За да не е Боже, наведи ми ги државите кои Македонија ја признале по заслуга на дијаспората.
Па наводно ти подобро знаеш па кажа дури и во проценти +-2.
Прв си прашав......?
Да се преместиме некаде во форумот за лингвистика ако сакаш ?
Вака мали.
Немој да мислиш дека Јас имам сомнеж во твоите емоции спрема Македонија.....камо да беа сите дијаспорци како тебе.
Но.
На тебе емоциите ти се една и идинствена точка во твоето расудување спрема матичната држава.
За разлика од тебе, Јас покрај емоциите треба да мислам и за егсистенцијата моја, на моето семејство и за нашата иднина.
Не читај преку редови.
Читни и кажи ми дали се само емоции и дали јас не мислам на мојата фамилија која што е доле и дали на мене не ми е поубаво кога седнам да пијам со моите другари со кои што сум бил до средно во Македонија или со моите братучеди, или кога ќе ми падне на памет да отидам во селото кај баба ми и да ми испече леб, па успут да сретнам некој и да ми каже, дека си бе мама ти дееба... или да седнам со комшиите на дворот и да се заебаваме, да пиеме пиво итн.?
Или сакаш да кажеш ние што сме ја напуштиле Македонија ја заборавивме фамилијата и дека се отпишавме од неа? Тоа
Не држи вода поради тоа што ти не можеш да споредуваш дијаспорци кои што се 2ра или 3та генерација во странство поради тоа што тие веќе 90% земале странско државјанство и тие нема како да гласаат во Македонија.
Пример: Во германија за да земеш германско државјанство треба да се откажеш од Македонското.
можеби ќе звучам како рада, ама....никој нема право да ми каже дека и мисли поарно на Македонија од мене и од преостанатите два милиони и неколку илјади граѓани кои живејат, работат, и секој нов ден го делат арното и лошото....тагата и радоста.
Значи, ние во дијаспората не и мислиме арно на Македонија.
Те ценам и тебе бе друже. Никој не ти го спори правото на глас.
Па зошто сметаш дека ние во дијаспората не би требале да гласаме? Зошто да не можам да отидам во прекрасната Македонската амбасада во Берлин и да го дадам мојот глас? Каде е проблемот тогаш ?
Па затоа седни во брод, авион, воз....изарчи некој долар фунта или евро.....повели гласај и докажи дека без разлика на цената, и ти ја сакаш Македонија како мене.
1. И јас како тебе работам и кога ќе сакам да појдам во Македонија за гласање треба да земам од работата цела недела одмор и прашање дали ќе добијам кога сакам поради тоа што само во петоците има Берлин Скопје авиони.
3. Патни трошкови за Македонија кога идам се ѓавол ипол.
4. Зошто тие 1 или 2 илјади евра што ќе ги потрошам на едно гласање да не ги потрошам кога ќе дојдам во Македонија да ставам гориво на тракторот со кој што исправам цел ден арматура, да ги платам работниците што ми помагаат при градбата на куќата итн. итн.?
5. Каде би отишле повеќето да гласаат? Во Македонија или тука во Амбасадата ?
Јас не гледам никаков проблем да се направи да гласаме надвор од Македонија.
Ako na tie pecalbari im se dozvoli da glasaat ke imas 50 sipaci u parlament togas.

И каде е тука проблемот дека ќе отидам со мојот комшија Аљуш да гласам во амбасадата ?
zborot mi bese drugo ..ako ne zivees postojano tuka i samo TUKA vo Makedonija ne mozes da oformis cista i realna slika koja ke se pretoci vo tvojot glas na izborite
Абе ај не ја тупи. Кој дневен весник од Македонија го нема на интернет ? Весникот вечер можам да отидам сега да го купам во трафиката кај турчинот во метро сеа..... Сателитски нема...?