Ве гледам се клештите ко недоветни.Изгледа нешто не ви е јасно...па ај да ги потрошам уште малку прстиве.Тренер како Мурињо ,со стаж од 9 години...Има освоено титули повеќе одколку некои тренери за цела кариера.Башка добива на тежина тоа што со ПОРТО(ЕЈ ПОрто!!!!!),успеа да стане првак и во Куп Уефа(ајде ќе речиме просечно натпреварување..),ама ЛШ,во својата 3 сезона како тренер.Потоа во Челзи.Со Челзи освои 2 ПЛ,2-3 Карлинг Купа и што уште не...4 години со ред играше во Полу финале.Со Интер,еве го до каде стигна....ЗА САМО 2 ГОДИНИ.Да,можеби не се изразив добро,не во историјата........но на денешницата....сигурно е најдобар тренер!!!
Не грешиш, ако Мурињо пристигне во Реал, уште во првата сезона со тие играчи ќе ви даде невидени резултати, во тоа сум сигурен. Само, начинот на кој ќе постигнува резултати нема да им се допаѓа на повеќето фанови, најверојатно. Мислам дека Мурињо не би можел да биде тренер на Барселона или Реал, не практикува таков фудбал. Тим како Интер, Челзи, Јувентус или Милан е совршен за него, неговите потреби и неговиот стил.
Реал оваа сезона, иако не феноменален, беше далеку од лош. Пелегрини наредната би донел резултати, најверојатно. Мурињо би ги донел сигурно. Плус е атракција човекот, мислам дека и тоа има големо влијание.
Од друга страна, Мурињо има перфектни услови во Интер, тим кој гине слушајќи ги неговите наредби и претседател кој му дава потполна слобода. Можеби ќе има шанса да атакува и на шест титули, можеби ќе има шанса да ја брани и круната во ЛШ и да стане првиот трењер со таков успех. Единствен мотив би било да дојде за да ги плеска Барса, да им ги зема титулите и да им врати за тоа што на времето не го направија тренер на каталонците.
Со ваков договор мислам дека ќе изгубат и фановите на Реал, а и оние на Интер. Једини кои би добиле се себичните егоа на Перез и Мурињо.