Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
318
Zaminal samo so 12 rakometari,zatoa so vo posledno vreme otkazale 4,a kartite vejke bile rezervirani i nemozelo da se promenat,barem kako so procitav vo nekoi od vesnicive....
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.876
Поени од реакции
16.082
Ништо од дуелите со Црна Гора и со репрезентацијата на Алжир, репрезентацијата ќе одигра тромеч со домашната репрезентација на Тунис
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Тестирање кај првакот на Африка
Во периодот предвиден за настап на репрезентациите, селекцијата на Македонија отпатува за Тунис. Таму ќе одигра три натпревари со неодамна крунисаниот првак на Африка.
Македонскиот сениорски тим во речиси комплетно изменет состав од тој што оригинално го планираше селекторот Љубомир Савевски денеска ќе го одигра својот првиот натпревар по јануарските квалификации.
Тековниве денови се во рамките на неделата на ЕХФ, период во кој клубовите се должни да ги ослободат своите играчи за настап во националните тимови. Тоа не функционира перфектно низ Европа, па ретко кога и се собираат најсилните состави. Оваа недела на ЕХФ е предвидена за подготовка за јунските баражи за СП. Македонија, балгодарение на ремито со Литванија во квалификациите во Адана, е слободна до октомври.
На покана на федерацијата на Тунис македонскиот состав отпатува на северот на Африка, каде во градовите Соус и Хамамат ќе одигра два контролни натпревари.
Првата средба се игра денеска во 18:00 часот по локално време (19:00 според македонско локално), втората и третата веројатно петок и сабота.
Противници требаше да се Тунис и Алжир, но ќе играме само три натпревари со Тунис. Оригинално, требаше и Ц. Гора да учествува и ова да биде турнир, но нема да биде така. Недела ќе им биде ден за одмор, во понеделник ќе имаат два тренинга, неколку играчи (вклучувајќи го и Лазаров) заминуваат на 18, а другите дури во вторник тргнуваат назад кон Македонија.
Македонската експедиција вчера не беше достапна, што оди на сметка на нивната сериозност.
Неколку откажувања и тоа од клучни играчи се случија непосредно пред заминувањето на тимот за Тунис. Раде Стојановиќ, Наум Мојососки, Стојан Стоилов и Мите Стоилов останаа во Скопје.
Мите Стоилов има проблем со препоните и периодов ќе се обиде да се рехабилитира. Стојан Стоилов има сипаници и ќе го нема извесен период, Наум Мојсоски место за Тунис ќе патува на рехабилитација во Словенија каде ќе треба конечно да поработи на проблемот со грбот кој е актуелен веќе неколку месеци.
Интересно, но РФМ овој пат успеја да ги замени авионските билети во последен момент.
Горан Кузманоски и Мите Караиванов одново добиваат шанса да играат за репрезентацијата, а Стојан Стоилов ќе биде заменет на линијата од Дарко Јанев.
Тешко е да се каже дали е воопшто и оправдано одењето во Тунис кога не е на располагање пола репрезентација. Присуството на Кирил Лазаров, прави да бидеме "сериозни", но факт е дека кога ќе дојде ред да се играат квалификации, бековската линија ќе тешко да се замисли без Филип Миркуловски, Наум Мојсоски, Ацо Јоноски, Влатко Митков, Раде Стојановиќ, одбраната без Мите Стоилов, Ванчо Димовски, Владимир Темелков...
Лазаров, Алушевски и голманите прават репрезентацијата која е во Тунис да може да се нарече "А" репрезентација. Корист од играње контролни натпревари секогаш има, штета е само што на мегдан на првакот на Африка одиме со некомплетен тим. Лазо Мајнов е повратник во репрезентацијата со што веќе се исправени речиси сите "фалинки" од минатото и одново селекторот може да смета на сите играчи кои ги има Македонија на располагање. Барем во делот на откажување или непојавување на собирите на националниот состав.
Македонија во понеделникот ги дозна противниците за квалификациите за ЕП 2012 во Србија. Ждрепка каква што можевме да посакаме. Истото го велат и БиХ и Унгарија, а само за две репрезентации ќе има место на континенталниот шампионат.
Затоа Македонија мора уште веднаш, да почне сериозно да работи за да ја спреми репрезентацијата за квалификациите. Плус да не заборавиме, веројатно ќе играме и со Естонија, а тоа е репрезентацијата која досега ја немаме победено на нивни терен, а сме играле двапати и двапати сме "кикснале" во Талин, по што сме пропуштале шампонати.
На сево ова мора да додадеме дека ова е веројатно последната шанса на оваа генерација по полесниот пат да стигне до првенството. Не се пласираме ли на ЕП, тогаш ќе падне рејтингот на македонскиот тим и веќе нема да бидеме во втор, туку во трет шешир, а тоа би значело дека би имале фаворит плус во квалификациите.
Р. Ѓ.

ПРОТИВНИКОТ ВО СЛЕДНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ СО МНОГУ ПОКВАЛИТЕТНА ПРОВЕРКА
Унгарија на спаринг со Словачка и Грција
Унгарија периодов ќе го искористи за играње контролни натпревари, а нивни противници ќе бидат репрезентациите на Словачка и Грција.
Унгарија ќе биде организатор на турнирот кој почнува утре со дуел меѓу Словачка и Грција.

БОСАНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СЕ СЕЛИ ВО ДАНСКА
Хармандиќ во Силкеборг
Веројатно најдобриот играч на репрезентацијата на БиХ со која ќе играме во квалификациите, плејмејкерот Аднан Хармандиќ, на лето го напушта тимот на Горење од Словенија и се сели во Данска. Екипата на Бјеингбро Силкеборг ќе биде неговиот нов тим.

ПОВЕЌЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ЌЕ ТЕСТИРААТ ВИКЕНДОВ
Германија со скандинавците
Два големи турнири се играат викендов. Едниот е во Чешка, другиот во Норвешка.
Во Чешка се среќаваат репрезентациите на Чешка, Австрија, Словенија и Русија. Турнирот го отвораат Австрија и Русија.
Во Норвешка ќе се сретнат скандинавските репрезентации и Германија. Првиот меч е резервиран за дуел меѓу Шведска и Данска, а домаќинот силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Германија.



Јуниорите пред тежок испит
Машката јуниорска репрезентација на Македонија синоќа замина за Исланд каде што од петок до недела ќе игра во квалификациите за Европското првенство кое се одржува годинава. При ждрепката немавме воопшто среќа, па за противници ги добивме составите на Исланд, Црна Гора и Србија. Се работи за силни селекции против кои ќе имаме големи проблеми да обезбедиме добар резултат.
Турнирот кој јуниорите го одиграа во Романија беше показател дека во моментов оваа генерација има само одредени поединци коишто веќе имаат меѓународно искуство зад себе. Се виде дека претстојат тешки средби на кои ќе треба многу повеќе од максимум за да се направи подвиг.
Исланд како домаќин е прв фаворит, а тимот ќе биде предводен од ракометарот на Кил, Палмарсон, којшто е главниот адут на оваа селекција.
Интернационалец во Бундес-лигата имаат и во составот на Србија. Се работи за бекот на Флензбург, Петар Ѓорѓиќ, којшто ќе биде главен адут на овој состав во обидот да се обезбеди место на Европското првенство. Првите два тима ќе заминат на завршницата, па оттаму задачата е дополнително потешка.
Што се однесува до Црна Гора, во овој тим има двајца ракометари кои се добро познати на македонската јавност бидејќи играа во Вардар Про. Бекот Стефан Вујовиќ и крилото Милош Калуѓеровиќ ќе ја предводат оваа селекција на квалификациите.
И Македонија има свои адути во Никола Марковски и Дејан Манасков. Сепак, во нашиот состав недостигаат повеќе собири во текот на годината и контролни средби. Натпреварите во Романија на кои забележавме два високи порази со идентични 44:22 и едно реми од 27:27 беа први за овој тим, а воедно дојдоа по само 3-4 тренинзи. Со подготовки од неколку дена навистина е тешко да се очекува нешто повеќе од јуниорите освен добро претставување во Исланд. Секој освоен бод би бил еднаков на подвиг.
Д. М.

Со 14 ракометари за Исланд
Во составот на јуниорите место имаше за 14 играчи коишто ќе се обидат да се изборат за добар резултат.
ГОЛМАНИ
Антонио Пешевски (Металург Јуниор)
Крсте Костески (Струга И. Мкд)
ЛЕВИ КРИЛА
Нино Ѓуровски (Металург Јуниор)
Владимир Спировски (Металург Јуниор)
ДЕСНИ КРИЛА
Кристијан Василевски (Преспа)
ЛЕВИ БЕКОВИ
Дарко Георгиевски (МРК Вардар)
Дарко Димитриевски (МРК Вардар)
СРЕДНИ БЕКОВИ
Дејан Манасков (Металург)
Петар Јованоски (Струга И. Мкд)
Љупчо Ордев (МРК Вардар)
ДЕСНИ БЕКОВИ
Виктор Петковски (Металург Јуниор)
Ивица Лазаревски (Борец)
ПИКЕРИ
Никола Маркоски (Вардар Про)
Жарко Пешевски (Металург Јуниор)

ГРУПА 2
1. КОЛО (16.04.2010)
16:00 Србија - Македонија
18:00 Исланд - Црна Гора
2. КОЛО (17.04.2010)
20:30 Македонија - Исланд
22:30 Црна Гора - Србија
3. КОЛО (18.04.2010)
15:00 Црна Гора - Македонија
17:00 Исланд - Србија


Извор: Македонски спорт
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.660
Поени од реакции
9.959
^ На сликата тој лево од Манасков што е мислам е Дејан,играше и против Вардар на последната утакмица од првенството,мн добар играч,го имам глеано и у живо,висок скок има,добар одраз,силен и прецизен шут,ќе биде добар играч од него :)
За брат му и не сум баш најубеден дека е некој талент,али ќе видиме...
Иначе да не знае некој шо напраивме со Тунижаните ?
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
^ На сликата тој лево од Манасков што е мислам е Дејан,играше и против Вардар на последната утакмица од првенството,мн добар играч,го имам глеано и у живо,висок скок има,добар одраз,силен и прецизен шут,ќе биде добар играч од него :)
За брат му и не сум баш најубеден дека е некој талент,али ќе видиме...
Иначе да не знае некој шо напраивме со Тунижаните ?
Нерешено, мислам 27 - 27 ама да не те излажам не сум сигурен за точниот резултат.:smir:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.876
Поени од реакции
16.082
Нерешено, мислам 27 - 27 ама да не те излажам не сум сигурен за точниот резултат.:smir:
Точен ти е резултатот 27-27 заврши првиот меч со Тунижаните, на полувреме сме биле во негатива од 7гола 16-9, али нашите покажале сила и до крај израмниле
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Со оглед на тоа што не поразија во Хрватска и мислеа дека е готово убаво им се одмаздивме со победите над Русија и Полска.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Со оглед на тоа што не поразија во Хрватска и мислеа дека е готово убаво им се одмаздивме со победите над Русија и Полска.
И со оглед на тимот со кој сме таму резултатот е повеќе и од совршен. Тунис не се слаба репрезентација, дефинитивно се во најдобрите 20 репрезентации во Светот.

Не сум се изјаснил за групата...
Мислам дека не е баш лесна, но можевме да добиеме далеку потешки противници. Ќе почнам одназад... која и да е репрезентација која ќе дојде од претквалификациите ќе биде тотален аутсајдер во оваа група и мора да ги победиме, нема друго.
Босна... можеби ќе добијат засилување во голманот на Барселона Данијел Шариќ... но стварно премногу се преценуваат. Доколку сме комплетни и здрави немаат никаква шанса да се спротистават на оваа репрезентација на Македонија. Стојановиќ, Мојсоски и Лазаров се прави бомбардери од бековските позиции и доколку бидат во добра здравствена состојба нема шанси Босанците да се спасат, па макар се играло и кај нив.
Унгарија, репрезентација која ни праела доста заебанции во минатото... сега не е толку силна, можеби и најслаба репрезентација од првиот шешир. Дома сигурно ќе ги победиме, во Скопје паѓале и далеку посилни репрезентации, па за една Унгарија :)
Мислам дека доколку бидеме комплетни на сите дуели, ќе немаме проблем да го освоиме и првото место во групата. Се зборува дека за оваа репрезентација која ја имаме во моментов се прави сериозен проект СРБИЈА 2012, кој проект на крајот треба да резултира со најдобар резултат во нашата репрезентативна ракометна историја. Се зборува дека веќе имаме договор со федерацијата на Србија дека доколку Македонија се пласира на ЕП 2012 ќе игра во групата во Ниш, кој е на 2-3 саата возење од Скопје... Со голема поддршка од навивачите, мислам дека оваа репрезентација може да урне многу ракометни велесили, нешто што го покажавме и на СП 2009.
Значи најбитно... само здравје и не верувам дека репрезентациите од нашата група ќе можат да ни се спротистават во голема мера :)
 
А

Ајсшутер

Гостин
^ На сликата тој лево од Манасков што е мислам е Дејан,играше и против Вардар на последната утакмица од првенството,мн добар играч,го имам глеано и у живо,висок скок има,добар одраз,силен и прецизен шут,ќе биде добар играч од него :)
За брат му и не сум баш најубеден дека е некој талент,али ќе видиме...
Иначе да не знае некој шо напраивме со Тунижаните ?
Да десно е Дејан, инаку лево тој што е 16 години има мислам така да има време уште за него но сепак е доста брз како и висок скок има знам во Скопје некаде тренира ако не се лажам во младинците на Металург.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.129
Поени од реакции
7.793
Скандал: Се степаа Савевски и Начевски




Селекторот на машката ракометна репрезентација Љубомир Савевски и генералниот секретар на РФМ, Маријан Начевски физички се пресметаа по натпреварот во Тунис.

Контролниот дуел во Сус имал и трето полувреме. Канал 5 дознава дека по крајот на мечот од засега непознати причини дошло до физичка пресметка меѓу селекторот Љубомир Савевски и в.д. генералниот секретар на нашата федерација Маријан Начевски.

Поголем скандал бил спречен со брзата реакција на нашите репрезентативци кои ја прекинале тепачката.

Инаку ова е втор срамен физички судир за време на некоја репрезентативна акција меѓу Љубомир Савевски и Маријан Начевски сличен инцидент е забележан и на светскиот младински шампионат во Трабзон во 1997 година.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=47&egId=7&eventId=59544

:kesa:
Крв му ебам нивна селска абе заедно а михајло да се носат у курац кој дегени се бе малку е тоа што неамаат ништо направено за македонскиот ракомет уште ова фали да не брукаат по светот и ега баш ме интересира реакцијата на РФМ и михајло од која страна ќе застани :tapp:


Македонија вчера загуби од Тунис, 26 – 20.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Добро до кога во Македонскиот ракомет највисоките раководни функции ќе ги држат луѓе на кои не им е местото таму.:nesvest:
Па после се чудиме зошто испаѓаме од послаби репрезентации во квалификации,и изгубивме толку многу циклуси.
Атмосферата во репрезентацијата,во федерацијата е очајна
Има еден куп афери,нетрпение на релација играчи-играчи,играчи-стручен-штаб,играчи -ФЕДЕРАЦИЈА,Федерација-клубови.
Кога на се ова ќе се додаде колку скандали имаше последните години во нашето првенство не е ни чудо шо ракометот од најдобар,најквалитетен наш спорт стана просечена спортска гранка.

Околу квалификациите за СП не очекувам многу-Унгарија е далеку пред нас во квалитет,со Босна сме тука некаде и тука лежи таа мала шанса да се провниме понатаму,но ако има осцилации,падови во играта,несериозност во пристапот,неа шо да бараме.:kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom