Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
Незнам зошто фергусон не го играше андересон место сколс. Андерсон дел од дерби натпреварите ги има изиграно одлично.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.604
Поени од реакции
6.390
Ај препрочитај што сум напишал прво .. може?

Ако фактите болат и сакаш да ги игнорираш , тоа не е мој проблем!!!

Иначе да не го сакаш Бебатов за туршија, зашто само за тоа го бива!!!
Ако си вистински навивач,прифати го јунајтед таков каков што е.Од управата,легедните,играчите,младинските погони....:smir:
 
TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Ного сте интересни.. ќе даде бербатов добар гол или ќе напраа добра асистенција или нани ќе напраа нешто добро одма фалете, дигате, среќни сте, а сега никој нее за у МЈ.. дај не се правејте деца и бидејте малко поштени, реални... ливерпул си изиграа подобро и не победија, нее крив судијата, почнаа ного агресивно (исто и ние), они немаа избор, едноставно требаше им победа... не оти бербатов или нани ми се аресаа как изиграа, ама нивната моментална незаинтересираност и ноншалантност не треба да го оспорува нивнио квалитет и место. секоо појава има причини, и врз секоо нешто има фактори шо влијаат да го променат... тај погооре шо кажа оти евра кој стигал го минал ме боцна директно у срцето... дај не говори без врска?!?!
И стварно ме интересира, колко народ од редовните членове на фан клубо играт дома фудбал менаџер? :helou:

Чомбе, брат, мислеш ли оти си интересен?
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.941
Поени од реакции
7.052

Jac.:helou:
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Вака сега... не го гледав првото полувреме (бидејќи играв утакмица) и незнам што и како било, но по вашите реакции гледам дека не ни бил досуден гол и пенал врз Керик, а и дека ВДС бил одличен...

Второ полувреме го гледав и имаше некаде 10-15 минути каде само Манчестер Јунајтед напаѓаше, но не успеавме да дадеме гол... Бербата денеска слабо, се влечеше по теренот, Сколс, Гигс и Керик како да играа против Хал, а не против Ливерпул... Евра добар денеска, а Рио колку што видов, тој беше ако може така да се нарече крив за голот, прво не испадна на време, а второ и не успеа да го стигне Торес и да му ја земе топката... Видиќ просечен и заслужи црвен картон... О'Ши-играч што и не се очекува некоја голема работа да заврши, но одигра солидно...

За прво полувреме незнам, но во второ полувреме судијата повеќе беше наклонет кон Манчестер Јунајтед, реално... е само да кажам дека тоа е директен црвен картон кога Карагер стартуваше врз Мајкл Овен...

Тоа е тоа идеме напред...:smir:
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Во врска со сите претходни постови, јас само во едно се согласувам, а тоа е дека самите сме виновни за поразот. Инаку не е време да коментираме кој треба а кој не треба да игра во Манчестер (не е дискусија за преоден рок) туку кој денес слабо изигра. Прочитав разни и тоа контрадикторни изјави. Само не знам зошто никој не си зема за право да признае дека стриот Ферги можеби ни остарел. Знаете во светот затоа се дава пензија. Грешел Бербатов. Точно, грешел и тоа уште од 5-та минута. Ама да не сакате Бербатов сам да излези надвор, па да му речи на Овен: "Мајкл ајде влези поиграј, јас сум слаб денес" :). Ферги е тој што треба да го менува она што не оди. Но да го менува на време, а не во 70 минута, па после Овен бил слаб или незнам што. Не ми е јасно како Сколс ви се виде слаб па дури и најслаб, кога едино тој милиметрски прецизно додаваше топки. Е сега добро имаше и една грешка, (и тој е човек, не е робот) но за среќа таа грешка не не чинеше гол. Керик многу незабележителен, а Руни психички деконцентриран и неспремен. Па добро не мора и Руни секој натпревар да го игра, итој е човек нека се одмори и нека се стбилизира. Гигс не дека беше слаб, но не блескаше како на неколку претходни натпревари. Мене Васленсија денес не ме воодушеви баш најмногу. Не беше многу забележителен, а и таа една шанса што ја имаше, и во неа покажа себичност исто како и во предходните неколку натпревари. Сеуште човекот не можи да свати дека игра за Јунајтед каде што не е важно кој ќе даде гол. Важно е Манчестер Јунајтед да даде гол. Не ми е јасно како тоа "кој ќе стигни, Евра го поминува". Можеби не беше нешто посебен денес Евра како друг пат, но не може ни најмалку да се каже дека беше слаб или виновен за некој гол или поразот. Добро Фердинанд треба да се врати во колосек, очигледно побавно тоа му оди, но тоа е жртва од една повреда. Не е лесно да си повреден и да отсуствуваш. Како можеше Ферги да го стави Нани место Сколс. Зошто ни се три крила? Ако се засилува нападот, можеше да влези трет напаѓач. Не би го нападнал ниту Нани ниту Овен, тие се "жртва" на денешната тактика и работа на Ферги. Што сакате вие да ви покажат и едниот и другиот кога влегуваат во 70 минута. Па не се тие магионичари. Ако веќе се реши Ферги Сколс да го вади можеше Андерсон да го стави. Сепак јас мислам дека не е цела вина во играчите и искрено речено ме плаши Ферги со неговите постапки. Се надевам дека не сум во право за ова. Можеби било и лош ден но не беше тоа пресудно за поразот. Можеби и судијата малку не оштети со пеналот врз Керик, со непокажувањето на црвен на Карагер за стартот врз Овен, со покажувањето за џабе жолт на Евра затоа што Торес одлично одглуми, но сепак не треба да кажеме дека изгубивме заради судијата. Едно е сигурно , а тоа е дека не изгубивме заради тоа што Ливерпул е којзнае колку силен или кој знае како изигра денес. Се што наведов погоре можеби по малку влијае за поразот, но мислам најмногу заради некои потези на Ферги. Со многу тешко срце го напаѓам стариот лисец, ме болат овие реченици што ги пишувам но треба да бидеме реални и да си признаеме. Ова нека ни биде поука за во иднина, а вие сепак сватете го како "лош ден".
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Знаев дека ќе биде тежок натпревар со оглед на тоа дека Ливерпул мораше да оди на победа и беа максимално мотивирани. Последниве 2 сезони нивната брза и агресивна игра едноставно не му одговара на Манчестер.

Е сега каде го гледам јас проблемот против екипите од големата 4ка.
Гигс е одличен за своите години, исто така и Сколс сеуште има што да покаже, но претежно против послабите екипи. Ливерпул пред се, а и Арсенал и Челзи се физички посилни екипи, многу трчаат и во вакви дуели Сколс и Гигс не можат да го следат темпото па затоа средниот ред е инфериорен. На вакви дуели многу поважни се играчи како Флечер и Андерсон кои сакаат физички контакт, многу трчаат и се трудат.

Овен ми делуваше мотивирано и можеби нападот со него ќе беше поопасен него мрзливион Бербатов.

Во одбраната имаше неколку евтини киксови кои не смеат да се случуваат на вакви дуели.

Се на се реален пораз (иако и нерешен резултат немаше да биде незаслужен) но далеку е од крај на светот. Сепак мислам дека во зимскиот преоден рок потребен е уште еден цврст играч од средината, а не би било лошо да се донесе и некој врвен плејмејкер, играч од потег.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.941
Поени од реакции
7.052
Во врска со сите претходни постови, јас само во едно се согласувам, а тоа е дека самите сме виновни за поразот. Инаку не е време да коментираме кој треба а кој не треба да игра во Манчестер (не е дискусија за преоден рок) туку кој денес слабо изигра. Прочитав разни и тоа контрадикторни изјави. Само не знам зошто никој не си зема за право да признае дека стриот Ферги можеби ни остарел. Знаете во светот затоа се дава пензија. Грешел Бербатов. Точно, грешел и тоа уште од 5-та минута. Ама да не сакате Бербатов сам да излези надвор, па да му речи на Овен: "Мајкл ајде влези поиграј, јас сум слаб денес" :). Ферги е тој што треба да го менува она што не оди. Но да го менува на време, а не во 70 минута, па после Овен бил слаб или незнам што. Не ми е јасно како Сколс ви се виде слаб па дури и најслаб, кога едино тој милиметрски прецизно додаваше топки. Е сега добро имаше и една грешка, (и тој е човек, не е робот) но за среќа таа грешка не не чинеше гол. Керик многу незабележителен, а Руни психички деконцентриран и неспремен. Па добро не мора и Руни секој натпревар да го игра, итој е човек нека се одмори и нека се стбилизира. Гигс не дека беше слаб, но не блескаше како на неколку претходни натпревари. Мене Васленсија денес не ме воодушеви баш најмногу. Не беше многу забележителен, а и таа една шанса што ја имаше, и во неа покажа себичност исто како и во предходните неколку натпревари. Сеуште човекот не можи да свати дека игра за Јунајтед каде што не е важно кој ќе даде гол. Важно е Манчестер Јунајтед да даде гол. Не ми е јасно како тоа "кој ќе стигни, Евра го поминува". Можеби не беше нешто посебен денес Евра како друг пат, но не може ни најмалку да се каже дека беше слаб или виновен за некој гол или поразот. Добро Фердинанд треба да се врати во колосек, очигледно побавно тоа му оди, но тоа е жртва од една повреда. Не е лесно да си повреден и да отсуствуваш. Како можеше Ферги да го стави Нани место Сколс. Зошто ни се три крила? Ако се засилува нападот, можеше да влези трет напаѓач. Не би го нападнал ниту Нани ниту Овен, тие се "жртва" на денешната тактика и работа на Ферги. Што сакате вие да ви покажат и едниот и другиот кога влегуваат во 70 минута. Па не се тие магионичари. Ако веќе се реши Ферги Сколс да го вади можеше Андерсон да го стави. Сепак јас мислам дека не е цела вина во играчите и искрено речено ме плаши Ферги со неговите постапки. Се надевам дека не сум во право за ова. Можеби било и лош ден но не беше тоа пресудно за поразот. Можеби и судијата малку не оштети со пеналот врз Керик, со непокажувањето на црвен на Карагер за стартот врз Овен, со покажувањето за џабе жолт на Евра затоа што Торес одлично одглуми, но сепак не треба да кажеме дека изгубивме заради судијата. Едно е сигурно , а тоа е дека не изгубивме заради тоа што Ливерпул е којзнае колку силен или кој знае како изигра денес. Се што наведов погоре можеби по малку влијае за поразот, но мислам најмногу заради некои потези на Ферги. Со многу тешко срце го напаѓам стариот лисец, ме болат овие реченици што ги пишувам но треба да бидеме реални и да си признаеме. Ова нека ни биде поука за во иднина, а вие сепак сватете го како "лош ден".
Имаше еден на времето-се викаше Оле Гунар Солскјаер.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.844
Поени од реакции
11.502
Дефинитивно за дерби не ни се централните...со години е така :/
Кога ги гледам Карваљо и Тери гледам што немаат Видич и Рио, а тоа е пасија и концентрација за да не се прими гол. Не ги серам, само можеби е време Фергусон да размисли кого става во тим.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Ајде бе, ако имаме пораз и се критикува се живо и диво. Тресите глупости.
Видиќ и Рио точно е дека не се во најдобрата форма моментално, но лани сите викаа дека го имаме најдобриот штоперски тандем. Тери не го промаши пеналот кога освоиме ЛШ ?

„Статистичките податоци“ на Architect немат врска со реалноста. Фудбал не е само да се постигне гол, има и многу други елементи шо значат добра утакмица за играч.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Де бре луѓе, што сте толку смешни? Ќе изгуби Јунајтед и одма не знаете шо тресете.

@architect: добро бе човече, кога Берба некни имаше goal of the week ти свршуваше? Или ќе кажеш дека и тогаш не требаше да игра за Манчестер. Според тебе после финалето шо го загубивме од Барса сите треба да летаат од тимот така? Немој такви детски постови ве молам.

Лош ден. Не изиграа на потребното ниво. На Ливерпул очајно му требаше победа. Играа агресивно, мотивирано...ме нервираа шо на секој дуел паѓаа како пички и се им беше досудено. Очигледните фаули врз Манчестер беа прогледани низ прсти. Пенал врз Керик не досуди, фаули врз Бербатов, Валенсија нема, нели они од железо се направени. Се надевав дека ќе играат Флечер и Андерсон уште поодамна, али тоа е. Постигнаа гол, невнимание на Рио, и нормално ВДС нее Господ се да фати...Со оглед на играта и шансите и заслужено беше водството. Чекав подобрување во продолжение но продолжија да играат деконцентрирано. Не ги посакуваа бодовите колку што ги посакуваше Ливерпул. Се согласувам дека со екипите од големата 4ка ни треба физички поспремна средина. Сколс не може толку да чека пред да додаде, Гигс на негови години не може секој натпревар по 2 асистенции да прави не знам шо очекувате од него секој натпревар да го вади Манчестер? Па нека научат веќе еднаш помладите од него. Точно е дека Бербатов ја врати неговата опуштеност и незаинтересираност, ама не беше само тој кривица. И многу јасно тоа треба да го оцени Фергусон и тој да ги смени со Овен на пример. Затоа има и резервни напаѓачи нели?

Најмногу се изнервирав кога не беше доделен црвениот, чист како солза картон на Карагер. Тоа едноставно не смееше да се случи. На кој и да беше ќе дигнеше судијата црвен. Следствено, ќе беа Ливерпул набутани у нивинот шеснаесетник и силно ќе напаѓаше Јунајтед во преостанатите 8-9 минути. Нити Видич ќе добиеше црвен. нити ќе примевме втор гол. За тоа сум сигурен. Се надевам ќе видат каде згрешиле, па ќе му дадат 4 на Блекбурн.

И не плачете толку, на 2ра позиција сме. Дозволувате навивачите на Ливерпул да бидат посреќни од нас со 4 бода помалку? Ќе чекаме реванш, се надевам ние ќе одиграме максимално добро на Олд Трафорд, па да тепаме 3:0 како тогаш на Челзи. Поздрав.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom