само страна и стисни шут. Све мора да искомплицираат...
Не дека не се игра, ја играме со брат ми и со другари, интересна е ама гејмплејот пак е глуп некако...