BATISTUTA 9
Fiorentina-Partizan-Real
- Член од
- 17 мај 2008
- Мислења
- 2.085
- Поени од реакции
- 266
најдобар пост, до сега шо излегол од твои прсти :smir:Абе и вие незнаете што зборите...еднаш МП е крив, еднаш МП не е крив он ли му кажа на Хиго да утне против Лион, еднаш овој весник нема везе, оној нема везе...што сакате вие бе луѓе??? сте се запрашале некогаш??? Реал игра добро, ама губи од јаки тимови, играшите се во ред, ама пак губиме од јаки тимови, ц ц ц...
Едно запамтете цел тим е КРИВ за сезонава!!!!!!! Роналдо е добар, ама коа ни требаше го немаше, Хиго е добар, ама коа ни требаше го немаше итн итн...МП не направил добра тактика затоа изгубивме...значи сите се криви за сезонава. Некои не се докажаа ама ич (вие ги праите ѕверови) со овој тим позади мене и јас ќе давам голови.
Хиго колку асални гола има дадено (да издрибла некој или сам да игра коа не му иде на тимот) ова е само еден од 90% од играчите...Кака :kesa:, Чаби:kesa:, Албиол:kesa:, Бенз:kesa:, Гранеро:kesa:. Сеа знам ќе се јават поединци и одма што сакаш од Кака, Чаби...? да игра како што треба, немора да дава голови, а вие од 90 мин ако рачунате за 2 паса играчот е одличен:bravo: и други.(ме мрзи да ги набројувам зошто ќе напишам роман за секој што како направил).
Ајде сеа напаѓајтееее...да видам дали некој ќе каже дека сум до негде во право!!!
но сепак морам да ги сопрам експертите и критичарите на Мурињо дека е предефанзивен, не е он капело туку средината тоа му го правеше кога во тимот имаш само еден и единствен плеј во снајдер повеќе од јасно ќе ти е зашо не можеш да и парираш на една барцелона и плус беа минус 1 играч... ако вие многумина тука како доста големи стручњаци сте доволно гледале фудбал, ќе се сетите дека истиот тој Мурињо со Челзи играше одличен фудбал и манчестер примеше по 3-4 комада и доминираше во англија и плус негова омилен формација му е 4-3-3 со две крила... па брблајте понатаму, само шо јас немам точен концепт шо формација МП форсираше цела сезона на крај само роналдо стана SS а игуаин CF... цело време не му ја ни дознав формацијата кај игра Кака(одма тука некој ќе рече зад напаѓачите ама не беше така) го сеташе секаде а овој страдаше и од повреди и ништо Кака е лош нормално... и шо виде во гранеро цела сезона а Кака и ВДВ кои само за 21 мин изиграа перфектно и на брзина се познаваше биле полоши... зошто упорно се форсираше Рамос стопер заедно со Албиол а Гарај најдобриот стопер цела сезона, на клупа?!
зошто како крило дренте не доби повеќе од една шанса ја доби милан даде гол и го поништија од списокот а ни фали крило?! колку пати марцело се навикна и на крило да игра и колку пати највеќе се бореше таму прв го вадеше а гранеро кој упорно успоруваше, збунено делуваше упорно играше?! зошто Кака една утакмица не изигра 90 мин во цела сезона?! нема кондиција или што... многу грешки направи МП ај да не барам... едно само сум му благодарен шо го седна Раул конечно на клупа и почна нападот да функционира со брзина и се, колку и да е легенда и се уше пред 3 сезони требаше повеќе на клупа да седи помина неговото... и пред се сум му благодарен шо го казни размазнетиот Гути кој изиграше звезда, па од кога се врати ја изигра најдобрата сезона во кариерата...
знам дека не е добро мењавање на тренери секоја година, и јас бев против, ама не ме многу импресионираше МП баш во тие клучни натпревари, во кои алал нека му е на дечкото(не знам кој беше) кога рече кога роналдо влезе во второто ел класико влезе да се докаже дека е подобар од меси а не со мотив дека игра за реал против барца празник за очи на мадристите!!! цела вечер го пцуев,ради тоа и баш ми беше ќејф кога го гледав колку смирен беше лео и интерес му беше само да победи, секоја чест прав спортист...
а роналдо може се труди највеќе во реал прв доаѓа последен си оди, ама славата му е пред се!!!!
а за се друго знаете да кажете само грешките неќете да си ги признаете...