Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.828
Поени од реакции
6.370
Да, и јас го гледав на HRT... Па како да биде селектор во таква држава... Освоија сребрен медал на ЕП а ги пречекуваат само 150 навивачи... Па ние да освоиме сребрен медал, најмалце 50.000 навивачи ќе ги пречекаат на плоштад :toe:
Па до сега три пати по ред ги пречекуваат на плоштади за сребро,им скурчи веќе.Навикнаа на медаљи и сега само злато им е успех.

Иначе читав на спортске новости дека изјавил Лино дека било реална опција да стане селектор на Македонија.:vozbud:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Веројатно би било добро кога би ја превзедол селекторската позиција, но тоа не мора да значи ништо. Пред некоја година знам земавме еден од најтрофејните српски тренери (не ми текнува на името) со кој требаше да имаме загарантиран успех и во бараж го кркавме од Унгарија мислам беше и тоа уште тука во Скопје на првиот дуел.

Секако значењето на тренерот е големо, но наш најголем минус во сите спортови е менталитетот.

Инаку трагедијата е што Полска и Исланд кои ги победивме со истиот состав на екипа, сега се 3то и 4то место на ЕП, Исланд беше сребрен во Пекинг, Полска трета на СП, а ние пропуштаме 2 првенства по ред и киксираме со Естонија, Литванија и слични.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Веројатно би било добро кога би ја превзедол селекторската позиција, но тоа не мора да значи ништо. Пред некоја година знам земавме еден од најтрофејните српски тренери (не ми текнува на името) со кој требаше да имаме загарантиран успех и во бараж го кркавме од Унгарија мислам беше и тоа уште тука во Скопје на првиот дуел.

Секако значењето на тренерот е големо, но наш најголем минус во сите спортови е менталитетот.
Дотолку дојде Лино друга песна ќе се пее. Лино е бренд, на него никој неможе да му глуми авторитет, никој неможе да му глуми ѕвезда.

Кога можеше најголемата уфилмана маскота Борко да го седне на клупа во Металург, и да му каже чекај дечко или поправи се или бегај од клубов...што останува за другите. Гарантирам дека секој кој има квалитет ќе се најде во списокот за настап, нема никој да влегува со врски, преку таткому или брат му, сите ќе имаат желба да се докажат, сите ќе имаат желба да го дадат максимумот. Потребен му е стимул на нашиов ракомет, а Червар е вистинскиот човек за тоа.

Едноставно си ја знае човекот работата, си го изградил името, и можам да кажам дека Европското во Србија 2012 ни е последна шанса да направиме некој поголем репрезентативен успех со машкиот ракомет.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ништо не изјавил ни дека ќе остане ни дека ќе биде тренер на македонија,него договорот му истекувам после ЕП во Австрија и сега се очекува дали ќе успее да се договори со Хрватската ракометна федерација.И тој кажа дека имал обврски према Металург а не дека не дошол во Загреб поради лошиот однос со играчите.Уште едно,тој не беше лут на тоа дека не ги пречекале добро или не биле задоволни со сребротто дека пред да одат на ЕП го критикувале дека оди со подмладена репрезентација,која ја спрема за ЛОИ Лондон 2012 а не за злато во Австрија.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Едноставно си ја знае човекот работата, си го изградил името, и можам да кажам дека Европското во Србија 2012 ни е последна шанса да направиме некој поголем репрезентативен успех со машкиот ракомет.
Тука се согласувам апсолутно. Оваа генерација требаше на овие неколку првенства да го достигне зенитот, со оглед на тоа дека долго играат заедно, По првенството во Србија веќе и Кире полека ќе навлегува во години, нема моментално некој што целосно би го заменил, некој од помладите надежи не напредуваа како што се очекуваше, така што ако не се искористи оваа генерација за уште еден настап, после за жал може да следува нов вакуум.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
И јас се сложувам со вас... само Червар може да ги симне на земја овие наши ѕвезди, само недисциплината и слабата психолошка подготвеност се причина што не направивме некој поголем успех на предходното СП, со оглед на тоа што поволен резултат по првото полувреме немавме единствено само против Данска и Норвешка...
Инаку, најверојатно ќе бидеме во вториот шешир за квалификациите за ЕП, но сепак и во третиот шешир се наоѓа по некоја силна репрезентација, како БиХ, Црна Гора, Австрија... пред се репрезентации кои се незгодни на домашен терен. Доколку биде вака... би избегнале репрезентации како Исланд, Шпанија, Чешка, Словенија, Русија... :vozbud:
Код:
http://www.sport.com.mk/WBStorage/Files/0202-11.pdf
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Во зависност од паричната сума Червар ќе преговара нормално.
Не е дека не размислил туку добро знае и тој и нашиве.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Во зависност од паричната сума Червар ќе преговара нормално.
Не е дека не размислил туку добро знае и тој и нашиве.
Јас мислам дека друг ќе биде проблемот. Червар е „повреден“ од хрватите, и без размислување би прифатил уште една работа во Македонија.

ОВДЕ обрни внимание на последниот дел од текстот. Ако успејат да се согласат ракометните моќници во Македонија, тогаш ќе нема никаква пречка.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Јас мислам дека друг ќе биде проблемот. Червар е „повреден“ од хрватите, и без размислување би прифатил уште една работа во Македонија.

ОВДЕ обрни внимание на последниот дел од текстот. Ако успејат да се согласат ракометните моќници во Македонија, тогаш ќе нема никаква пречка.
Треба да се разграничат одредени работи.
Хрватска е велесила, нејзината ракометна моќ и посебно ракометна школа низ целата земја е недостижна за нас. Тука Лино е херој. Друго е кога си во репрезентација која може да победи се пред себе и на секое натпреварување да оди на медал и репрезентација која била еднаш во 10 години на СП. Мислам дека не е збор оти не е ценет Лино во Хрватска, можеби велам можеби си има свои размислувања и како и секаде така и кај нив понекогаш се јавуваат проблеми на релација селектор федерација ама сепак сум убеден дека во зависност од паричните средства тој ќе седне да преговара.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Па секако дека добро би ни дошол Чергар...:pos2:

Ќе направи играчи од сите, ќе поработи и со младинските категории, ќе ни направи и нас може некој како Дувњак и Штрлек па да имаме и иднина на ракометот, ако на пример остане и со Металург и со репрзентацијата 3-4 години ќе има невидена експанзија на ракометот, сигурен сум дека he is the man, и дека Хрватите му ги должат успесите него.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Боби[Мкд];3281548 напиша:
Па секако дека добро би ни дошол Чергар...:pos2:

Ќе направи играчи од сите, ќе поработи и со младинските категории, ќе ни направи и нас може некој како Дувњак и Штрлек па да имаме и иднина на ракометот, ако на пример остане и со Металург и со репрзентацијата 3-4 години ќе има невидена експанзија на ракометот, сигурен сум дека he is the man, и дека Хрватите му ги должат успесите него.
Па нормално му ги должат успесите него... Сега не сум сигурен точно кое време доаѓа на чело на Хрватска, дали пред или после ЕП во 2002, но... Хрватска на ЕП 2002 има пласман на 16 место... Со Червар на СП 2003 и ОИ 2004 имаат злато... па тоа не го може секој :) Во 1997 дури ја носи и Италија на СП... :vozbud:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Сигурен сум дека доколку дојде Червар ќе бидеме многу подобри. Исто така ќе извади многу добри играчи од младите таленти, а и ќе бидеме многу подобро пласирани на натпреварувањата.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
На Македонија и треба и подобра ракометна школа и план за работа ова второ е исто многу важно, школа од која ќе произлегуваат силни ракометари нешто што на Хрватска и оди добро од рака. Само видете колку нови врвни играчи извадија во последните две години.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Позитивни ветрови дуваат накај нас:). Гледам и Хрватите нешто премногу не го нагираат фактот дека Лино може да им замине од кормилото. За време на шампионатот велеа дека речиси сигурно останува, но по враќањето на селекцијата (без Лино) нема некои позитивни вести за нив. За нас секако тоа ќе биде одлично од повеќе аспекти. Ќе добиеме еден од најдобрите светски тренери кој е гаранција за успех, кој има визија и кој е целосно посветен на тоа што го работи. Исто така ќе воспостави ред и дисциплина и ќе се знае кој што треба да прави. Сепак Лино рекол дека му треба време да размисли па да се надеваме дека одлуката ќе биде позитивна за нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom