Јас ве разбирам сите кои се сомневате во Нани. Но треба да го сватите дека не добива минутажа, не игра континуирано како Валенсија и затоа не може да блесне. Незнам каде треба да го бараме виновникот, не сакам пак да го напаѓам стариот, но за секој играч е важно да игра за да може да одржува и развива форма. Нани нон стоп има некоја пречка во тимот што не му дозволува да игра и да ги покаже своите квалитети. Сите знаеме дека сега немаме кој да изведува слободни удари, а Нани е многу опасен во тој поглед. Има и голови постигнувано. За брзината и да не зборуваме има многу пати покажано дека е брз. Некои погоре рекоа повеќе прави акробации отколку што игра. Па кој е способен за акробации, тие акробации секогаш може да ги примени. Нани и ги применува во неговите дриблинзи. Во фаза кога почна да се подобрува теоретски (со главата), да игра колективно, и помалку да биде себичен, тој не може да игра заради играч кој сите тие теоретски "негативности" каде одлучува главата, а не ногата, ги прави многу повеќе. Ретки се тие што постојано играат во Манчестер, секогаш се прават ротации, но треба да има баланс во тие ротации. Треба да играш на секој втор или ете трет натпревар. Пак ќе ви речам ако добива доволно шанси, Нани ќе му служи на Манчестер бидејќи е голем фудбалер. А вие немојте да го судите кога ќе заигра САМО 15 минути.