Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

А

Ајсшутер

Гостин
Јас мислам дека ќе не стават во Нови Сад оти многу поблиску е до Унгарија и Босна. Ако се паднат и Бугарите наша група е тогаш има поголеми шанси да биде во Ниш.
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Јас мислам дека ќе не стават во Нови Сад оти многу поблиску е до Унгарија и Босна. Ако се паднат и Бугарите наша група е тогаш има поголеми шанси да биде во Ниш.
Грешка си :)
Со Блгарија(ако се падне) ,Босна и Унгарија играме кфалификации за ЕП во Србија ,тие утакици ќе ги играме дома гости со нив
Муабетот за Ниш е доколку успеем да се кфалификуваме на ЕП утакмиците од нашата група да ги играме во Ниш затоа што ќе ни биде поблиску и ќе имаме поголем број на публика ,што и не го гледам како некоја пречка или предност ,затоа што а Белгрда а Ниш исто ти е ,неколку часа разлика :)
 
M

Mario Gómez

Гостин
Јас мислам дека ќе не стават во Нови Сад оти многу поблиску е до Унгарија и Босна. Ако се паднат и Бугарите наша група е тогаш има поголеми шанси да биде во Ниш.
За првенството зборам бе, тоа ќе се игра во србските градови, шо бараме квалификации да играме во Нови Сад.:tapp:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Релативно солидна група. Со Унгарија имаме лошо искуство, но задниве години не се тоа што беа. Веројатно имаат смена на генерации и би требало да паднат во Скопје.

Босна секогаш има незгодна репрезентација особено на домашен терен каде се создава жешка атмосфера. Имаат јак голман (ако брани уште Тахировиќ) и имаа многу јак бек не знам како се викаше пред некоја година кога играа Вардар - Босна таму не растури со 10на гола.

Кој и да се падне од дополнителните мора да биде 2 пати победен (да нема повторно глупави киксеви).

Оваа шанса мора да се искористи, со оглед на тоа дека во Србија би имале многу навивачи, а и полека оваа генерација старее и мора да се искористи за барем уште едно првенство.
 

OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.376
Поени од реакции
325
Relativno teska grupa vo koja osven 4 reprezentacija (Estonija najverovatno),sekoj sekogo moze da pobedi..Ungarija moze da padne vo Skopje,no isto taka i vo Saraevo,posebno ako se zemi vo predvid deka vo barazot za SP vo Hrvatska,Bosancite gi imaa Ungarcite v djeb,i poradi nekolkute somnitelni sudiski odluki natprevarot bese prekinat,i Bosna kazneta,so sto Unjgarcite se plasiraa na SP..Pa sega najverovatno ke dadat se od sebe za da im vratata makar vo Saraevo,taka da ocekuvam 3 reprezentacii da bidat na krajot so ist broj bodovi,pa da odlucuva gol razlikata,ili mozebi nekoj kiks so 4 reprezentacija..Rasporedot ni odi na raka,bidejki prvo igrame doma so 4 reprezentacija (sigurna pobeda),a i vo poslednite 2 kola prvo odime kaj vejke odpadnatata 4 reprezentacija,a potoa doma gi docekuvame Bosancite,kade ke znaeme kakva pobeda ke ni bide potrebna!!Mislam deka ova e sansa na Makedonskata reprezentacija da ostavi beleg vo rakometot,bidejki so plasmanot i blizinata na srbija,sigurno poddrskata od Makedonskite navivaci nema da izostane!!
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Добра група ни се паднала. Унгарија се фаворити но не се тоа што беа па во Скопје може да ги тепаме. Босанциве се тука некаде со нас ама мислам дека на гости можеме да ги тепаме ако не и нерешено ни врши работа. Е сега третиот противник мора да го тепаме на двете утакмици и мислам дека нема да биде некој голем проблем кој и да ни падне. Треба да ја искористиме оваа генерација за којашто изгледа ова ќе биде последна шанса за големо натпреварување. :toe:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.938
Поени од реакции
16.230
Имаме големи шанси за да се пласираме на ЕП во Србија, глеам некој не се доволно информисани и мислат дека изборивме пласман на ЕП и одма градот да си го одберат :pos2:

Унгарија нема да игра со Ласло Наѓ(паузира 2 години, за да потоа игра за Шпанија), али репрезентацијата им е од секогаш силна, исто така и Босанците не се за потценување....дома да ги победиме сите репрезентации, Босна да ја победиме убедливо на домашен терен, а потоа и со некој минимален пораз од Босна на гостински терен да бидиме втори во група, а потоа и да издвојуваме 1 победа против еден од квалификантите, мислам дека ќе биди Естонија, али да не заборавиме дека Естонија не заеба во минатите квалификации
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Полесен противник од првиот шешир не можевме да добиеме обејктивно гледано. Унгарија не е веќе со онаа репрезентација од пред неколку години и секако треба да падне во Скопје, како и другите 2, Босна и Естонија (бидејќи Естонците с еапсолутни фаворити фо претквалификационата група).
Е сега тука доаѓа моментот на гостувањата - Естонија мора да с едобие а не како минатиот пат кога кикснавме таму. Се чини со 4 победи дека одиме во Србија.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не се чини дека со 4 победи одиме во Србија бидејќи ќе биде многу значајна гол разликата.
Во Босна што е реално дека ќе загубиме треба да биде изразено со што помала разлика.
А ако ја добиеме Естонија или било која друга екипа од претквалификациите мора да се знае дека во никој случај не смее да си дозволиме загуба на бодови бидејќи тоа во старт е крај!
Јас се надевам дека Савевски со екипава ќе соберат сили и ќе се пласираат на ЕП 2012 и ќе вратат за катастрофалната игра на турнирот во Турција за СП 2011.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
Вака ако се боиме од некој ништо не правиме, мора да се оди малку повеќе оптимистички и мотивациски. Со сите можеме да се натпреваруваме, па колку сака нека се во форма, се надевам дека нема да имаме премногу проблеми и дека ке се пласириме. Но ќе мора малку повеќе работа и кај нашата репрезентација.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.938
Поени од реакции
16.230
Oваа недела Македонската репрезентација ќе одигра три контролни средби на турнирот во Тунис, против домашната репрезентација, Алжир и Црна Гора
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Шансите за ЕП се големи
Мојсовски смета дека победа против БиХ на гости во октомври ќе ги реши сите дилеми околу пласманот на ЕП, но во случај на домашен терен да се освојат сите шест бода.
Еден од најдобрите македонски ракометари во моментов, Наум Мојсовски по ждрепката за квалификациите за ЕП со голем оптимизам коментира за противниците коишто ќе ги имаме од октомври до јуни следната година. На шесте средби ќе биде потребно да се освојат доволно бодови за да се освои едно од првите две места кои водат на завршницата.
"Задоволен сум од ждрепката и од противниците коишто ги добивме. Сметам дека имаме одлична група и ривали со кои можеме да дојдеме до победи на домашен терен, а можеме да се надигруваме и на гости", вели Мојсовски.
Сите репрезентации коишто се на списокот на противници се добро познати и нема ништо непредвидено. Така ќе биде сигурно и за време на средбите кога ќе треба да се очекуваат нови добри резултати на сениорите и нивно ново учество на големите натпреварувања.
"Унгарија е носител на групата и против неа имаме неколку средби во последните неколку години. Сепак, овој тим веќе не е така силен како што беше кога настапуваше Кубанецот Перез, кој ги имаше сите работи под своја контрола. Информациите говорат дека и десниот бек Наѓ повеќе нема да игра за унгарската селекција. Без нив Унгарија е сосема друга репрезентација и сметам дека имаме големи шанси да ги добиеме на домашен терен".
И покрај оптимизмот на Мојсовски јасно е дека с$ ќе се решава на дуелите против БиХ. Оваа селекција е исто така добро познат ривал и досега имаме победи.
"Сметам дека с$ можеме да решиме уште во октомври. Ако бидеме комплетни на првите два меча кога го имаме и првото гостување во БиХ тогаш можеме да се надеваме на позитивен резултат на крајот. Победа на овој меч мислам дека 99,9 посто ќе ги реши дилемите околу нашиот пласман на завршницата на Европското првенство".
Што се однесува до последниот противник тој доаѓа од претквалификациите, а како што се работите во моментов за очекување е дека Естонија ќе успее да дојде до првото место.
"Ги очекувам Естонците уште еднаш во група со нас. Мислам дека ќе немаат проблеми во претквалификациите, па и во овие квалификации ние ќе играме против нив уште еднаш. Должници ни се од минатите квалификации за ЕП и затоа доколку бидат тие во нашата група очекувам победи и на домашен и на гостински терен. Севкупно гледано мислам дека имаме големи шанси и ќе треба да ги искористиме. Пласманот на Европското првенство мораме да го потврдиме со добри игри бидејќи шансите за да играме меѓу најдобрите 16 селекции се големи", заврши Мојсовски.
До натпреварите од квалификациите останува уште многу време. Првите дуели се на крајот на октомври, а со оглед на фактот што Македонија не игра во баражот за СП 2011 има доволно време за добра подготовка пред квалификациските дуели.
Д. М.

На прегледи во Словенија
Сениорската репрезентација вчера замина за Тунис каде што ќе игра на турнир со домаќинот, Алжир и Црна Гора, а селекторот Савевски не можеше да смета на најдобриот тим. Имаше откази во последен момент, а еден од оние што останаа во Скопје е и Наум Мојсовски.
Тој има повреда, па ќе мора деновиве да замине во Словенија. Не се работи за нешто посериозно, но за да нема проблеми потоа сега ќе треба да заврши со терапии. Инаку, би требало да биде подготвен за средбите против Вардар Про во првенството и во Купот.

ВОЈИСЛАВ РАЃА (СЕЛЕКТОР НА БИХ)
Задоволни од ждрепката
Селекторот на БиХ, Војислав Раѓа, по ждрепката со свое видување за противниците.
"Можеме да бидеме задоволни од ждрепката бидејќи добивме противници со кои можеме да играме рамноправно. Тоа ни отвора можност конечно да се пласираме на завршницата на едно големо натпреварување. Иако групата е лесно или барем така ни се чини во моментов, немаме право за какви било калкулации и прогнози. Напротив, мораме да се мобилизираме и да се обидеме да ја искористиме шансата", коментираше Раѓа.

Унгарците без Наѓ на Панон Куп
Првиот фаворит во групата каде што е и Македонија, Унгарија неделава ќе ја искористи за одигрување контролни средби, а тие ќе бидат во рамки на Панон Купот. Тие не се оптоваруваат премногу со противниците од квалификациите, но како што стојат работите повеќе проблеми имаат околу составот.
На овие средби ќе го немаат Ласло Наѓ, кој од ден на ден е с$ поблизу до дресот на "црвената фурија".
"По овој турнир ќе мора да се види кој е расположен да игра во иднина за Унгарија, а кој не. Оние што не сакаат да го носат националниот дрес, треба да се изјаснат навреме за да знаеме со какви сили располагаме за баражот за СП", коментираше Мочаи.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Наѓ нема да игра за Унгарија ќе си игра за Шпанија ќе прават тим сеа Шпанците :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.938
Поени од реакции
16.230
Савевски заминал со само 12 ракометари на турнирот во Тунис, и сакаме после озбилни тренинзи и резултати :kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom