Донеле. Никој не ме лаже, туку зборувам од тоа што мој колега ми го кажа. Значи...ДОНЕЛЕ!...
Не плаќале за сместување, а работеле и втора работа. Тој и девојка му.
Всушност, што се замарам за некои што контрираат да им објаснувам
Еве ти една проста математика...
22 дена по 8 часа = 176 часа
176*8,25 =
1452
Втора работа
Сабота и недела по 8 часа и пон-петок по 4 часа = 36 часа
36*9 долари = 324
324*4 недели =
1296
1452+1296 = 2748
2748 - 500 долари за јадење и глупирање = 2248 месечно
2248*4месеци = $ 8992
Одбиј му данок на ова
Ете тоа е нивната математика...:smir:
Хех, ме потсеќаш на моите пресметки пред да заминам кога си правев и јас прости математики. Ама тука всушност е најбитно што ТИ не си била, туку ти кажале. Додека не отидеш да работиш и да видиш дали е баш така како што пишуваш, ќе слушнеш уште 300 чуда од разноразни фаци. Ретки се тие што не плаќаат смештај, ретки се тие што работат по толку саати: 12 саати пон-пет, плус по 8 саати сабота и недела и без деј оф? Со тоа темпо работеле 4 месеци? Браво. Одбиј му данок на ова, и одбиј секакви трошоци не само јадење, сигурно нема да работиш и леб и сол да јадеш, ќе излезеш некаде со друштво, ќе се напиеш нешто низ кафичите, гардероба нешто, технологија нешто, шетање ваму таму, хотел евентуално (еве на пример пред враќање летот ни беше од Њујорк па плативме хотел и прошетавме, нема сигурно у subway да дремеш како стаорец), така да трошоци "ситни" што нема ни да ги осетиш си има во Македонија, а не па таму. Стај и 3000 долара од прилика што си вложил и види дали е се според математиката
.
--- надополнето ---
Во сите агенции викаат дека ако сакаш повеќе пари да заработиш оди во Колорадо или Дакота.
Да бе, таму се парите. Друже, не слушај ни агенции ни никој, се е релативно, како ќе имаш среќа така. Нема некоја значителна разлика според мене во која држава ќе бидеш, ако ти се погоди и ако имаш среќа ќе поминеш добро па кај сака нека е. Иначе проста логика, како може агенциите да кажуваат каде се ваделе најмногу пари, па ако е така сите таму ќе трчаат, никој нема да прифаќа понуди од други места. Смешки. И патем, ти кажале шо толку се работи во тие две држави?
--- надополнето ---
Да се јавам и ја на темава
Планирам и ја летово да отидам у америка Арно ама... прво -
незнам како ке биде таму, шрва година ке ми биде како шо ке одам незнам дали ке се снајдам незнам шо работа да одберам како ке биде за смештај јадење пиење работно време едно друго... башка им викам на друштвово да дојде некој со мене ТАПА се.. никој несака да оди :\
Батали тој муабет на страна - едно ме мучи многу. -
незнам на кое ниво ми е англискиов и тука ептен сум у заблуда пшто нели сепак бирање на работно место ти зависи од нивото колку знаеш англиски. прашував по агенцииве како одат работите што се работи како се плаќа горе доле ми објаснија ми дадоа понуди за работни места ми кажаа што документи се потребни ама стварно незнам со англискиов.. не е да сум дупка дупкосана па да незнам да отворам уста мислам знам да се разберам со човек да го сватам да му одговорам ама ја сам за себе не сум сигурен - се плашам дека ке се здткам со некој таму некаде па нема да можам ни да гукнам не од друго туку од трема
Океј сеа има некои зборови шо не ги знам има и некои шо прв пат ги слушам али....
дајте некој нека размени некое искуство или ако имал некој ваков сличен проблем ко мојов нека ми каже како си го решил пошо ја сам не наоѓам решение!
Буквално секој го поминал тоа. Не можеш ништо да знаеш додека не го почнеш првиот работен ден. И јас си викав, не дај Боже да ме стават да работам директно со луѓе, у смисла да продаваш нешто ова она, и кога стигнав таму наместо у хотелот каде што наводно требаше, јас работев во Groceries Store
(фамилијарен бизнис јебига), и кога ми доаѓаа туристи по милијарда на ден и пијани и секакви, да видиш како ќе се снаоѓаш
. Производите милијарда не им ги ни знаеш кое што е и каде е, и ќе се избаци некоја фуфа ќе те праша кај имаш отварач за вино :pos2:. Се ќе ти стане моментална инспирација и нема да се замараш како што сега се замараш. Имаше дупки со англискиот и таму кај што бев, ептен слаби, па пак работеа, работодавците го имаат тоа у предвид, така да нема шо да се секираш. Ти помини у амбасадата, за другото не бери гајле...
--- надополнето ---
ај да прашам некој ако работел во охајо дали има state tax i fed tax или само fed е? ако се двата колку зимаат од плата... на пример на 700 долари неделна колку би скинале...али процентуално е болје за да си израчунам што како! фала
Ги има и двете, е сега процентуално колку се појма неам, не ми се при рака чековите
. Да речеме не некои чекови што имав 380-400 долара кеш, имаше околу 80 долари за двете такси. Одбиено ми беше 50че за смештај, сето тоа неделно. Е сега пресметај таму како му иде
.
--- надополнето ---
аха,а колку те чинеше се вкупно,мене ми рекоа дека вкупните трошоци се 200 УС долари,и како беше задоволен од работата што ти ја најдоа (дали беше според твоите барања)
Вкупно ме чинеше некаде околу 2200-2300 долари (на памет зборам), плус џепарац што ќе си земеш. Од работата сум задоволен, моите барања и не беа нешто специфични, па и подобро ми излезе отколку хаускипинг да ме ставеа на пример
. Најмногу сум задоволен што ме плаќаа прекувремено, од студентите што ги познавав таму никој не зимаше екстра за прекувремено, туку се тепаа за втора работа, а јас си пиев пивце навечер
.
--- надополнето ---
Значи најпаметно да барам работа во хотел, со вклчуен бар 1 оброк
И да барам waitress/busser или сл, а?
И заборавив и за интернет да прашам... Гледам не пишува сегде дека има вклучено... Ако не пишува значи дека нема? И ми кажаа дека има скоро сегде wireless, па не е проблем и да немам кај што сум сместена. Вистина е?
И кажи ми ти со која агенција беше? И како си задоволна?
Според мене и најпаметно ти е тоа. Или бар еден оброк ќе си имаш или ќе имаш попусти на некои јадења, и пиење цел ден без пари и кафиња колку ти душа сака. Ако фатиш waitress си топ, сестра ми и девојка ми така, почнаа хаускипинг неколку дена, после оп изненадување, вие ќе бидете во ресторанот од хотелот што е. Се здробија од типсови, повеќе пари вадеа и од мене што работев дека дека потешка работа, а си седеа на климитазирано по цел ден, си пиеја, си јадеа и никој не им мрчеше над глава.