Нека ни е честита победата и повторното враќање таму каде што ни е местото, а тоа е првото место на табелата. Иако без неколку првотимци, сепак добра игра со доста шанси од кои две се искористија. Очигледна е разликата во играта и моралот со враќањето на Ван Дер Сар иако прими гол. Гледам сите сте малку незадоволни бидејќи сепак примивме гол, но јас сум задоволен бидејќи секој удар на голот не беше гол, туку само еден влезе, а тоа е важно за да не се добие психичка дестабилизација. Добро е кога даваме голови, па и еден да примиме не ни влијае на бодовите. Лош играч не би можел да издвојам, Овен да го пофалам, се повеќе "влегува во колосек", имаше неколку добри додавања, а и првиот гол (иако е автогол), тоа е негова заслуга. Се надевам дека крајната прецизност ќе ја подобри со текот на наредните натпревари и ќе има поголем процент на реализирани удари на голот. Бербатов е за пофалба, оваа година си ги оправдува средствата. Одлични асистенции иако понекогаш може и на гол да шутира

, би бил и поопасен, но добар е штом е колективен, тоа е и шемата на Јунајтед. Валенсија малку би го искритикувал иако даде феноменален гол, секоја чест за тоа. Критиките се заради отсуството на колегијалност. На неколку пати во чисти прилики за гол не асисистираше туку сам сакаше да се прослави. Се надевам Ферги ќе реагира тука заради поголема ефикасност. А како крило е супер, и премногу влијае на нападот.
Во пресрет на дуелот со ЦСКА премногу проблеми заради повреди, породувања

, и заради потребно тактизирање со чување на играчи за мечот со Ливерпул. Но да се надеваме на поволен резултат. Нека е со среќа и се надевам конечно ќе го видиме и Манчестер Јунајтед на Канал 5.