Друже... новинарска патка беше и дека ќе го донесат Червар во Металург, па Јорданов успеа да го донесе. Доколку ја напушти Хрватската селекција тоа би било одлична прилика за нас да добиеме добар селектор, со кој ќе се пласираме на ЕП 2012 во Србија. Со оглед на тоа што Србија ни е блиску, репрезентацијата повторно ќе има голема поддршка, можеби и далеку поголема од онаа што ја имаа на СП во Хрватска. Червар + огнени навивачи=успех... Бар јас така мислам.
За во Металург не беше во никој случај патка.Дневник прв објави,Чокрев потвдри дека се водат директни преговори со Червар.Вест немале нешто спектакуларно да објават,па ајде ќе шпекулираме зошто Лино ја напушта клупата на `коцкестите`.Плус,Металург е приватен клуб,Минчо го финансира,сака резултати,сака трофеи,со тоа и финансии,а РФМ во моментов нема саглам простории,не па да го плаќа Червар.Да е Минчо на чело на федерацијата,можеби муабетов и не би бил толку празен,ама вака само надежите ни се главен стожер за дискусијава.
Нормално дека и јас го посакувам Червар за кормилар,а кој не би го посакал,ама тоа да не биде инстант селекторски мандат што би се рекло,туку селекторување со подолг период.
И друга работа,која и Магдинчев ја спомена во преносот,а се однесува на условно кажано младите играчи.Тоа е дека во силните репрезентации голем дел од нив се столб на тимот,а кај нас 24-25 годишни играчи ги именуваме како големи таленти.Ако не се работи на создавање на млади генерации на играчи,а и постепено подмладување на националниот состав,во иднина не гледам плодна почва за успеси.