Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Кажав малу погоре - урбани поенти. Не е потребно да бидат убави, туку карактеристични, препознатливи. И навистина, доколку би бил власт, и јас не би да брцам у џеб за ова...а би да постојат. Е, како? Еми, во метрополите, каде постојат уметнички академии, надарените студенти-вајари работат, и нивните прогресивни дела, им ги подаруваат на градот. И, оп - ем младите влегуваат на голема порта во уметноста и пропагираат авантгарда, ем градот побогат. Ала смо ми далеко од то...
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ги видов девојчето, шмизлата и мачката.

Тоа девојчето го ставиле баш на пешачки, да не мојт чоек да го видит ко шо требит. Ако сакаш да му се восхитуваш требит да застаниш на сред улица и да те соберит некоја кола, или одстрана да го ѕиркаш.

Шмизлата стварно можеле тро пуба да ја напрает, за мачката незнам шо да речам, нејќам мачки :pos:

И кај се тие вљубените уствари?

Иначе, добра идеја во секој случај :)
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
И глупавите битолчанки одма отворија група на фејсбук, сакаме статуа ПУФЛА на сред Корзо. А повод за таков потег, пари од буџетот, нити пак скулптор кој пријавил таков проект нема. Важно да ископираме од другите и да ја ставиме статуата веднаш до онаа на Филип. Кој контраст, празноглава статуа како таа битолчанката што ја покренала иницијативата и еден од најголемите македонски војсководци веднаш до неа.


Macedonia. Timeless
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Страндардно влада замајава народ со скулптури,мегаломански проекти (такозвани "џиреви" на плоштадот), двоспратни автобуси и сл.

Потрошените ресурси за поставување на скулптури можеле поинаку и подобро и подомаќински да се искористат....

Санација на улици и пешачки патеки...
Нови зелени површини....
Трамвај....
Метро....
Повеќе паркинг места особено во центарот на градот....
и слични ствари....:pos:
Идеата е добра само мислам дека не е соодветен момент за козметика ...
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Склуптурите се хорор:nesum:, мене ниту една не ми се допаѓа но ова им е видено од некоја друга земја и одат по нивниот пример. Ако сакале да модернизираат можеле да направат нешто друго:toe: ,со склуптури и споменици веќе претеруваат и мене тоа не ми изгледа на модернизирање но добро тоа е мое мислење и стварно ми е старомодно ова.
 

InAnA

biAtch.
Член од
7 октомври 2007
Мислења
72
Поени од реакции
3
ако веќе решиле да праат метропола од Скопје со споменици и скулптури, нека постават уметнички издржани творби..

п.с. мислам дека и ја утнале локацијата..
можеле пред ЈБТ да ја постават
(барем ќе имаше некоја логика..)
:pipi:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
ИНТЕРВЈУ СО ВАЈАРОТ ДИМИТАР ФИЛИПОВСКИ, АВТОР НА СКУЛПТУРАТА КОЈА ГИ РАЗДВИЖИ СКОПЈАНИ

Шмизлата - еротична, упадлива и препознатлива


Веднаш по поставувањето на улицата Македонија, скулптурата Шмизла предизвика бурни реакции кај скопјани. Според едни топ, според други кич, и за едните и за другите - провокативно дело, кое нема да ве остави рамнодушни...
Шмизла е субкултурен поим кој се обнароди со голема брзина во последниве десетина години. Тој не постои како збор во литературниот јазик. Шмизла е сленг. Шмизли се оние што глумат гламур, но во евтин и простачки кожурец. Некои под шмизла подразбираат нешто друго, а некои воопшто ништо... па веројатно и од таа категорија на граѓани доаѓаат и оценките дека скулптурата Шмизла е кич. Како и да е, интересно ми е да го набљудувам сето ова што се случува со и околу скулптурата. Инаку, ваков вид на скулптури се среќаваат по европските големи градови. Кој бил и видел може да зборува за скулптура на двајца старци што седат на клупа, келнерка со послужавник во рака, човек што врзува врвки на чевлите... шмизла што шета и се јавува на мобилен на друга шмизла за да и каже што си купила...

Зошто токму шмизла? Од каде идеја да конкурирате токму со ваква скулптура?
Идејата за шмизла, едноставно, се роди кај мене додека размислував каква скулптура би поминала на овој конкурс и што е тоа што треба да постигне овој проект на Министерството? Сфатив дека Скопје треба да има препознатлива, упадлива скулптура со доза на еротика. Нешто што кога ќе влезе некој странски турист ќе го насмее, ќе се фотографира до него и кога ќе се врати дома ќе прераскажува каква скулптура видел во Скопје. Како што јас раскажував за човекот со чадор што го видов во Фиренца.

Министерството за култура најави поставување на вкупно 36 скулптури во Скопје...
Мислам дека потегот на Министерството беше добар, одличен. Факт е дека досега во Скопје немавме баш и некои, мали и симпатични скулптури кои нема да ве остават рамнодушен, освен Трубачите кои за жал ги украдоа. Затоа сметам дека Скопје навистина ќе добие еден нов, повесел и шармантен лик со овој проект на Министерството. Сега некој обвинува дека е ова кампањски, но добро е што конечно има почеток и шанси за повеќе автори, па наречете го кампањски или како сакате. Ќе посочам само еден пример. Во Софија, Академијата поставува по 10-ина скулптури од студенти годишно низ Софија и никому тоа не му смета. Овде, внимавајте, поставувањето на скулптурите го осудија и исплукаа без воопшто и да ги видат скулптурите. Тоа е момент кој упатува на други позадини... но нејсе, ќе пројде и тоа.
Воедно Вие и ги леете скулптурите. Која е границата - разликата меѓу вајарството и леењето?
Да, јас самиот ги леам скулптурите од бронза и многу сум горд на тоа. Порано сите уметници самите си ги лееле своите дела. Во мојата фамилија веќе 40 години е традицијата на леење на скулптури во бронза. Во нашата леарница е излеан и споменикот на светите Кирил и Методиј поставен во универзитетот, споменикот на г.г Доситеј, во Соборниот храм, и многу други. Процесот на лиење во бронза е многу тежок, бара многу прецизност, вештина, знаење. Имав среќа да се родам како син на голем мајстор-леар од кого и се научив. А за границата меѓу вајарството и леењето...
Па, види... кај нас под вајарство почнаа да се провлекуваат многу работи. Разни инсталации, објекти, кутии, жици и што уште не, се поистоветуваат со вајарство. Фигуративната, асоцијативната, па дури и апстрактната скулптура имаат многу врска со леењето. Тенка е линијата што спојува и раздвојува. Разликата е во тоа што во вајарството работите со глина и гипс претежно, а во лиењето со бронза. Она што ги спојува е дека за двете треба да имате вештина и да бидете подготвени на бескомпромисно жртвување во служба на уметноста.

Димитар Филиповски е роден 1975 во Скопје, каде 1998 завршил Факултет за ликовни уметности-вајарски оддел. Негови дела се скулптурите ,,Жена-пеперутка" во Струмица, ,,Дивокоза" во Маврово и ,,Рис" во Охрид, како и скулптурата ,,Сила" поставена на плоштадот во општина Сарај, сите од бронза. Филиповски има остварено студиски престој во Италија, кај познатиот италијански скулптор Винченцо Бјанки, а негова скулптура исклесана во камен има и во Италија во Червара ди Рома...
Стручно се усовршувал и во ателјето на академикот Томе Серафимовски, каде последниве 10 години работел на сите негови големи споменици. Моментално е професор во Средното уметничко училиште во Скопје.

извор

 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
За скулптурите во генерала ќе кажам можеле и подобро, а истото ќе кажам и за местата кај што ги поставеле. Еднаш ги барав не ги најдов другиот ден несакајќи ги забележав кај ги ставиле. Тоа како да ги кријат од јавноста, а не како да ги покажуваат.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Шмизлава ми e многу интересна, секоја чест на авторот за идејата. Можеби оваа необична скулптура ќе стане популарна во Скопје, па ќе викаме ај ќе се сретнеме "кај шмизлана".:pos2::pos2:
 

tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
А скулптурата на девојче на Рекорд на самиот пешачки?Ке се изначека зелено:pos2:
Ке мора да ја пренесеме од другата страна
Не брат, нема да дочека! Ко прво! Девојчето е стаено под агол од 70 степени и изгледа ко да сака да СЕ ЏИТНЕ ПРЕД КОЛА! Има фаца на налутен ГНОМ од ВОВ (WоW) и има ЧИЗМИ ПОЗАЈМЕНИ ОД ГУЛИВЕР!!! И ај сеа на врв на се тоа е стаено на ПЕШАЧКИ!!!!!
Не осврнувајќи се на материјалната страна, ваквите дела ги оправдувам, чисто поради разбивање на градската монотонија, која големите градови автоматски ја повлекуваат со самото свое развивање. Дали тоа ќе биде шмизла, куче на уличен столб, скејтер на шипка, чичко на клупа...оставам на тие, кои го отвориле таквиот конкурс. Но, тука само ќе се потрудам да објаснам - ова не се скулптури, понајмалку статуи. Да се разбереме: статуа е скулптурата на Мајка Тереза, на улица Македонија: поставена е во надчовечки раст, во нејзина карактеристична позиција и облека, и самата таа има цел на нејзиното поставување. Таа, покрај се останато, претставува И урбана поента (тоа е само еден дел од нејзините функции). Колку и да ми се лоши во моментов додека пишувам - друг ваков пример е и статуата на Скендер-Бег, пред влез на Скопска Чаршија...

Овде, во случајов, ние зборуваме за фигури, кои со својата карактеристичност, но не и индивидуалност, го потенцираат одреден градски простор, го анимираат „сувото“ движење на народот низ тие простори, и го оплеменуваат со, каква-таква уметност. Во поголемите светски градови, ваквите фигури се поставуваат стратешки - на мртви точки низ градовите, како со својата несекојдневност би ги оживеале истите. Ова кај нас, е еден обид да се направи тоа. Повторувам, не коментирам за нивото на креативност, при измислувањето на „Шмизла“.
Абе Кире се согласувам дека е убаво да се стаат такви работи, ама на рекорд ли бре? Или на улица Македонија си шетам нема да ја видам ко ќе се плеснам од неа има да ја искршам таму! Стаена е до тоа грмушките одма за да не ја види никој! Па нека праат фигури, ама нека им одберат соодветно место! Иначе девојчето на пешачкиот е ко од ЧЕРНОБИЛ!!!!! Кој знае може некој ден ќе стаат фигура од ТАКСИСТ или АВТОБУС РАСИПАН на сред рекорд па пројдете улица да ве видам! Или МАРИЦА ЏАНДАРСКА било каде! И онака има вистински џанраски марици дури и по јавни клозети се кријат! Чекај бе немавме ние јавни клозети! Уствари има ама ЗАКЛУЧЕНИ СЕ! И НА 2 МЕТРА ОД ТОА ЏАНДАРСКА КОЛА! Уствари џандарските коли ги има на 2 метра од се зашо на секои 2 метра има по една! Туку батали тоа не е тоа темата сеа да не дрвам за џандарите! (у курац ми тргна со дудлање годинава)

За Скендер бег и мене срце ме боли! ДА ГО СТААТ САНДЕ МАКЕДОНСКИ 30 МЕТРА ВИСОК! НА КОЊ! СО ЕДНА НОГА КРЕНАТА! (коњот не ацо)
ако веќе решиле да праат метропола од Скопје со споменици и скулптури, нека постават уметнички издржани творби..

п.с. мислам дека и ја утнале локацијата..
можеле пред ЈБТ да ја постават
(барем ќе имаше некоја логика..)
:pipi:
Е ова е ноу комент :) БРАВО! ГО ПОГОДИ Х) :pos2::pos2:

Е сеа значи да резимираме!

Идеја - Добра
Местоположба - ХАОТИЧНО КАТАСТРОФАЛНА И НЕЕСТЕТСКА! Требало на тротоар да ги стаат! (шо кењам па девојчето на тротоар е!!!!! Пардон, ГНОМОТ)
Се на се инвестиција - тапа

парите мене да ми ги даеле попаметно ќе сум ги потрошел!

ПС. мачката пред да ја отворат ја видовме со другарите онака покриена и мислевме бомба е!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Тешко на таа држава на која Шмизла и е поим кој ја претставува македонската девојка!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Тешко на таа држава на која Шмизла и е поим кој ја претставува македонската девојка!
Камон комон пипл, камо почит за авторската идеја и сатира? :)
Нејсе, целта е постигната, шмизлата е супер атрактивна.

*Ја смував вчера :back:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ПОСТАВЕНА НОВА СКУЛПТУРА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Човекот на вајарот Дамјан Ѓуров се трансформира во дрво


[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]На плоштад Македонија, веднаш до Камени мост, вчера беше промовирана скулптурата "Дрво" на младиот вајар Дамјан Ѓуров.
Скулптурата е изработена од мермер и бронза и висока е шест метри. Авторот Ѓуров рече дека му биле потребни шест месеци за да ја изработи и оти таа претставува човек - дрво, но дека може да има и повеќе концепти, односно како човекот се чувствува во природата, како ја доживува и како размислува за неа, како се спојува со природата.
"Секој може да си најде своја приказна во скулптурата, таа не мора да има само едно значење", рече Ѓуров.
Скулптурата "Дрво" е петта по ред која е поставена во централното градско подрачје, во рамки на проектот на Министерството за култура со кој е предвидено во центарот на Скопје да се постават 35 скулптури од 26 автори. Досега на улица Македонија и на Плоштадот беа поставени скулптурите "Шмизла" и "Заљубени" од Димитар Филиповски,"Девојче" од Грозданка Каникова и "Мачка" од Томе Аџиевски.
Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска рече дека во март ќе почне втората фаза од проектот за поставување скулптури во централното градско подрачје и оти тогаш на улица Македонија, кеј 13 Ноември и на Плоштадот ќе постават уште десетина скулптури.
"Се надевам дека скулптурите ќе му дадат едно посебно обележје на градот, и оти ќе станат негов препознатлив белег", рече министерката Канческа -Милевска

извор:Вест


:pos2::pos2::pos2::pos2:
Народот кука од немаштија,а власта си игра мајтап и поставува скулптури.:tapp::tapp: Си е*але мајката со избор на време за поставување скулптури.Како до сега не приметија дека на Скопје му недостигаат скулптури,туку им текна пред избори.Да се исперат пари за КАМПАЊА и пак да дојдат на власт:tapp: Да ти е*ам и ДПМНЕ и избори.


[/FONT]
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
ja sfaka li nekoj funkcijata na glupavive statui vo skopjevo smizlata e ... nemam komentar a ona devojceno na rekord izgleda kako da stoi tamu 3000 g
Јас ја сфаќам. Можеби погрешно, ама ја сфаќам. Инаку, слично на тебе, немам коментар за затворени умови како и за критичари без основа чија поента во негативната критика е само да се каже нешто, бидејќи со молчење не може да се докаже ничија интелигенција, но ни глупавост.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
супер е шмизлата на македонија, ко нова атракција во Скопјево, кога и да поминам гледам луѓе насобрани.
А до негде и реална слика, излезете навечер за викенд и статуата се губи од толку шмизли:pos2:
А кој си мисли дека во Скопјево нема девојки кои се облекуваат така да кога ќе ги видам особено во зима мене ми е ладно само од што ги гледам, девојки кои прават по 3000 денари на сметка на мобилен, и умираат за не знам ти какви наочари со кристали од сваровски се лаже:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom