Во врска со сите претходни постови, јас само во едно се согласувам, а тоа е дека самите сме виновни за поразот. Инаку не е време да коментираме кој треба а кој не треба да игра во Манчестер (не е дискусија за преоден рок) туку кој денес слабо изигра. Прочитав разни и тоа контрадикторни изјави. Само не знам зошто никој не си зема за право да признае дека стриот Ферги можеби ни остарел. Знаете во светот затоа се дава пензија. Грешел Бербатов. Точно, грешел и тоа уште од 5-та минута. Ама да не сакате Бербатов сам да излези надвор, па да му речи на Овен: "Мајкл ајде влези поиграј, јас сум слаб денес"
. Ферги е тој што треба да го менува она што не оди. Но да го менува на време, а не во 70 минута, па после Овен бил слаб или незнам што. Не ми е јасно како Сколс ви се виде слаб па дури и најслаб, кога едино тој милиметрски прецизно додаваше топки. Е сега добро имаше и една грешка, (и тој е човек, не е робот) но за среќа таа грешка не не чинеше гол. Керик многу незабележителен, а Руни психички деконцентриран и неспремен. Па добро не мора и Руни секој натпревар да го игра, итој е човек нека се одмори и нека се стбилизира. Гигс не дека беше слаб, но не блескаше како на неколку претходни натпревари. Мене Васленсија денес не ме воодушеви баш најмногу. Не беше многу забележителен, а и таа една шанса што ја имаше, и во неа покажа себичност исто како и во предходните неколку натпревари. Сеуште човекот не можи да свати дека игра за Јунајтед каде што не е важно кој ќе даде гол. Важно е Манчестер Јунајтед да даде гол. Не ми е јасно како тоа "кој ќе стигни, Евра го поминува". Можеби не беше нешто посебен денес Евра како друг пат, но не може ни најмалку да се каже дека беше слаб или виновен за некој гол или поразот. Добро Фердинанд треба да се врати во колосек, очигледно побавно тоа му оди, но тоа е жртва од една повреда. Не е лесно да си повреден и да отсуствуваш. Како можеше Ферги да го стави Нани место Сколс. Зошто ни се три крила? Ако се засилува нападот, можеше да влези трет напаѓач. Не би го нападнал ниту Нани ниту Овен, тие се "жртва" на денешната тактика и работа на Ферги. Што сакате вие да ви покажат и едниот и другиот кога влегуваат во 70 минута.
Па не се тие магионичари. Ако веќе се реши Ферги Сколс да го вади можеше Андерсон да го стави. Сепак јас мислам дека не е цела вина во играчите и искрено речено ме плаши Ферги со неговите постапки. Се надевам дека не сум во право за ова. Можеби било и лош ден но не беше тоа пресудно за поразот. Можеби и судијата малку не оштети со пеналот врз Керик, со непокажувањето на црвен на Карагер за стартот врз Овен, со покажувањето за џабе жолт на Евра затоа што Торес одлично одглуми, но сепак не треба да кажеме дека изгубивме заради судијата. Едно е сигурно , а тоа е дека не изгубивме заради тоа што Ливерпул е којзнае колку силен или кој знае како изигра денес. Се што наведов погоре можеби по малку влијае за поразот, но мислам најмногу заради некои потези на Ферги. Со многу тешко срце го напаѓам стариот лисец, ме болат овие реченици што ги пишувам но треба да бидеме реални и да си признаеме. Ова нека ни биде поука за во иднина, а вие сепак сватете го како "лош ден".