Нема да има странски фудбал на ТВ во недела!

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.671
Поени од реакции
790
Многу ќе ми биде мило да е така... т.е. веќе започнатите утакмици пред 16 часот да може да се пренесуваат.

Ама ќе најдат чаре нашиве и за тоа... Ќе почињаат 2 саата порано ако треба....

А1 и Харалампие мучка сакаа да напраат... Сељачишта...
Откако им го земаа Англиско, почнаа да праќаат барања до УЕФА и да носат идиотски закони, за да “привлечат“ навивачи на стадион... Абе со кој памет, алооо... кретени!

Што не им текна лани да го воведат овој закон? а? Додека они пренесуваа англиско првенство...

Има нешто матно, тоа е факт!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
И ја затоа се чудам штом ќе може да се игра од 14:30 сигурно нема да даваат едно полувреме..
Абе гледај сеа. Утакмицата почна во 14:30 шо значи дека ќе заврши до 16:15, а преносот од македонското првенство беше од 16:00. Значи 15 минути се во прашање и нема да има некои поголеми проблеми. Е сега италијанските натпревари почнуваат од 15:00 а траат до кај 16:50 така да нема да ако ја поштуваат забраната нема шанси да има Италијанско првенство оваа година од 15:00. Ама ајде таа е шо да праиш, и јас највеќе сакав у недела од 3 да си седнам и да си гледам фудбал, ама је*ига А1 ги нарпавија овие глупости, па ние ќе трпиме.
А мене не ми е јасно со Англиското првенство оти сите дерби натпревари се играат од 17:00 па според забраната тоа време фудбал нема да може да се гледа шо значи годинава Арсенал-Челзи, Ливерпул-Манчестер и сите други дерби утакмици ќе си ги гледаме на http://www.atdhe.net или на некоја друга телевизија:toe:
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ептен глупа работа.Ако на пример има Манчестер-Челзи и демек не ја даваат и они си мислат дека народов ќе глеа Македонско првенство а во денешно време кога секој има интернет и преку стрим може да глеа.
Џабе им е!
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Забраната е во сите региони околу нас !

Не е само во Македонија, туку и Србија, Босна, Хрватска и т.н. !


Така да, тука не можиме ништо !

Мислите мене не ми е тешко, дека во недела нема каде да го гледам Јунајтед и Арсенал ?

Глупости, али то е:nenene:
 
Z

ziko bt

Гостин
К

кременко

Гостин
Гледачите му се вратија на македонскиот фудбал

Директните преноси на македонските фудбалски натпревари на телевизијата „А1“ во новата сезона бележат речиси идентична гледаност како средбите од Премиер-лигата. Првите три кола од домашниот шампионат го пробудија интересот на јавноста, а потврдата дојде и од реномираната „АГБ Нилсен“, според чиишто испитување натпреварот меѓу Вардар и Тетекс имал рејтинг на гледаност приближно ист како и средбата Челзи - Хал.
Дербито на македонската лига имаше гледаност од 4,5 проценти, а средбата од Премиер-лигата има еден процентуален поен повеќе. Неделниот натпревар меѓу Македонија ЃП и Вардар беше проследен од 3,5 отсто од гледачите, а Манчестер јунајтед и Бирмингам беа на малите екрани кај 4,5 проценти од популацијата. Овие податоци ги разрешија сите дилеми и дадоа одговор на прашањето: „Дали има место за Првата фудбалска лига на малите екрани?“
- Апсолутно го поддржувам потегот на телевизијата „А1“ за преноси на натпреварите од домашното првенство. Тоа сигурно ќе доведе до зголемување на популарноста на фудбалот во нашата земја. Сега секој вљубеник во фудбалот ќе биде во можност да гледа македонски натпревар, ако биде спречен да биде на трибините. Што се однесува до мене, јас предност му давам на македонскиот фудбал. Попрво би ги гледал Вардар, Тетекс, Победа или Пелистер отколку Челзи и Манчестер јунајтед – вели Драги Сетинов, спортски директор на Вардар.
Враќањето на интересот за македонскиот фудбал ја покажува оправданоста на инвестицијата на телевизијата „А1“. Трошоците направени за популаризација на Првата фудбалска лига резултираа со зголемена посетеност на стадионите и со се поголем број гледачи крај телевизиските екрани.
- Се трудам да го следам секој натпревар на мојот тим на домашен терен. Обврските не ми дозволуваат секогаш да бидам на трибините, а директните преноси ми овозможуваат да го гледам и на гостувањата. Овој потег е за пофалба бидејќи мора да почнеме да го цениме македонскиот спорт. Со поддршка на домашниот фудбал, ќе помогнеме да се крене квалитетот – вели Горан Трајковски.
Импресиите на фудбалските работници и на навивачите ги потврдува истражувањето спроведено од „АГБ Нилсен“. Бројките покажуваат дека македонскиот фудбал пополека, но, сигурно, се враќа во мода.
- Ние влеговме во инвестиција во сезоната 2008/2009, со која сакавме да помогнеме македонскиот фудбал да добие препознатливо место во програмската шема. Не ни помислувавме дека по една година и по првите три кола Првата македонска фудбалска лига ќе има гледаност приближна на Премиер-лигата или на Лигата на шампиони – вели Зоран Силјановски, директор за маркетинг на телевизијата „А1“.


Македонска фудбалска лига

Вардар – Тетекс А1 4,5 %
Македонија – Вардар А1 3,5 %

Премиер-лига

Челзи – Хал Сител 5,5 %
Блекбурн – Манчестер С. Сител 5,5 %
Манчестер Ј.- Бирмингам Сител 4,5 %
Сандерленд - Челзи Сител 6.0 %

Лига на шампиони

Селтик – Арсенал Канал 5 5.00 %



сум се изнасмеал многу јако , не оти е вистина тоа али ајде мора нешто да се пиши во весниците
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
сум се изнасмеал многу јако , не оти е вистина тоа али ајде мора нешто да се пиши во весниците
Хмм не се знае дали е вистина или не ако си збориш за себе. Ако е вистинска анкета со повеќе испитаници тогаш ова е супер вест. Конечно и нашиот фудбал да биде гледан а не италијанци или енглези. Јес да играат вистински фудбал али и нашето треба да се цени.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.556
Поени од реакции
1.554
од 1ви Ноември натпреварите во мак лига се играат од 13.00 часот, значи до 15.00 ќе завршат и ќе гледаме Калчо без проблем. плус кај нас зимска пауза трае до Фебруар кога пак натпреварите се некаде од 13 часот, значи колку толку сепак ќе гледаме Италијанско во три саат, се разбира ако решат Телма да ја почитуваат забраната, што се надевам нема :helou:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Хмм не се знае дали е вистина или не ако си збориш за себе. Ако е вистинска анкета со повеќе испитаници тогаш ова е супер вест. Конечно и нашиот фудбал да биде гледан а не италијанци или енглези. Јес да играат вистински фудбал али и нашето треба да се цени.
Овие рејтинзи од АГБ се прават со пиплметри (најрелевантни апарати за мерење гледаност) и многу се зборува дека Велија ги мести, особено Канал 5 почна да дига узбуна откако оваа компанија им измери само 5% гледаност на ЛШ, додека друга компанија им измерила 24%.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Гледав Вардар-Тетекс на тв и типот вика преубав фудбал гледаме на филип втори добро нека се тешат после губењето на премиер лига добра споредба направи.Ако сакам мак фудбал ке одам на стадион.И нека почнуваат од 1 саат утакмиците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom