Квалификации за Европско Првенство - Полска и Украина 2012

Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
не ги споредувајте соседните првенства со нашето... клубовите таму имаат договори кои дежат десетици милиони, овдека најголемиот клуб Вардар се издржува со еден милион на годишно ниво.
Вардар да зима милион годишно не прваци растур ќе праат него ај темава е за македонија,мислам дека ако се пласираме 3 место евентуално 2 (сепак не зависи се од нас)сум презадоволен со овој мафиозов(Хари) топ ќе биде тоа да се деси.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
не ги споредувајте соседните првенства со нашето... клубовите таму имаат договори кои дежат десетици милиони, овдека најголемиот клуб Вардар се издржува со еден милион на годишно ниво.
Вардар за жал е на дното моментално во Македонија и се издржува некако без скршен денар,а со 200-300 000 евра можеш да направиш мак-дрим тим.Мора да се има бар нормално првенство за да се има успешна репрезентација.Преанство од кое ќе може да се вадат играчи,а не како кај нас.Единствениот играч кој ни вреди е Пандев и тој паметно уште на 17 години си замина од тука,да не си заминеше 100% ќе пропаднеше.
 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Мене едно не ми е јасно.....ШТО КОГА ПАНДЕВ ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА????
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Абе што се секирате, го имаме Пандев.
Со Пандев до Европско! :baeh:
Сеа не дека не сум оптимист али во фудбалот има 11 играчи што значи 1 играч ништо не може.Може да идеме даље ептен срцето да го остават на терен и да зголемат реализацијата.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
Абе немаат којзнае какви првенства,но во споредба со наша прва лига се бар 10-15 светлосни години понапред.Играчки и финансиски клубовите се каде-каде подобри,школите работат добро,секоја година од тие лиги се вадат по 1-2 таленти кои ќе израснат барем во солидни играчи.Е тие 1-2 играча секоја година се потенцијални репрезентативци,а кај нас вадат еден играч на 3-4 години и тој пак никаде не завршува.
не ги споредувајте соседните првенства со нашето... клубовите таму имаат договори кои дежат десетици милиони, овдека најголемиот клуб Вардар се издржува со еден милион на годишно ниво.
Ако има по два клуба кои се издвојуваат од другите, не значи дека имаат јаки првенства. Еве и ние имаме во ракометот два квалитетни клуба кои редовно играат во Европа и сега да кажеме дека имаме квалитетно првенство? За таленти, таленти има и тука, само нема способни тренери, тренинг програми и слични ствари. До 16-17 години и не требаат многу пари за развивање на некој играч во талент, а после тоа со квалитетни менаџери лесно ќе најдат некој солиден клуб од Германија, Шпанија, Италија, Англија колку да се развијат како играчи... Ете почнуваат по малце, Ибраими викендов дебитираше за Шалке, но се уште има време. Што се однесува до Вардар, па пред две години тимот го имаше ТриПун Костовски, ги собра најдобрите играчи во нашево првенство, клубот имаше голем буџет и таму десетина меча по ред немаа победа :kesa:Што се однесува до групата, кажав веќе милион пати, не сум голем оптимист, но се додека не почнат квалификациите имаме шанси... понатака ќе видиме што и како ќе биде, да се надеваме барем на второто место.
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Ако има по два клуба кои се издвојуваат од другите, не значи дека имаат јаки првенства. Еве и ние имаме во ракометот два квалитетни клуба кои редовно играат во Европа и сега да кажеме дека имаме квалитетно првенство? За таленти, таленти има и тука, само нема способни тренери, тренинг програми и слични ствари. До 16-17 години и не требаат многу пари за развивање на некој играч во талент, а после тоа со квалитетни менаџери лесно ќе најдат некој солиден клуб од Германија, Шпанија, Италија, Англија колку да се развијат како играчи... Ете почнуваат по малце, Ибраими викендов дебитираше за Шалке, но се уште има време. Што се однесува до Вардар, па пред две години тимот го имаше ТриПун Костовски, ги собра најдобрите играчи во нашево првенство, клубот имаше голем буџет и таму десетина меча по ред немаа победа :kesa:Што се однесува до групата, кажав веќе милион пати, не сум голем оптимист, но се додека не почнат квалификациите имаме шанси... понатака ќе видиме што и како ќе биде, да се надеваме барем на второто место.
Многу голема грешка си како прво играч не прераснува во талент ,туку талент прераснува во играч,врвен играч
како второ баш до тие години и во тие таленти треба да се вложува или пак да им се обезбедат соодветни услови за тренинг,опрема и ред други работи
Незнам до кога ќе негираш и незнам кога ќе разбереш дека фудбалските лиги во државите околу нас се далеку пред нас ,ние сме нула,ништо,ѓубре,кал,мизерија,трагедија
Динамо Загреб,Ѕвезда,Партизан,Хајдук се врвни европски клубови
ние сме НУЛА ,па и тие клубови сите таленти ги зимаат од помалите клубови во нивните лиги,што значи сите талентирани играчи искачаат од малите клубови и се развиваат во големите домашни клубови и на крај завршуваат во најдобрите европски гиганти
е тоа е фудбал,тоа е лига,тоа е расадник на таленти,таму има менаџери,скаути добро поврзани со цела европска мрежа и редовно вадат добри играачи по која пат да повторам ние сме нула ,ЕП,СП за нас може да биде само сон во наредните 698754 години ,освен ако нешто ВЕДНАШ не се смени ,вака годинин наназад и многу години напред со сила одвај ќе се мачиме нашето 4-5 место во група да си го заземеме
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Ако има по два клуба кои се издвојуваат од другите, не значи дека имаат јаки првенства. Еве и ние имаме во ракометот два квалитетни клуба кои редовно играат во Европа и сега да кажеме дека имаме квалитетно првенство?
Немаат некое ептен јако првенство,но кога едни Шибеник и Осијек преговараат за свои играчи со Шахтјор,Тулуз и неколку бундеслигаши тоа кажува доволно.Ние и да сакаме не можеме да имаме некое јако првенство.Единствена шанса ни е да имаме 1 или 2 екипи за во Европа кои или ќе вадат свои таленти или ќе купуваат таленти од помали клубови и ќе бидат отскочна даска.Ние ни тоа немаме.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Мене едно не ми е јасно.....ШТО КОГА ПАНДЕВ ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА????
Де бре немојте вакви прашања глупи да поставувате... ние па многу јака репрезентација сме со Пандев, па сега ќе мислиме што без него... и со него и без него мнооогу тешко дека ќе направиме некои поголем резултат, односно пласман на некое СП или ЕП (барем не во скорашно време)... дај Боже да се лажам, ама како што стои ситуацијата во моментот, изгледа во право сум :jaj: Оптимист сум за овие квалификации, но кога ќе ми текне кој е на чело на Федерацијата, почнува страв да ме фаќа :wink: :toe:

П.С. Не ме сфаќајте погрешно, немам лошо мислење ниту за Пандев, ниту за репрезентацијата... само си кажувам мое мислење :wink:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Освен 4 победи во дуелите со Ерменија и Андора, мораме барем минимум да извојуваме по 1 победа против Ирска и Словачка, доколку сакаме да претендираме за повисоко место во групата.

Би било идеално да ги совладаме и Русите, мислам дека можеме да се носиме рамноправно со сите.

Иако не посрамотија Словаците претходно, се надевам ќе им ја возвратиме услугата.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Андора ќе ја победиме во двата дуели,ама Ерменија тешко дека ќе ја победиме таму,да бидеме малце објективни и реални.

Македонија нема репрезентација за да направи нешто повеќе,со Величе,Седлоски и компанија тешко дека ќе успееме нешто.
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.634
Поени од реакции
1.207
Мене едно не ми е јасно.....ШТО КОГА ПАНДЕВ ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА????
Аман де, немојте со вакви утепани прашања. Пандев има 26/27 години и рано му е за пензија. И кога он ќе се пензионира ќе дојде некој друг Пандев:smir:

Работата е во тоа што не треба да зависиме од еден играч зашто тој еден не може ништо да направи ако со него не соработуваат другите соиграчи.


Плус, гледајте кој ја води федерацијава, кој е селектор какво ни “првенството„ и сакаме некој успех.
Се додека не се оттргнат гнидите од мак. фудбалот не треба да очекуваме пласман на некое големо натпреварување
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.126
Поени од реакции
3.988
На страната на А1 има некоја нова статија за ова квалификацииве и на крајот пишува за пријателски натпревари што ќе сме ги играле до тогаш и малце ме збуни... вика вака

Покрај пријателските натпревари со Црна Гора во Скопје и Малта во Ла Валета, на 28 или 29 мај Македонија ја очекува пријателски натпревар по завршувањето на домашното првенство со Босна и Херцеговина, Јужна Кореја или Луксембург а на 11 август натпревар против Малта во Ла Валета.

Реченицава е хаос и ништо не сфатив... Кога ќе играме со Црна Гора и Малта? На 28 или 29 мај или на тој датум ќе играме следен натпревар против Босна, Кореја или Луксембург, а со Црна Гора и Малта претходно? И зашто после вика на 11 август натпревар против Малта, два ли ќе ги играме против нив? од кај волку пријателски натпревари испаднаа и како се распоредени, не сфаќам? И кај се некои мизерни тимови наоѓаат за вакви дуели, од овие само Босна и Кореја се у ред, другово не вреди ни да се гледа (добро и Црна Гора е добра, ама бар да игравме на нивен терен)...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
Зошто да играме на терен на Црна Гора... па веќе еднаш игравме и сега е нашиот ред. Со Црна Гора играме на Градски на 3 март, а со Малта играме на 11 август, мислам таму. А за други пријателски сеуште нема ништо официјално, ама за очекување е пред СП да имаме барем два-три квалитетни пријателски натпревари.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Кога е првиот натпревар? Со Словачка дома играме ко што разбрав?
Ќе им текне ли на шупциве од ФФМ да пуштат билети во нормална цена за да се наполни градски?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom