Преводи за филмови: направи сам (туторијал)

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Да, ама кога сакам да ставам два или повеќе преводи за еден филм не можам да свршам работа. пример:
avatar.avi
avatar.srt (angliski) ова во заграда не го пишувам
avatar.srt (srpski)
и кога ќе го изрежам cд-to не ми го чита ниеден превод. што е работата?
Па неможеш да имаш две датотеки со исто име.
Вакво нешто треба да работи:
Avatar.avi
Avatar.en.srt
Avatar.sr.srt
Avatar.mk.srt
...
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
11
Поени од реакции
2
дали некој знае како можам да ставам македонски превод на некој филм...затоа што го ставам преводот се како што треба и на крајот на двд не ми чита преводи пишувани кирилица (а другите на латиница што се ги чита) дали знаете каде е проблемот ? ? благодарам однапред! :))
 

pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
е сега јас да те прашам нешто :uvo:
Дали знајш некоја програма шо можи да го залепам во буквална смисла титлот на филмот т.е ко ќе сакам да го режам, пример да нема уште една икона до филмот со титлот,туку ко ќе го пуштам било каде на било која видео програма титлот да си биди на самиот филм.Е сега дали ме разбра то е друго :pos2:
ај ако има некое чаре кажвај.поздрав

--- надополнето ---

Гледам дека многумина барате точни преводи за некој филм, затоа што оние преводи кои сте ги нашле не одговараат на филмот: брзаат пред гласот или засостануваат зад него... Но дури и да добиете превод по ПП пак не се знае дали ќе биде оној што го барате.

Средувањето на преводот за DivX (*.avi) филмовите е релативно лесна работа, потребен ви е мал тренинг и потоа ќе можете сами да си ги средувате преводиде за неколку минути, наместо да чекате друг да ви ги испрати. Исто така, ако имате омилен филм за кој нема Македонски превод а сакате а му направите, со малку повеќе труд, може и тоа.

Значи темава е туторијал за програмата Subtitle Workshop, која е најдобра од сите со кои сум работел. Темава служи за оние кои незнаат како да си ги прават преводите. Се што не ви е јасно прашувајте, што можам ќе ви одговорам јас или некои други кои ја знаат програмата. Кога ќе научите како треба, помагајте им и на другите кои имаат прашања и сакаат да научат.

Да почнеме:

- Инсталацијата е наједноставна само притискајте next и ќе завршите за 2-3 минути.

- Во видното поле на програмата Subtitle Workshop се појавуваат следниве елементи:

А) екран на кој се пуштаат филмовите,
Б) текстуално поле за преводот
В) табла за подесување на време/фрејмови и енкодинг
Г) мени

Прегледај го приврзокот 11600

Првиот пат кога ќе ја отворите програмата не се гледа екранот. Треба да пуштите било кој филм од компјутерот, во менито movie/open, или со притискање на CTRL+P. После ова екранот ќе се отвори и понатаму ќе остане тука.

За да не морате одделно да пуштате превод и филм, дајте им исто име на преводот и филмот и поставете ги во ист фолдер. Потоа, го отворате само преводот, а филмот автоматски се отвора. Преводот го отворате во менито на file/load subtitle или со CTRL+O.

Неколку важни подесувања:


во преводот, времето ќе биде обележано во фрејмови, ако е *.sub фајл, или во час/мин/сек, ako e *.srt фајл. За да можете да манипулирате полесно со преводот, секогаш работете во time, а не во frames (се подесува горе лево)

Во истата колона ќе го подесите енкодингот. Ако преводот кој го средувате е Македонски, одберете Cyrillic, а ако е српски/хрватски латиничен, одберете EastEurope од листата за енкодинг.

Прегледај го приврзокот 11607

Кога сето ова сте го направиле, ви останува уште да го средите преводот.

- Во поедноставниот случај, преводот тече со истата брзина со која е и филмот, но првата реченица започнува порано или подоцна, од онаа во филмот, по што се јавува константна разлика од + или - секунди/минути. Пуштете го филмот и чекајте да се изговори првата реченица. Штом ќе се случи тоа, паузирајте, и запишете во точно кое време започнува реченицата. Потоа, видете во кое време започнува реченицата во вашиот превод, и пресметајте колку заостанува или подранува. Разликата ќе ја средите на тој начин што ќе притиснете CRTL+D, и ќе го вратите назад, или турнете напред преводот, за онолку колку што е потребно. Ако преводот одговара на вашиот филм и се движи со исто темпо, ова ќе го реши проблемот веднаш.

Прегледај го приврзокот 11605

Покомплициран случај е кога преводот не одговара на филмот (нема сега да навлегувам во тоа зошто е така), па дури и кога ќе го наместите почетокот, тој пак ќе брза или ќе доцни. Сега, треба да го видите и запишете времето на првата и последната изговорена реченица, па со CTRL+B дирекно да ги запишете овие времиња. Ова би требало да го реши проблемот, иако не е толку успешно како кај првиот проблем, некогаш едноставно преводот не сака... Ако е така, не губете многу време, симнете повеќе преводи од интернет, и пробајте ја постапката со сите, еден од нив би требало да биде успешен.

Прегледај го приврзокот 11606

И тоа е тоа за почеток.

Дополнителни компликации има кога на пример имате превод за серија, од која се извадени или додадени најавни шпици и реклами, па во таков случај има доста работа да се среди. Исто и кога од превод за две цд-а треба да се направи превод за истиот филм на едно цд, и обратно. Но такви компликации засега не ви се потребни.

Преводот, дури и да бил во sub формат , ви препорачувам да го зачувате како srt, со помош на save as и од разните формати што ќе ви излезат на располагање, одберете subrip.

Прегледај го приврзокот 11602

Програмата е бесплатна и можете да ја симнете овде. Јас имам некоја постара верзија која ме служи одлично, па ако си најдете таква, во ред. Незнам што има на поновите верзии, и дали се подобри или не.

Толку засега, многу успех!
е сега јас да те прашам нешто :uvo:
Дали знајш некоја програма шо можи да го залепам во буквална смисла титлот на филмот т.е ко ќе сакам да го режам, пример да нема уште една икона до филмот со титлот,туку ко ќе го пуштам било каде на било која видео програма титлот да си биди на самиот филм.Е сега дали ме разбра то е друго :pos2:
ај ако има некое чаре кажвај.поздрав
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Не знам за таква. Имаше програми со кои можеш при конвертирање филм од ДВД во ДивХ да го залепиш преводот како со секундарен лепак. Ако некој знае за програма што го прави истото, нека пише тука.

Оф топик: Нови членови, барајте соодветни теми, не отворајте теми за било што и кога ќе отворите, темата треба да има саглам увод и објаснување. Тоа е за Филм и ТВ, за Чек дис Аут и Хумор можеби имаат поинаков критериум.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
е сега јас да те прашам нешто :uvo:
Дали знајш некоја програма шо можи да го залепам во буквална смисла титлот на филмот т.е ко ќе сакам да го режам, пример да нема уште една икона до филмот со титлот,туку ко ќе го пуштам било каде на било која видео програма титлот да си биди на самиот филм.Е сега дали ме разбра то е друго :pos2:
ај ако има некое чаре кажвај.поздрав
Ако мислиш на "залепен" превод (hard subbed филм), без можност да се тргне и да го чита на сите плеери, види со Ultra Video Joiner или Format Factory. Вториот програм е сосем бесплатен мада ми извади некој чуден ави формат (кој може и да не се чита на сите стендалоун плеери).
Би ти препорачал првиот програм Ultra Video Joiner, можеш да залепиш превод и да споиш два или повеќе ави фајлови. Испробано, добро функционира, а самото лепење трае релативно кратко, со тоа што нормално малку се зголемува големината на ави (или мпг) фајлот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
Ако некому затреба информација како во MKV (матроска) фајл да вметне македонски кириличен превод (а ме поттикна веќе кантосаната тема MKVMERGE GUI), овде ќе го постирам она како за потребите на таа тема експериментирав и добив позитивни резултати

За додавање, отстранување на преводи (во овој случај траки) или одделување звук од видео, најпогодна (GUI) е алатката mkvmerge gui (бесплатна за преземање вклучена во сетот командни и gui алатки Mkvtoolnix). Туторијали и кориснички совети ќе најдете на голем број сајтови, но кириличниот дел кој нам ни е потребен некако е малку или воопшто не е застапен.

Вметнување и додавање на превод со кириличен фонт е веќе објаснето во туторијалите -се вчитува мкв фајлот во кој се содржи видео, аудио и можеби заглавија и превод/и со обичен drag and drop, а во прозорчето каде се прикажани траките се вметнува и преводот (за тој формат и рип на филм) кој сакаме да го додадеме на mkv фајлот. Напомена -од системските локални (system locale, а не input locale) сетирања многу зависи како ќе се прикаже преводот во било кој плеер под windows додаден во mkv фајловите.
All text in a Matroska™ file is encoded in UTF-8. This means that mkvmerge(1) has to convert every text file it reads as well as every text given on the command line from one character set into UTF-8. In return this also means that mkvmerge(1)'s output has to be converted back to that character set from UTF-8, e.g. if a non-English translation is used with --ui-language or for text originating from a Matroska™ file.
mkvmerge(1) does this conversion automatically based on the presence of a byte order marker (short: BOM) or the system's current locale. How the character set is inferred from the locale depends on the operating system that mkvmerge(1) is run on.
За овој пример/водилка користев United States сетирање на system locale на windows-от.
Додавање (add кое се разликува од прикачување append) на нов кириличен превод во mkv контејнерот може да се изврши на два начини, зависно од кодот на преводот (windows-1251 или UTF8) при што и двата се прилично едноставни

За додавање на windows-1251 превод во track options се подесуваат следните параметри

- language macedonian
- subtitle charset windows-1251

или со слика
2qu18hg.jpg

резултатот е -соодветно прикажани карактери
sv5jxy.jpg

Вториот начин во случај преводот да е кодиран во UTF8, а можеби ќе затреба некому, зависно од системските сетирања и преводот кој ќе го користи.

Пред да се додаде срт преводот во mkvmerge gui, потребно е истиот да се конвертира од windows-1251 во универзален UTF-8 код (секој текст mkvmerge го енкодира/чува во UTF-8 формат, дури и оној windows-1251 кој го додадов погоре).

За таа цел на страната
http://www.iconv.org/
се избира преводот кој сакаме да го конвертираме, се бира почетниот input формат windows-1251 и крајниот output UTF8. Конвертираниот превод се додава на ист начин во фронтенд апликацијата mkvmerge gui, а кај параметри за траката се избира
- language macedonian
- subtitle charset UTF8

Резултат, сликата од филмот погоре...сосем добар квалитет на приказ на превод.

Готовите mkv фајлови со мак превод може да ги тестирате во vlc media player или media player classic.

Се надевам вметнувањето на кирилица во мкв фајл е доволно едноставно објаснето и нема да пречи да стои како краток туторијал од причина што се поголем е бројот на корисници на клваитетни mkv записи.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Вака, симнав GOM Player, пошто каснеше преводот, па со овој player може да се убрзува преводот. Е, сега, проблем е што преводот е на македонски, и се појавуваат вакви чудни карактери. Го средив кај BS Player-от, али овде незнам како е. Помош?

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Вака, симнав GOM Player, пошто каснеше преводот, па со овој player може да се убрзува преводот. Е, сега, проблем е што преводот е на македонски, и се појавуваат вакви чудни карактери. Го средив кај BS Player-от, али овде незнам како е. Помош?

За убрзувањето е долга приказна, во еден случај може да се среди со плеерот, во друг случај не може. За да ти излезат правилни карактери на кирилица кликни на Preferences, па оди на Subtitle, па на Others, и одбери Cyrilic. Исклучи го плеерот и уклучи го пак. Тоа е.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
За убрзувањето е долга приказна, во еден случај може да се среди со плеерот, во друг случај не може. За да ти излезат правилни карактери на кирилица кликни на Preferences, па оди на Subtitle, па на Others, и одбери Cyrilic. Исклучи го плеерот и уклучи го пак. Тоа е.
Фала многу.
 

DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81
Поместување на времето на преводите

Дали некој знае како да го помести за неколку секунди поназад времето на прикажување на преводите. Дали тоа мора рачно да се прави со едитирање на .srt или .sub фајлот или има некое програмче?

Поздрав.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
Дали некој знае како да го помести за неколку секунди поназад времето на прикажување на преводите. Дали тоа мора рачно да се прави со едитирање на .srt или .sub фајлот или има некое програмче?

Поздрав.
Дарко, многу добро објаснување за начинот на средување и програмите (Subtitle workshop) кои се користат-види овде во првиот пост
http://forum.kajgana.com/showthread.php?39883-Преводи-за-филмови-направи-сам-(туторијал)&p=2595007&viewfull=1#post2595007

инаку цела тема содржи одредени совети за преводите
 

DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81
Благодарам на одговорите. Helpful ! ! ! :):drk:
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Пробав да средам превод за една епизода од филм и џабе не мојт.. Го запишав времето кога се изговара првата реченица и времето од првиот превот, ја пресметав разликата и го вратив назад преводот но џабе. Пак е исто. Добра ќе е само првата реченица и после почнува пак да брза преводот, од почеток ќе е за 2 секунди, па до крај на филмот ќе оди и до 2-3 минути.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom