Чудни македонски зборови

Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
анџак. мислам дека е со акцент на вториот слог. јас како би го превел - конечно, најпосле или можеби во смисол фала-богу

јалнаш (си,сте). - не можам да проценам за акцентот, значење - грешка си, во заблуда си или можеби збунет си

дере. знам дека секој би го превел во "вика" или довикува, или пак дере во смисол дере кожа од животно. но има и друго значење. дере или дол. е сега за оние што не знаат што е дол, тоа е ... како пресек на два рида, провалија, како вдлабнатина некоја низ која поминува некој поток. тоа го викаме дере или дол. не знам од каде произлегува веројатно дол од доле.

плот. ограда, најчесто со тараби
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Анџак = Тек сега... и овој збор мислам дека потекнува од Туркиш :)
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Анџак = Тек сега... и овој збор мислам дека потекнува од Туркиш :)
јасно ми е дека многу зборови имаат турско потекло, ама видов во претходните постови дека се е измешано, па си викам ајде и јас
инаку пренесувам само она што го знам најчесто од баба ми и дедо ми, без ама никаква научна основа или подлога
 
Член од
20 март 2009
Мислења
43
Поени од реакции
0
руби-овбелка како маица џемпер тренерка и друго
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Дрчотија = лакомост
Ѕврчка = “ми направи ѕврчка“ = ми направи пакост.
Чврга = џумка, удирање “чврга“
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Реис - автобус.

Го знае ли некој потеклото на зборов? Се користи на широко во источна Македонија. Имам чуено дека и во Бугарија го употребувале (несигурен извор).

Жити се’ од каде за автобус - реис???
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Реис - автобус.

Го знае ли некој потеклото на зборов? Се користи на широко во источна Македонија. Имам чуено дека и во Бугарија го употребувале (несигурен извор).

Жити се’ од каде за автобус - реис???
Можеш да бидеш сигурен и во БГ се користи.
Реjс-автобус.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Можеш да бидеш сигурен и во БГ се користи.
Реjс-автобус.
Де кажи нешто повеќе... Се користи во стандардизираниот говор и или дијалектички, и во кои дијалекти ако е така....
Нешто за коренот на зборот....
Ајде, ајде, бидете малце корисни. :)
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Ха, знаев!
Знаев дека влече некое потекло од Гермаската група јазици. Само моја претпоставка беше дека реис иде од анг. race (рејс) - трка, демек, брз е како за на трка. :)

Благодарам во секој случај.

--- надополнето ---

плот. ограда, најчесто со тараби
Јас го знам како плет, ама ова е најчесто проста ограда од грмушки, гранки и прачки, правена од сточари и земјоделци...

Очигледно коренот е поврзан со глаголот плете.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Ха, знаев!
Знаев дека влече некое потекло од Гермаската група јазици. Само моја претпоставка беше дека реис иде од анг. race (рејс) - трка, демек, брз е како за на трка. :)

Благодарам во секој случај.

--- надополнето ---



[/B].
Паа, не знам колку е Германски збор. Затоа што и Русите го добиле своето име од истиот збор. Тие се всушност отселени, РАСЕАНИ надалеку како РАСКИ (од главнината на својот народ), одвозени, како сакаш речи...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Шерепере = чудно однесување и зборување, чудно-видно.
Шулупулу = некој кој е малку “замавнат“, малку “чуден“.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Стари думи од Драмско.

булја - булка
вриз (врис) - извор - бунар ,место од де извира вода.

главилка - годеж; главене - сгодјаване
рапка -мисир - царевица

фрут(врут) - сите - всички, всичко
 

Kajgana Shop

На врв Bottom