Jас многу пати и за Нани и за Валенсија прокоментирав дека имаат проблем со себичност. Тоа е она вистинското што не те импресионира и тебе и на некои други. Според статистиката што ја прикажа (се надевам дека е валидна и точна) односот е 17:13 за Валенсија. Пак "доаѓаме на моето" дека Нани не добива доволно шанси. Самата статистика ти покажува дека Валенсија е пофорсиран во игра особено во последните натпревари. Затоа кажувам дека Нани не може да дојде до израз. Фергусон е упорен со Валенсија да му овозможи минутажа, додека тоа не е случај со Нани. Сепак Валенсија и натаму има проблем (пати од егоистички комплекс) за да се истакни, прослави и (можеби си вели дека ќе) биде најдобар голгетер во светот

. Му беше забележано (со право) дека не се радува кога ќе постигни гол. Тоа е навистина така и незнам зошто. Додека Нани сите знаеме како маестрално ги слави головите. Факт е дека бележи голем напредок во поглед на намалување на себичноста и самоистакнувањето. Но сепак проблемот е што не игра доволно. Би сакал ако ти или некој друг може да пронајде статистика (се сомневам дека има таква статистика) за да видиме колку асистенции направил Нани, а колку Валенсија (без разлика дали се постигнал гол или не). Колку пати бил себичен едниот, а колку другиот. И кој колку центаршутеви испратил пред противничкиот голман. Нормално сето тоа пропорционално со добиената минутажа на теренот. Знам дека е тешко да се пронајде ваква статистика, но во тој случај би виделе дека горните реченици се потврдени и аргументирани. Цело време коментирам дека на Нани му треба минутажа, а не тоа дали ќе му се погоди денот или не. Добро знаете дека денот на сите може да не му се погоди, луѓе се. Се сложувам дека Обертан треба да добива повеќе минутажа. И во него гледам голем потенцијал, но рано е него да го судиме. Нов е и заради тоа нема многу минутажа, иако се покажа дека сме многу посилни кога е тој во игра. За Тошиќ мислам дека исто така важи истиот проблем односно причина, а тоа е дека е млад и дека наводно нема доволно искуство. Сепак и него треба да го пробаме со некоја екипа од послабите на пример.
П.С. Во моментот го гледам Нани за Португалија. Таму е стартер и одлично игра.