Шмизлата е белег на Скопје? :nesvest: Па добро бе, покрај толку работи, шмизлата ли ја најде за ,,белег"? И ова можеби е уметност, не велам дека не е уметност. Денес се` е уметност. И липосукцијата е уметност (затоа што тој типот кога вадел сало правел движења со раката како да свири виолина, пази! :uvo
. И козметиката е уметност, се` е уметност! И после од толку многу што сме опкружени со ,,уметности" не знаеме да ја препознаеме вистинската... Оваа шмизла, дефинитивно не е. Да немаше светла, на луѓето што поминуваат во центар ќе требаше да им се плаќа бенифициран стаж за плашење. Да не зборувам за она искривеното девојче што стои таму кај МАТ... Ја величиме шмизлата, наместо да направиме споменик на Александар Македонски... Уште малку истата ќе достигне и ниво на цивилизациски бренд... Греотка...
Ако немате леб, јадете колачи...