ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Тој е избран од граѓаните да ги застапува нивните интереси, т.е. да им биде Претседател, а не да биде мудрец кој најдобро знае и најдалеку гледа. Ни тој ни било кој друг политичар во моментов во Македонија нема интелектуален капацитет за да изведува салто мортале чекори кои може неповратно да ја избришат оваа нација од картата.
Точно е тоа, ги образложи своите ставови, затоа ја изгуби и она малку поддршка што ја имаше. Му останаа верни само партиските послушници на кои помила им е партијата од државата, па ќе го оправдаат секој негов став и секој негов потег, макар водел и до обезличување и понижување на нацијата. Никола е друга приказна. Неговите ставови и чекори може да се избрзани, задоцнети, правилни или погрешни... ама сепак резултираат во отпор кон прифаќање на што било што ќе дојде на маса и покажуваат решителност дека има цена за влезот во ЕУ и НАТО која не сме подготвени да ја платиме.
Јас само се прашувам кој е тој Македонец што во моментов би ја дал својата доверба во врска со името на СДСМ, без разлика што и како би ветиле тие за да ја преземат таа доверба? Таа политичка структура во многу наврати покажа дека кога е партијата и власта во прашање, не постои национален интерес. Тие се најголемата причината што Груевски има доверба.
Kога е име на држава или народ во прашање,верувам дека ќе се согласиш оти довербата (моментална) кон одреден политичар воопшто не е битна,зошто таа колку што брзо се стекнува,толку побрзо и се губи,а името останува за век и веков.Гледаш и самиот дека еден наизглед минорен и безначаен проблем на билатерално ниво може да се претвори во безизлезен случај со катастрофални последици врз еден народ,што значи да се претвори во бескрајно кокетирање на власта,во зависност од нејзините моментални изјави во јавност.Бранко лесно би можел да си ја врати популарноста доколку излезе во јавност и каже:
-Другарице и другови,јас како председник од денес се залагам да ги прекинеме овие срамни преговори,Македонија ќе си остане Македонија па кој ги ебе Грци,Евреи или Турци...Македонија нема никогаш да направи никаков “компромис“ по однос на името,и сите што се надеваа на такво нешто од оваа позиција им соопштувам дека нема никогаш да попуштиме додека јас сум председател на оваа држава,па макар и да “не пикнат во шише“ како народ и како држава.Име не менуваме и секакви разговори на таква бесмислена тема прекинуваме.

Кој тогаш ќе има поголем рејтинг кај народот?Бранко или Никола?А верувај дека на Бранко воопшто не му е тешко да даде ваква изјава иако знае дека е бесмислена и погубна на меѓународен план,барем во блиска иднина за оваа држава и овој народ,сепак ќе го вивне веднаш на домашната политичка сцена.Прашањето е:-Што добиваме ние со тоа,а не што добива СДСМ,ДПМНЕ,Бранко или Никола?