dali odlukata na ffm i uefa e vo soglasnost so nasive zakoni i me zanima radiodifuzija sto ima da kaze za ova.
mislam jas deka ova pravno lesno ke go pobijat ako nema nekoj zakon koj sto go krepi istovo.
baska sega i ova go citam
Неизвесен стартот на македонското фудбалско првенство
28.07.2009
Полека но сигурно станува неизвесен стартот на македонското фудбалско првенство.
Утре ќе биде познато колку прволигашки екипи ќе се здружат во идејата да го бојкотираат почетокот и да го направат првиот чекор кон обновување на здружението на прволигашите.
На состанокот се најавуваат претставниците на поголем дел од екипите во елитната дивизија кои ќе треба да ги обединат своите ставови околу подобрување на организацијата на фудбалот кај нас.
Иницијативата за формирање на здружението кое претходно заврши неславно, па дури и бојкот на новото првенство, ја потврдија слога југомагнат преку Рафет Муминовиќ, Драган Поповски , претседателот на Работнички, и раководството на актуелниот шампион Македонија Ѓорче Петров, а ја поздрави и Круме Волнаров првиот човек на Пелистер.
Се очекува иницијативата да ја поддржат и Силекс, Хоризонт Турново, Металург и Ренова.
Се шпекулира дека поради морални обврски кон ФФМ, претставниците на Милано, Вардар, Тетекс и Победа нема да се појават на состанокот.
А во ФФМ сега засега без многу возбуда, ама навреме претседателите на сите клубови се најдоа на списокот гости за врзаната турнеја со репрезентацијата во Шкотска и во Норвешка.