Work and travel USA

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Прашав во другата ваква тема( Работа и патување во Америка (USA) за време на летниот период!) ама ќе прашам и тука,

Дали некој има одено преку Viking агенцијата? Ако да, дали сте задоволни и ако може подетален да биде одговорот. Фала.

http://www.vikingtravel.mk/?lang=mk
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
ако и бил по курсеви (знаеш да склопиш реченици), гледаш филмови без превод и се разбираш значи дека се разбираш што то зборат освен некое зборче чат пат...башка на програмава сите работодавци знаат дека треба да бидат трпеливи...не ти зборат 300 на саат да неможеш да разбираш... јас имав проблем летово еден од работниците како супервизор што беше збореше со soutern акцент, они разбери се да те видам али за недела дена фрки немав...а самите американци не го разбираат... имав другар со мене на почетокот не му се збореше ни во продавница да купи сокче...на крајот само он збореше...башка ќе се опуштиш нема да се замараш со ништо и ќе зборуваш повеќе и повеќе...на крај краева па и они нека научат малце мкд :D

--- надополнето ---

хммм не дека сакам да останам али ме интересира дека секој кажува некоја смешна сторија и ме интересираше... не е поентата да се оженам или слично...мислев работната виза да си ја продужувам на пример ми истекува во септеври и да ја продужам за 6 месеци нешто у тој стил...а за женење неаме војна тука па да бегаме :D знам нешто фори имало да те пријават ко демек неможат таков работник да најдат во уса мнг е тешко па им требаш...во пекари,и ресторани... и слично
по курсови и такви работи неам одено а за филмчиња без превод горе доле разбирам. не ми е проблем толку англискиот колку што е проблем коа некој ке почне брзо да ми збори. е тогаш оди па свати го! баш тоа е главната точка на мојот проблем!!!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ако и бил по курсеви (знаеш да склопиш реченици), гледаш филмови без превод и се разбираш значи дека се разбираш што то зборат освен некое зборче чат пат...башка на програмава сите работодавци знаат дека треба да бидат трпеливи...не ти зборат 300 на саат да неможеш да разбираш... јас имав проблем летово еден од работниците како супервизор што беше збореше со soutern акцент, они разбери се да те видам али за недела дена фрки немав...а самите американци не го разбираат... имав другар со мене на почетокот не му се збореше ни во продавница да купи сокче...на крајот само он збореше...башка ќе се опуштиш нема да се замараш со ништо и ќе зборуваш повеќе и повеќе...на крај краева па и они нека научат малце мкд :D

--- надополнето ---

хммм не дека сакам да останам али ме интересира дека секој кажува некоја смешна сторија и ме интересираше... не е поентата да се оженам или слично...мислев работната виза да си ја продужувам на пример ми истекува во септеври и да ја продужам за 6 месеци нешто у тој стил...а за женење неаме војна тука па да бегаме :D знам нешто фори имало да те пријават ко демек неможат таков работник да најдат во уса мнг е тешко па им требаш...во пекари,и ресторани... и слично
Е за ова незнам дали може.Работна виза во Америка тешко дека некој продолжува,во спротивно сите ќе ја продолжеле :)
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
66
Поени од реакции
3
има постови за оваа агенција прочитај од почеток ќе ги најдеш

Прашав во другата ваква тема( Работа и патување во Америка (USA) за време на летниот период!) ама ќе прашам и тука,

Дали некој има одено преку Viking агенцијата? Ако да, дали сте задоволни и ако може подетален да биде одговорот. Фала.

http://www.vikingtravel.mk/?lang=mk
 
fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185
ај да прашам некој ако работел во охајо дали има state tax i fed tax или само fed е? ако се двата колку зимаат од плата... на пример на 700 долари неделна колку би скинале...али процентуално е болје за да си израчунам што како! фала
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Јас имам неколку прашања :)
Прво..Тие што биле (или и тие што не биле а знаат), а не им било обезбедено јадење во цената на смештајот или им бил обезбедено јадење само додека работат или слично... Колку пари отприлика идат на јадење? :) Знам дека е индивидуално, ама како се движат цените? Дали е како тука нешто слично или повеќе? И не зборам на fast food. Знам дека тоа таму највеќе се јаде, ама не сум баш по хамбургери јас :)
У принцип сакам да најдам работа кај што ми е обезбедено јадење, ама и таму незнам што значи тоа? 3 оброци на ден? И какви? :) Вкусни, невкусни? :))) Не е дека сум нешто пребирлива ама не би јадела баш се...
Друго, сакам да идам со Наром травел. Незнам дали некој ги гледал понудите, ама скоро во сите пишува, на пример имаш housekeeping ама мораш да биде флексибилен, у смисол може да ти дадат и друга задача... Или пак ти ја одбираат работата таму кога ќе стигнеш според тоа што им треба. Можно ли е на пример мене да ми дадат за maintenance или нешто да поправам :) Зашто тоа во принцип е машка работа... Или сепак имаат усул дека неможам баш СЕ да работам? Малку сум скептик за тоа, да не ми се погоди некој никаков, што нема да го интересира дали јас знам или незнам... Можеби можам да научам, ама не е баш дека ме интересира тоа или дека би работела тоа.... И кај што пишува дека освен тоа што го работиш може да ти дадат и друга работа, дали тоа го пишуваат за секој случај, или почесто ти даваат и други задачи освен твоите?
Трето... Како иде тоа со втората работа може некој да ми објасни? :) На пример, работам 5-6 дена во неделата по 6 саати да кажеме, една работа... Другата работа си е исто како првата, со исто толку саати и исто толку денови во неделата? Или има некои работи кои се работат по помалку саати, и се зима нормално помала плата?
Четврто... Скептик сум и за тие работите како busser или келнерка. Зашто даваат мала дневница. Знам дека тоа не треба да го гледам, зашто типсот се доста големи. Ама по некоја логика, на почетокот и на крајот и нема да бидат толку големи :) Бар не додека не почнат повеќе туристи и после откако ќе си отидат сите... Е сеа незнам нив кога им е екот во туризмот, ама сигурно не е 3 месеци :) Или сепак повеќе се исплати и повеќе се заработува од оние со фиксна дневница? И збориме за со дневница од 8/9...
Мислам дека е доста за сега :) И фала однапред за одговорите :)))
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
92
Поени од реакции
6

Па јадењето и не е баш евтино, ние имавме обезбедено еден оброк од хотелот каде што работевме ама со оглед на тоа што се задржувавме по 10-12 часа дневно ние јадевме по 2-3 пати,нормално и за да заштедиш пари. Друго, и јас не бев по харбургери, ама кога имаш слободен ден ќе сакаш да одиш на плажа, на шопинг, или да завршиш некои работи и затоа нема да имаш многу време да си готвиш. Така да најголем дел од јадењето ќе ти биде брза храна. Не значи само хамбургери, они имаат и доста вкусни donats- крофни, ама не се баш ефтини. Нас во хотелот не хранеа како гостите, ити јадења, шведски маси, од тестенини, меса, сосови, зеленчук, овошје, слатки, сокови колку ти душа сака. Тоа најмногу ми фали :)
Втора работа си бараш најчесто сама, одиш по хотели, ресторани, продавници и пополнуваш апликации, таму наведуваш кое време си на располагање за работа и они ќе те побараат доколку им одговараш. Но за втора работа ( доколку ти треба ) ќе треба да бидеш многу упорна затоа што има доста студенти што бараат. Значи куквално одиш секој ден и досаѓаш се дур не ти решат дека од утре ќе почнеш да работиш. :)
За флексибилноста не значи дека ќе ти дадат машка работа. Јас работев housekeeping и доколку има потреба од lobby attendent или онаа работна позиција за вечерно работење, одиш им оставаш чоколади за добра ноќ, пешкири и слично и за тоа може да те побараат( така беше јас каде што работев ). На тоа се однесува флексиилноста.
Работата како келнер ти е една од најдобро платените, не ја гледај сумата како мала затоа што дневно ќе зимаш по $ 100 само бакшиш, плус минус. Ако имаш одличен англиски и те бива за келнерка, барај си таква позиција. Сезоната е цел јули и цел август, ама и да нема многу луѓе верувај дека кај нив tips- от е поинаку сфатен отколку тука :) ретко кој гостин не остава по некој долар бакшиш. :)
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
25
Поени од реакции
6
аха,а колку те чинеше се вкупно,мене ми рекоа дека вкупните трошоци се 200 УС долари,и како беше задоволен од работата што ти ја најдоа (дали беше според твоите барања)

Јас сум задоволен од Наром, во секоја смисла. Одлична беше организацијата. Деновиве треба да аплицирам пак.
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Па јадењето и не е баш евтино, ние имавме обезбедено еден оброк од хотелот каде што работевме ама со оглед на тоа што се задржувавме по 10-12 часа дневно ние јадевме по 2-3 пати,нормално и за да заштедиш пари. Друго, и јас не бев по харбургери, ама кога имаш слободен ден ќе сакаш да одиш на плажа, на шопинг, или да завршиш некои работи и затоа нема да имаш многу време да си готвиш. Така да најголем дел од јадењето ќе ти биде брза храна. Не значи само хамбургери, они имаат и доста вкусни donats- крофни, ама не се баш ефтини. Нас во хотелот не хранеа како гостите, ити јадења, шведски маси, од тестенини, меса, сосови, зеленчук, овошје, слатки, сокови колку ти душа сака. Тоа најмногу ми фали :)
Втора работа си бараш најчесто сама, одиш по хотели, ресторани, продавници и пополнуваш апликации, таму наведуваш кое време си на располагање за работа и они ќе те побараат доколку им одговараш. Но за втора работа ( доколку ти треба ) ќе треба да бидеш многу упорна затоа што има доста студенти што бараат. Значи куквално одиш секој ден и досаѓаш се дур не ти решат дека од утре ќе почнеш да работиш. :)
За флексибилноста не значи дека ќе ти дадат машка работа. Јас работев housekeeping и доколку има потреба од lobby attendent или онаа работна позиција за вечерно работење, одиш им оставаш чоколади за добра ноќ, пешкири и слично и за тоа може да те побараат( така беше јас каде што работев ). На тоа се однесува флексиилноста.
Работата како келнер ти е една од најдобро платените, не ја гледај сумата како мала затоа што дневно ќе зимаш по $ 100 само бакшиш, плус минус. Ако имаш одличен англиски и те бива за келнерка, барај си таква позиција. Сезоната е цел јули и цел август, ама и да нема многу луѓе верувај дека кај нив tips- от е поинаку сфатен отколку тука :) ретко кој гостин не остава по некој долар бакшиш. :)
Значи најпаметно да барам работа во хотел, со вклчуен бар 1 оброк :) И да барам waitress/busser или сл, а? :)
И заборавив и за интернет да прашам... Гледам не пишува сегде дека има вклучено... Ако не пишува значи дека нема? И ми кажаа дека има скоро сегде wireless, па не е проблем и да немам кај што сум сместена. Вистина е? :)
И кажи ми ти со која агенција беше? И како си задоволна?
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Нека ти е со среќа.
До кога се аплицира? Ме пукаат флешови нешто да бегам и јас. :)
И дали има некој услов како граница на старост?
До крај на фебруари негде се аплицира. Мислам дека сите агенции имаат различни датуми додуше, ама глеј до 21/22 најкасно да си аплицираш.
Има староста граница, од 18 до кај 26(Коузон)/28(Ameriquest и Наром)
 
T

Tetro

Гостин

Не сакаат ветерани :)

Ќе одам стопер ако ми пукне филмот.
 
AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Денес бев во Викинг, за неколку дена ќе одам да потпишам договор.

Ме интересира некој ако знае, ако работодавецот не ти обезбеди сместување, колку е отприлика еднокреветна или двокреветна соба во мотел или приватен апартман за повеќемина?
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
92
Поени од реакции
6
Значи најпаметно да барам работа во хотел, со вклчуен бар 1 оброк :) И да барам waitress/busser или сл, а? :)
И заборавив и за интернет да прашам... Гледам не пишува сегде дека има вклучено... Ако не пишува значи дека нема? И ми кажаа дека има скоро сегде wireless, па не е проблем и да немам кај што сум сместена. Вистина е? :)
И кажи ми ти со која агенција беше? И како си задоволна?
Точно е дека скоро сегде има интернет, за тоа не се секирај. Ние со нас не носевме лап-топ, ниту пак таму си купивме и ни беше многу убаво :) Нашите ни се јавуваа од скајп на американските броеви, не се троши многу, а еднаш неделно одевме во градската библиотека каде што имаше бесплатен интернет. Иначе , во куќата каде што бевме сместени немаше wireless, ама нашите цимерки зимаа од комшиите , така да тоа не епроблем :)
Преку Коузон бевме, неможам да кажам дека не сум задоволна, испаднаа коректни освен во еден случај, имаше мал проблем со летовите, односно измена на летот од нивна страна ден пред тргнување без наше знаење, но после и тоа го решија. Друга замерка немам, они ти се повеќе како гаранција за добивање виза, другото се е оставено на тебе и на среќата.

--- надополнето ---

Зависи на кое место одиш, види на интернет ќе најдеш сигурно.
На местово каде што бев јас од ноќ плаќавме по $35 во хостел додека не најдеме сместување. Иначе бев во Newport, Rhode Island.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom