Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
То е то. Според играта која ја прикажавме и повеќе од заслужен беше пораз.

Е сега ќе прокоментирам нешто за тимот кој го имаме.

Одбраната оваа сезона ни е 0 спрема онаа што ја имавме лани. Евра, кој лани беше еден од најдобрите леви бекови, оваа сезона кој стигна го поминува.
Видич е единствениот кој сеуште добро се држи, но разлика од лани и тој покажува послаби партии.
За Рио нема ни што да се зборува, засега е во никаква форма. Немаме добар денес бек. О'шеј е премногу несигурен како и Невил, а Рафаел е сеуште млад и нема многу искуство. Единствено мислам добро може да изигра Браун.

Средината, и таа оваа сезона не ни е нешто најдобра. Валенсија почнува да влегува во добра форма но само еден играч во форма е премалку. Флечер беше нашиот најдобар поединец во стартот на оваа сезона(штета што се повреди). Сколс се гледа дека годините го стигаат и ретко може да пружи добри партии. Керик и Андерсон и двајцата не се во добра форма. Ќе изиграат еден натпревар добро и после 3-4 натпревари ги нема. Истото важи и за Нани, но сепак можам да кажам дека тој е за нијанса подобар од нив двата. Гигс, нема што да зборувам за него едноставно е легенда, е сега не може и тој да игра на секоја утакмица. Парк и Харгривс се подолго повредени, така да ќе видиме што ќе биде со нив кога ќе се вратат.

Нападот е само Руни, Руни и Руни. Вејн одлично ја почна сезонава. Бербатов(едноставно не сакам ни името ни презимето да му го слушнам). Па дали овој човек вреди 30 милиони ? Претходната сезона малку видовме од него, па се очекуваше бум од него оваа сезона. А што прави тој ? Само седи по теренот и ништо не прави. Овен засега добро игра, но него не треба сеуште да му се суди не одигра 2-3 натпревари речиси. Мачеда и Велбек се сеуште млади за да може повеќе да се надеваме на нив. Искрено јас се надевам дека на Ферги ќе му дојде умот и дека во јануари ќе земе некој квалитен напаѓач на кој може да се надеваме, а за Димчо најдобро му е да го шитне.

Ете дечки толку од мене, се надевам дека ќе ја подобриме играта во наредните натпревари .
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.757
Поени од реакции
43.945
Изгубивме..:(:(:(:(:(

И тоа заслужено ни го брцнаа..Не создадовме ни една шанса,многу слабо игравме,а и добро не покриваа..Сами сме си криви што не знаевме да дадеме гол..Тоа е..Сеа мора победа на Сетмфорд Бриџ...ае поздрав..
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
11.557
Стварно не ве сфаќам зошто понекогаш не си признаете дека вие сте виновни за поразот.Едноставно изигравме подобро и победивме :toe:
П.С. Се надевам дека ова нема да биде сфатено како провокација :smir:
Тие што мислат дека изгубивме заради судијата се лажат.
Едноставно игравте подобро и заслужено победивте.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.937
Поени од реакции
7.050
Дечки реално го примивме нема што. Затоа и 1Х ја пишав оти веќе крајно време беше Лузерпул да тепа по сите тие порази. Имав некоја надеж за нерешено ама ништо. А Фердинанд дефинитивно треба да одмори малку на клупа. Да не беше неговиот пропуст можеби и ќе завршеше нерешено со што секако ќе бевме задоволни. Па добро бе мајка му Торес е тоа не е играчка треба посериозно да се чува. Па и она Видиќ веќе има комплекси од Торес. Трет натпревар како добива црвен против Ливерпул. Мислам дека натпреварот го реши уште нешто...врвниот напаѓач во името на Торес кој ние реално ГО НЕМАМЕ. Торес и Бербатов се како небо и земја.До лани тоа беше Роналдо а сега...:toe: Руни ја нема таа висина и брзина, но секако не ја оспорувам неговата сила и борбеност. Но сам не може, тоа е факт. Посебно во дерби натпреварите. Со Арсенал исто се мачевме и тоа дома, не спаси пеналот и автоголот на Диаби. И денес еве губиме. Против екипите од вториот ешалон (Тотенхем, Сити, Евертон, Вила...) можда и се освојуваат бодови со тимската игра впрочем како што беше досега ама против Ливерпул и особено против еден Челзи од кој многу ми е страв оваа сезона тешко ќе биде. Сепак да се надеваме дека конкурентите ќе киксираат со помалите екипи, а ние таму ќе бидеме најдобри и на крај на сезона пак ние ќе се радуваме. Не е крај не е ништо готово, од поразов треба да се извлечат поуки и можеби да се поткупи уште нешто во Јануари.

П.С. Нани веќе не можам да го гледам ни на клупа. Не знам што уште се надева некој на него. Тој е промашена ивестиција. На негови години Роналдо партали правеше. Нека го продава Ферги и нека зема некое асално лево крило оти Гигс не може цела сезона да игра во висок ритам.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Тие што мислат дека изгубивме заради судијата се лажат.
Едноставно игравте подобро и заслужено победивте.
Точно. Во секој случај нема таква екипа што никад не изгубила од конкурентот, нели?
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.094
Поени од реакции
1.656
Manchester United boss Sir Alex Ferguson: "All in all Liverpool were the better team, had the better chances and I've got no complaints."
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.937
Поени од реакции
7.050
Стварно не ве сфаќам зошто понекогаш не си признаете дека вие сте виновни за поразот.Едноставно изигравме подобро и победивме :toe:
П.С. Се надевам дека ова нема да биде сфатено како провокација :smir:
Па дечко ако не ги прочита претходните страници скоро 95 % се согласуваат дека поразот ни е заслужен. Ајде мрш сега!
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.819
Поени од реакции
21.584
Нема зборови што би го опишале ова што го гледав денес, но сепак ќе се обидам да дадам моја анализа на утакмицава !!!

1. Руни , по дефолт кога е дерби во прашање го нема никаде, иако може би недоволно опоравен 2/10

2. Бербатов... нема што да се каже за човеков, освен тоа дека НЕ ГО БИВА... 0/10

3. Валенсија, беше ок и само него би му дал преодна оцена да речеме (со ВДС) 6/10

4. Нани, човекот едноставно како Бербатов, не го бива, и незнам уште колку сезони ќе го форсира Ферги дур установи дека едноставно човекот нема талент за фудбал. 0/10

5. Керик... ДРВО... 0 акции, 0 проигрувања , 0 успешни пасови. 1/10

6. Сколс . не ни знаев дека игра 0/10

7. Гигс беше да речеме просечно добар , но сепак и он се изгуби 4/10

8. Евра . може би недоволно опоравен, едноставно не постоеја пробивите кои знае да ги направи по левата страна. 5/10

9. Видич. пополека ја губи формата која ја имаше во минатите сезони 4/10

10. Фердинанд. недоволно опоравен, и виновник за голот што го постинга торес. Прво не се повлече во 100 ситуации навреме за офсајд позиција, и торес успеа да го надтрча со топка и да постигне гол. -10/10

11. Ошеј... онака просечно добар. ама место за просечни играчи не би требало да има во екипа како манчестер. играч кој би требало во ситуации да превземе одговорност, тотално се губи. 5/10

12. Ван Дер Сар... да не беше он утакмицава ќе беше одамна завршена. 8/10

Фергуснон. До кога ќе форсира дебили во прва постава. Бербатов ако направи 1 добар потег во цела сезона не значи дека заслужува да игра во прв тим и воопшто за манчестер. Нани , човекот нема талент. Андерсон е НАЈГОЛЕМАТА грешка на фергусон во оваа утакмица. НЕ СМЕЕ и НЕ ТРЕБА Андерсон да грее клупа или па други да бидат замена за него. НЕ СМЕЕ . Измените направени во 80 минута зборат за тоа кој и зашто изгуби -100/10
 

ViktorRedDEvil

Red Army
Член од
10 октомври 2009
Мислења
383
Поени од реакции
8
Nema sto da se kritikuva timot i igracite mora eden da pobedi.
Los den za manchester.Fergi edinstveno zgresi so Berbatov i skols drugoto bese OK.
Navistina nemaa igra no i premnogu ke bese da gi pobedime liverpool na niven teren.
Treba da go zaboravime natprevarot i da se fokusirame za idninata.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.757
Поени од реакции
43.945
Иначе едно поздравче до тие шо ги влажнат гаќичките на секој наш пораз:



:bip:
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.819
Поени од реакции
21.584
Nema sto da se kritikuva timot i igracite mora eden da pobedi.
Los den za manchester.Fergi edinstveno zgresi so Berbatov i skols drugoto bese OK.
Navistina nemaa igra no i premnogu ke bese da gi pobedime liverpool na niven teren.
Treba da go zaboravime natprevarot i da se fokusirame za idninata.
која иднина??? Бербатов и манчестер имаат една иднина и тоа црна!!!
 

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Дечки реално го примивме нема што. Затоа и 1Х ја пишав оти веќе крајно време беше Лузерпул да тепа по сите тие порази. Имав некоја надеж за нерешено ама ништо.
Колку си само мизерен човеку, дај угаснија таа пуста желба да бидеш најинтересен човек на светов.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.604
Поени од реакции
6.390
Заслужена победа на ливерпул,не создадовме ни една сериозна шанса со исклучок пречката на валенсија :toe:

Нема зборови што би го опишале ова што го гледав денес, но сепак ќе се обидам да дадам моја анализа на утакмицава !!!

1. Руни , по дефолт кога е дерби во прашање го нема никаде, иако може би недоволно опоравен 2/10

2. Бербатов... нема што да се каже за човеков, освен тоа дека НЕ ГО БИВА... 0/10

3. Валенсија, беше ок и само него би му дал преодна оцена да речеме (со ВДС) 6/10

4. Нани, човекот едноставно како Бербатов, не го бива, и незнам уште колку сезони ќе го форсира Ферги дур установи дека едноставно човекот нема талент за фудбал. 0/10

5. Керик... ДРВО... 0 акции, 0 проигрувања , 0 успешни пасови. 1/10

6. Сколс . не ни знаев дека игра 0/10

7. Гигс беше да речеме просечно добар , но сепак и он се изгуби 4/10

8. Евра . може би недоволно опоравен, едноставно не постоеја пробивите кои знае да ги направи по левата страна. 5/10

9. Видич. пополека ја губи формата која ја имаше во минатите сезони 4/10

10. Фердинанд. недоволно опоравен, и виновник за голот што го постинга торес. Прво не се повлече во 100 ситуации навреме за офсајд позиција, и торес успеа да го надтрча со топка и да постигне гол. -10/10

11. Ошеј... онака просечно добар. ама место за просечни играчи не би требало да има во екипа како манчестер. играч кој би требало во ситуации да превземе одговорност, тотално се губи. 5/10

12. Ван Дер Сар... да не беше он утакмицава ќе беше одамна завршена. 8/10

Фергуснон. До кога ќе форсира дебили во прва постава. Бербатов ако направи 1 добар потег во цела сезона не значи дека заслужува да игра во прв тим и воопшто за манчестер. Нани , човекот нема талент. Андерсон е НАЈГОЛЕМАТА грешка на фергусон во оваа утакмица. НЕ СМЕЕ и НЕ ТРЕБА Андерсон да грее клупа или па други да бидат замена за него. НЕ СМЕЕ . Измените направени во 80 минута зборат за тоа кој и зашто изгуби -100/10
не мора да навиваш за јунајтед :helou:
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.819
Поени од реакции
21.584
Заслужена победа на ливерпул,не создадовме ни една сериозна шанса со исклучок пречката на валенсија :toe:



не мора да навиваш за јунајтед :helou:

Ај препрочитај што сум напишал прво .. може?

Ако фактите болат и сакаш да ги игнорираш , тоа не е мој проблем!!!

Иначе да не го сакаш Бебатов за туршија, зашто само за тоа го бива!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom