Откако Бекам дојде во Милан редовно ги следам натпреварите на Милан.Бекам ми е фејворит уште кога знам за мене.Бев и јас скептик за оваа негова екскурзија во Италија но гледам и неможам да се изначудам како Бекам игра.Порано се штедеше и си трчкаше по теренот.Сега е мотивиран како тинејџерче некое.Не излезе заради никаква повреда него се премори пошто 70 мин не застана напред назад.Амброзини и Сидорф заедно не истрчаа толку.Постигнува голови два натпревари по ред што повеќе?Милан треба да менува многу работи.Сидорф слаб,Амброзини слаб...
Јас го пратам Бекам од кога играше 10ка во Манчестер Јунајтед, кога им даде гол на Вимболдон од центар. И можам да кажам дека Бекам секогаш давал се од себе, според статистиките тој највеќе трчаше во секој клуб каде што играше, има најдобар слободен удар и најдобар центаршут. Двајт Јорк и Енди Кол беа играчи само додека Бекам играше со нив во тим, после тоа ги снема. Сите кои работеле со Бекам, тренери и фудбалери имаат само пофални зборови и се импресионирани од залагањето негово и од професионализмот. Е сеа има и многу лаици кои го потценуваат Бекам, викаат дека тој е манекен, шминкер и слично, ок можеби е и тоа. Но дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери.
А за Анчелоти што да се каже, никогаш не сум го ценел, дефинитивно треба да го сменат. Стварно не ми е јасно зошто се повлече толку. Знам дека ова е италијански фудбал ама кога ќе видиш дека неколку пати го јадеш на ист начин, па не играј така, смени нешто.
Има неколку тренери кои мислам дека се преценети, Бенитез ми е на прво место, Манчини е втор, после иде Анчелоти итн.