Ако мислиш само на Земјава, како планета, не знам. Што се однесува до Вселената и се во неа, православната проценка е дека Вселената е стара цца 8 000 г., „мерено„ од Христа до Адам-ретроспективно, плус овие 2 000 г. од Христа до денес. Велам, се работи за проценка, не за догма или за егзактен податок. Јасно е дека во Писмото, времето не е мерено на ниту еден начин, освен посредно, преку имињата од одредени владетели, така да за православната Црква, вемето е минлива категорија и небитна за спасението, како крајна цел на овосветовниот живот.
Плус, должината од оние 6 дена во кои Творецот ја створи Вселената, не се точно „измерени„ и не можеме алгебарски да ги додадеме на овие 8 000 г. Во тие 8 000 г. не се вброени одредени членови на родословот Христов, кои со својот небогоугоден живот, не ни заслужиле да бидат вметнати во Писмото.
Јааааа, не било „и-ку„ туку „ај-кју„? Бреее, ме фати во незнаење. А дали е едното или другото, зависи како ги читаш: како латиница, читана на македонски или како англиска латиница, читана на англиски.
Понатаму.
Што се однесува до старогрчко-римските богови, треба да поднаучиш нешто и за нив па после тоа, ќе можеме да коментираме. Проста споредба меѓу било кој грчко-римски бог и Христа Бога, напросто самата води кон одговорот за тоа Кој е вистинскиот Бог!
Епа види, Мики... Води до единствениот заклучок дека твојот бог бил претекнат од поголем број други богови. Некои од нив биле поинтересни, некои подосадни, некои биле по љути (ко твојот бог у првиот дел) а некои помеки (како твојот бог во вториот дел од книгата), некои биле потолерантни, а некои многу брзоплети.
Христијанскиот бог е компилација (никејска) од сите овие.
А ти мислиш дека е прв.
Инаку, забелешката за IQ vs. EQ е од суштинска важност. Оние со висок IQ можат да се пофалат со јака математичко логичка интелигенција која можат, но не мораат да ја искористат во животот. Имањето висок IQ не е предуслов за успех и/или среќа во животот.
Оние луѓе со развиена Емоционална интелигенција (EQ) можат многу полесно да се снајдат во светот, да се разберат со луѓето и да сфатат како сме сите
различни. (а не исти, како што црквата тврди) Ако еден човек има развиено
И-Кју (EQ) ќе му треба малку време да сфати дека разновидноста на религиите укажува на тоа дека нема една конечна вистина (особено не својата религија) туку исти човечки мотиви кои се споделени од сите луѓе на планетава. Затоа, Мики, јас мислам дека ти не зборуваше за EQ, пошто ми е од дебатирањево со тебе очигледно јасно дека не ти е најсилна страна.
Извини што сум можеби груб, но емоционалната интелигенција се забележува по отвореноста на човекот да ја замисли и сфати гледната точка на соговорникот и соодветно да се прилагоди.
Ако некој вика едно е вистина и ништо не може да ме убеди во спротивното, тоа е затворен човек и затворен ум. Тука EQ е ниско. Мое мислење.