Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Имав некое лошо претчуство за мечот со Литванците,и во предходниот мој пост на оваа тема пишав дека се доста незгоден тим!!!:kesa:
Наместо мирно да го привдеме кон крај мечот,по водството од 5 разлика на полувреме ние дозволивме да се приклучат,и само среќата и неколкуте одбрани на Брестовац не спасија од пораз:kesa:.
Штета,пропуштена е една шанса,денес следува втората.
Не треба да се залажуваме пак дека ќе биди лесно со Турците,не се нималку наивен противник-ако имаат помош од судиите,со притисок од трибините се бива:nesvest:
Потребна е победа денес,ако е можно со шо поголема разлика,па да го чекаме утре исходот од мечот Турција-Литванија,па во една мини табела да го совоиме првото место.
Ако одиграат сериозно,зрело без брзање и непотребни технички грешки верувам во победа денес.

П.С.Околу нашите играчи,не е проблем во квалитетот-имаме неколку врвни играчи-Лазаров,Мојсо,Аљушо.Темелков,Борко.....кога ќе се надодат отсутните Бранче Ангеловски,Раде Стојановиќ,Диви,Ванчо Димовски-тоа е доста силна репрезентација
Проблемот е во нашите глави.
Секогаш кога играме со некои на хартија послаби противници имаме проблеми-има голем број на примери од минатото кои требаше да не научат дека нема слаби противници денес.
Проблемот е во психата-секогаш ги потценуваме послабите ривали-а ги преценуваме посилните и скоро секогаш завршува неповолно за нас(со исклучок на некои мечеви на СП лани,со Полска,Русија).
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
da ke ja davaat na trt 3
moze ovde da ja gledate na net klik tuka
Каде поточно на странава,јас како што гледам оваа е за фудбал.Инаку ништо страшно за вчера имаат шанса нека се докажат денеска и крај.Инаку ова не е нешто непознато за нас,ова ни се случувало милион пати.Во меѓувреме најдете и некој друг стрим.:helou:
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Каде поточно на странава,јас како што гледам оваа е за фудбал.Инаку ништо страшно за вчера имаат шанса нека се докажат денеска и крај.Инаку ова не е нешто непознато за нас,ова ни се случувало милион пати.Во меѓувреме најдете и некој друг стрим.:helou:
Изгледа кога ќе почне, ќе се нацрта таму :)
Или пак можиш на google да побараш " Trt 3 online ", и ќе ти испаднат повеќе линкови на кои можеш да гледаш ја online ...

btw еве неколку :

http://www.tvchannelsfree.com/watch/5186/TRT-3.html

http://www.livestation.com/account/streams/2295571-trt_3

http://2onlinetv.com/tv/stream.php?id=980
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
gi imam linkovite samo uste da sredam nekolku raboti i ke stavam chat za da moze da komentirame duri gledame
i ke objavam na stranata seuste ima vreme
 
K

kaiser soze

Гостин
Во секој случај исход што нас воопшто не ни одговара,иако имаше варијанта уште вчера да се збогуваме со баражот,ако Брестовац не фатеше два зицери од контри на литванците на крајот,сигурно денес ќе бевме во подредена позиција.
Не знам што се случи во натпревар во кој ја имавме предноста,требаше само рутински да го приведеме кон крајот.Повторно пад,физички секако не е,а и не може да биде,пак психолошкиот момент и најверојатно потценувањето на противникот како што кажа и Томас играле улога во овој за нас сепак неповолен резултат.
Сега ни е толку комплицирана работата,така што евентуалниот пласман со некои комбинаторики и не зависи од нас.Единствено што ни останува е денес со сите сили да влеземе во натпреварот,да ги оневозможиме турците да постигнуваат голови,а во нападот без технички грешки како вчера,да го решетаме голот на турците.Комбинации има повеќе,победа со мала разлика не доаѓа предвид,така турците ќе влезат во дуел со литванците физички истрошени,а и без речиси никаков мотив,сигурно и без позначајна поддршка од трибините,па задачата на литванците за многу ќе им се олесни.
Предноста за нас денес е тоа што Савески пред некоја година им беше селектор на турците,кои од тогаш немаат некои значителни измени во играчкиот состав.Секако публиката ќе им биде играч плус,можеби и судиите ќе им бидат наклонети,но на наша страна е и искуството и
квалитетот,а тоа токму во овој страшно значаен меч за нас треба да го покажеме.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Добро бре, што мислите, дека во Европа има слаби репрезентации? Некој понапред рече дека ќе ја победиме Литванија, а од Турција ќе изгубиме... Јас кажав дека Литванците се доста посилни од Турците, очекував да победиме но тоа е тоа... Како што можевме ние да ги победиме Исланд, Полска, Русија, така можат и други репрезентации да извадат поволен резултат со нас. Ние сами сме си криви, не смее да се загуби предност од пет гола разлика на полувреме. Кога ќе ми текне дека и претходните квалификации за СП играта ни беше слична па се пласиравме, се надевам дека историјата ќе се повтори :) Ајде денес да ја совладаме Турција и да се надеваме дека Турците утре ќе изиграат за нас :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Нема логика да играме ама надежта последна умира.И да победиме ние со 10 разлика,зашто Литванците да не победат со 11.Ние сме во полоша ситуација па останува да видиме и да се надеваме.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Абе кој ку* го става Брестовац во игра :nerv:
Според мене Митревски моментално брани во најдобра форма од сите наши голмани, не ми е јасно зашто не добива шанса :jaj:
Глеам, Мите Стоилов се налути :pos:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Ех... ни се избришаа милион мислења во темава...
Инаку Лино Червар најавил оставка после ЕП во Австрија... дали планира да ја превземе репрезентацијата на Македонија? Мислам дека би било супер кога би работеле Червар и Савевски во тандем :)
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Не верувам дека Савевски би сакал да работи со Червар, а и не верувам дека Михајло би се обидел да го донесе Червар во репрезентацијата
иначе инзвонредно би било Червар да биде селектор,можда тој би ги средил ова "Ѕвездиве" наши
а и самиот има изјавено,коа беше СП во Хрватска,да е он селектор на Македонија до финале би не одвел,или така нешо беше отприлика
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Михајло најверојатно повторно ќе му ја препушти репрезентацијата на Минчо и Металург. А не верувам дека некој подобро може да ги смири нашите „ѕвезди“ од Лино Червар... Финале тешко дека ќе играме некогаш, ама имаме солидна репрезентација, која може многу да даде и направи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom