Не бе пријатела ние само пукаме во празно ко ќор-фишеци.Него тие што ги избиравме да не водат и кој не водеа 12 г.не направија лузери.Погоре ја спомнав нивната политика на попустливост и ајде ќе си земам за право малце да бидам послободен за еден пример.Знаеш каква е политикава што ја спомнувам?Кога некоја ќе разебеш па како ти иде ќе пробуваш денес вака,па утре онака па завртисе вака па ај сега пак онака, е тоа е и со нас.Но еве има луѓе што ја бранат таа политика(реален 07).Но добро е што се со 5% поддршка.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Затоа велам, да не остануваме робови на нивната кобна политика.
Да ги повикаме на одгворност, да ги разобличиме до последно нивните минати штетни чекори...и да надминеме. Да ја надминеме таа лузерска политика и тој лузерски мајндсет.
Така е Струмикс.
Ете дури и јас, иако не спаѓам во форумската група на патриоти, можам секој ден да го повторувам ова по 10 пати.
Можам дури и на потпис да го ставам
И точно е дека секој чесен Македонец треба да го има тој став.
Но.
Секој паметен Македонец треба да размислува и за иднината на својот народ и својата држава.
Ете гледаш и трн размислува како тебе.
Него му е најбитно старото знаме да се врати.
А гарант давам дека нема ни размислено, дали (доколку државава се води по неговите насоки и ставови изразени на форумов), после десет години, ќе има тоа знаме кој да го вее.
Но тоа и не е толку битно.
Најбитно е сега знамето да се врати.
Епа јуриш патриоти.
Вратете го знамето.
Имате пастир.
Имате подршка.
Имате иницијатива.
Повелете.
Значи ли тоа дека во наредните 5 години нема да има никаков компромис со грција кој ќе резултира со промена на името ?
На твоето прашање имаш одговор погоре.
Него ја со тебе би околу нешто друго :wink:
Прво прашање:
Од кога прашањето околу името за тебе е забава ?
Второ прашање:
Дали мислиш дека ставовите на Иванов околу името, во наредните 5 години ќе останат непроменети ?
Убедена сум дека на Трн, односно сите кои делиме сличен резон по тоа прашање, не ни е дојдено само до знамето, туку го земаме како симбол на уште едно нешто од кое беспотребно сме се откажале.
И се прашуваме зошто тогаш, и зошто сеуште?
А, ако дојдеме до делот кај што фактички го враќаме она бесправно одзементо...е тек тогаш ќе има кој да ги вее и носи тие симболи.
Но, доколку продолжиме со трендот на откажување, ќе стигнеме до дереџе да се откажеме сами од себе. Ланчана реакција.
Инаку, сигурно не алудирав на тоа дека дискусијата за името е нешто забавно и релаксирачко.
Ставовите на Иванов за 5 години, пак...Само Господ ги знае.
Не поставувај илузорни прашања.