Гледам дека многумина барате точни преводи за некој филм, затоа што оние преводи кои сте ги нашле не одговараат на филмот: брзаат пред гласот или засостануваат зад него... Но дури и да добиете превод по ПП пак не се знае дали ќе биде оној што го барате.
Средувањето на преводот за
DivX (*.avi) филмовите е релативно лесна работа, потребен ви е мал тренинг и потоа ќе можете сами да си ги средувате преводиде за неколку минути, наместо да чекате друг да ви ги испрати. Исто така, ако имате омилен филм за кој нема Македонски превод а сакате а му направите, со малку повеќе труд, може и тоа.
Значи темава е туторијал за програмата
Subtitle Workshop, која е најдобра од сите со кои сум работел. Темава служи за оние кои незнаат како да си ги прават преводите. Се што не ви е јасно прашувајте, што можам ќе ви одговорам јас или некои други кои ја знаат програмата. Кога ќе научите како треба, помагајте им и на другите кои имаат прашања и сакаат да научат.
Да почнеме:
- Инсталацијата е наједноставна само притискајте next и ќе завршите за 2-3 минути.
- Во видното поле на програмата Subtitle Workshop се појавуваат следниве елементи:
А) екран на кој се пуштаат филмовите,
Б) текстуално поле за преводот
В) табла за подесување на време/фрејмови и енкодинг
Г) мени
Прегледај го приврзокот 11600
Првиот пат кога ќе ја отворите програмата не се гледа екранот. Треба да пуштите било кој филм од компјутерот, во менито
movie/open, или со притискање на
CTRL+P. После ова екранот ќе се отвори и понатаму ќе остане тука.
За да не морате одделно да пуштате превод и филм, дајте им исто име на преводот и филмот и поставете ги во ист фолдер. Потоа, го отворате само преводот, а филмот автоматски се отвора. Преводот го отворате во менито на
file/load subtitle или со
CTRL+O.
Неколку важни подесувања:
во преводот, времето ќе биде обележано во
фрејмови, ако е
*.sub фајл, или во
час/мин/сек, ako e
*.srt фајл. За да можете да манипулирате полесно со преводот, секогаш работете во
time, а не во
frames (се подесува горе лево)
Во истата колона ќе го подесите енкодингот. Ако преводот кој го средувате е Македонски, одберете Cyrillic, а ако е српски/хрватски латиничен, одберете EastEurope од листата за енкодинг.
Прегледај го приврзокот 11607
Кога сето ова сте го направиле, ви останува уште да го средите преводот.
- Во поедноставниот случај, преводот тече со истата брзина со која е и филмот, но првата реченица започнува порано или подоцна, од онаа во филмот, по што се јавува константна разлика од + или - секунди/минути. Пуштете го филмот и чекајте да се изговори првата реченица. Штом ќе се случи тоа, паузирајте, и запишете во точно кое време започнува реченицата. Потоа, видете во кое време започнува реченицата во вашиот превод, и пресметајте колку заостанува или подранува. Разликата ќе ја средите на тој начин што ќе притиснете
CRTL+D, и ќе го вратите назад, или турнете напред преводот, за онолку колку што е потребно. Ако преводот одговара на вашиот филм и се движи со исто темпо, ова ќе го реши проблемот веднаш.
Прегледај го приврзокот 11605
Покомплициран случај е кога преводот не одговара на филмот (нема сега да навлегувам во тоа зошто е така), па дури и кога ќе го наместите почетокот, тој пак ќе брза или ќе доцни. Сега, треба да го видите и запишете времето на првата и последната изговорена реченица, па со
CTRL+B дирекно да ги запишете овие времиња. Ова би требало да го реши проблемот, иако не е толку успешно како кај првиот проблем, некогаш едноставно преводот не сака... Ако е така, не губете многу време, симнете повеќе преводи од интернет, и пробајте ја постапката со сите, еден од нив би требало да биде успешен.
Прегледај го приврзокот 11606
И тоа е тоа за почеток.
Дополнителни компликации има кога на пример имате превод за серија, од која се извадени или додадени најавни шпици и реклами, па во таков случај има доста работа да се среди. Исто и кога од превод за две цд-а треба да се направи превод за истиот филм на едно цд, и обратно. Но такви компликации засега не ви се потребни.
Преводот, дури и да бил во sub формат , ви препорачувам да го
зачувате како srt, со помош на
save as и од разните формати што ќе ви излезат на располагање, одберете
subrip.
Прегледај го приврзокот 11602
Програмата е бесплатна и можете да ја симнете
овде. Јас имам некоја постара верзија која ме служи одлично, па ако си најдете таква, во ред. Незнам што има на поновите верзии, и дали се подобри или не.
Толку засега, многу успех!