Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Алушевски навистина ми е криво штосе опрости но годините си го прават своето. Со неговото искуство и со пресудниот гол на мечот против Полска во Хрватска покажа дека е навистина голем играч и човек. Браво шампионе да те гледаме во иднина на клупата на Македонија!
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.660
Поени од реакции
9.959
^Да стварно ми е криво што Алушевски нема да игра веќе за репрезентација,мн добар играч,иако е "во години" веќе сепак мислам дека може да игра уште најмалце 1-2 години,баш сеа со норвежаните го глеав,човекот трча,одбрана и напад игра како 20 годишен,алал да му е
ФАЛА ЗА СЕ ШТО НАПРАВИ ЗА МАКЕДОНИЈА,
се надевам дека ќе најдеме достојна замена за него на лево крило.......
и до Јовиќ исто пофалба,и се најубаво понатаму и на двајцата

иначе за утакмицата забораив,ме радуваат младите,Георгиевски и Митрески голманот,дефинитивно иднината на Мак. ракомет.......одлична игра на георгивски,100% реализација имаше мислам,тие двајца може им дадоа елан на крајот на нашите да доат до победа,посебно Митрески со одбраните негови,10 мислам беа за 20 мин колку шо бранеше
Жалам шо нема да ги гледаме нашите на Европско оваа година,али тоа е,
оваа генерација има моогу потенцијал,дефинитивно најсилна до сега,и од следните квалификации ќе очекувам мноогу повеќе од сите нив,и секако пласман на уште едно СП:helou:
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Македонија за следните квалификации за СП ќе биде во група со Литванија и Турција. Победникот на групата наредниот Јуни игра бараж натпревар за пласман на СП.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Први сме. Само баражот како и секогаш ќе биде зафркнат. И редно е да се фати континуитет на СП имаме сила овој состав е голема надеж.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Во оваа тројка мислам дека нема да имаме проблеми за да дојдеме до баражот, но таму секако ќе треба и да не послужи среќата, а и да изиграме потоа квалитетно и без турбуленциите што ги имаше во минатиот период.
За Европсково нели го укинаа тој проклет бараж, а за Светско пак има, преку глава веќе од тој бараж.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.660
Поени од реакции
9.959
а у бараж ќе играме против некои од селекциите шо се на ЕП,шо значи Исланд,Данска,Норвешка,Србија,Хрватска итн ни се можни противници,под услов да не завршат на некои од првите 3 места кои водат директно на СП
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
а у бараж ќе играме против некои од селекциите шо се на ЕП,шо значи Исланд,Данска,Норвешка,Србија,Хрватска итн ни се можни противници,под услов да не завршат на некои од првите 3 места кои водат директно на СП
Од сите тие само можеме да потпреме на Норвешка и Србија. Другото многу тешко.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Првите три од ЕП ќе се пласираат директно, а мислам дека уште три нема да играат бараж... А можеме да играме против секоја репрезентација, со оглед на тоа што очекувам оваа и наредната сезона да напредуваат многу играчи од нашава земја затоа што премногу се инвестира во машкиот ракомет.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.455
Поени од реакции
1.798
Темелковски без нов селекторски мандат

Актуелниот селектор на машката сениорска репрезентација ќе биде разрешен наскоро на седница на УО на РФМ
По два одработени квалификациски циклуси, за СП и ЕП, и освоено 11. место на последниот мундијал во Хрватска со машката сениорска ракометна репрезентација, селекторот Илија Темелковски наскоро ќе добие наследник. Како што дознава „Дневник“ на една од следните седници на УО на РФМ, Темелковски ќе биде разрешен. РФМ нема да му понуди договор. Темелковски, за досегашното селекторување не добиваше селекторска плата.

- Има шанси УО на Темелковски да му се заблагодари за соработката. Пости такво расположение. Но, мора да се најде добра замена. Ако нема замена каква што посакуваме, нема ни потреба нешто да се менува, вели нашиот извор од УО на РФМ.

РФМ сака да го реши селекторското прашање, зашто во јануари 2010 година сениорите стартуваат со нов квалификациски циклус, овој пат за СП 2011, во Шведска. Дотогаш би требало да има неколку собири, контролни мечеви и темпирање на формата за турнирот во Турција. Покрај Македонија и Турција, на истиот турнир ќе игра и Литванија, а само најдобриот ќе се пласира во баражот во јуни, в година.

На најуспешниот репрезентативен селектор досега, Темелковски му забележува дека ги испуштил работите од раце, особено по СП во Хрватска. Уште по пласманот на СП, лани во јуни, по елиминацијата на Исланд, ракометарите многу се опуштија. Есента киксираа против Естонија во гости, со што само си ја отежнаа работата за пласман на ЕП 2010 година, во Австрија. Темелковски не успеал ниту да ја држи под контрола ситуацијата во репрезентацијата, особено за време и по СП, Атмосферата меѓу играчите е нарушена, подлегнал на притисоци и влијанија, а имал „попуст“ кон одредени избраници кои и покрај нивната лоша игра, постојано добивале доверба.


Сите сакаат Македонец на клупата

Трите учества на големите натпреварувања, на ЕП 1998, СП 1999 и СП 2009 година, Македонија ги оствари со домашни селектори. Затоа сакаат во РФМ да продолжат со истата приказна. Веројатно треба повеќе да се ценат домашните тренери, кои може да се избројат на раце. Малку наши тренери веруваат во себе, уште помалку вложуваат во себе, во посета на семинари, едукација, не функционира нивната тренерска организација, освен за гласање. Не си го штитат еснафот, па затоа и во Македонија послабо котираат и немаат привилегии како странците.

Од друга страна, факт е дека со Темелковски на клупата играчите беа опуштени, без притисок. Брзо стигна и заситувањето од ваквата релаксирана атмосфера, па почнаа зад грб да „бараат влакно во јајцето“.

Досега со машката репрезентација работеа 10-мина Македонци, без разлика дали биле „постојани“ или со префиксот в.д. за еден или повеќе натпревари. На таа листа се: Ванчо Јовановски, Славе Атанасовски, Ристо Трпчевски, Цане Крстевски, Стефче Стефановски, Драган Здравковски, Љубомир Савевски, Стојан Петрушевски, Гино Стрезовски и Илија Темелковски.


Што бара РФМ од селекторите

Никогаш досега при промовирање нов селектор, без разлика дали е тој за машката или женската репрезентација, од новоименуваниот кормилар јавно и јасно не било побарано остварување на некоја долгорочна цел. Ниту пак се имало стратегија што сакаме да направиме во следниот период. Секогаш се одело со привремени решенија и „инстант-резултати“.

Ретко се успевало. Ниту еден селектор не бил на плата и не бил „само селектор“ туку најчесто неговиот ангажман бил врзуван со работата во одреден клуб.

Ретко кој имал докрај одврзани раце во однос на исполнување на предложената програма, договарање силни мечеви, турнири. Некои ќе се сетат дека имавме селектори кои „вадеа“ репрезентативци од „нафталин“, од третолигаши во странство, на штета на нашите младинци кои трпеливо ја чекаа шансата и никогаш не ја добиваа.

Затоа, треба стратегија. Шанса се квалификациите за ЕП 2012 кое се одржува во Србија. Тогаш ќе играме во група и ќе бркаме едно од првите две места. Треба ладна глава и цврста рака. Ракометари имаме, знаат да играат и можат да победуваат. Тоа го покажаа.
#
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Најубаво да го стаа Љубомир Савевски кој мислим дека сеа е нашиот најдобар тренер:toe:.Со него може да остваримо одлични резултати,многу голем мотиватор е и дава срце за МАКЕДОНИЈА тоа до сеа се потврдило многу пати.Да изборимо пласман на ЕП у србија е тогаш има да не запознае светот која нација смо:vozbud:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.660
Поени од реакции
9.959
Малце ме изненадува ова,ако се смени селекторот,пошо имаше многудобри резултати нели,али сепак,ДА,ги испушти конците во репрезентацијата,имаше некои лоши потези,така да можеби и оправдана ќе биде смената негова
само што нз кој би можел да биде негова замена,т.е дали имаме некој квалитетен тренер,МАКЕДОНЕЦ што би можел да биде селектор:toe: :nesum:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Kako i sekogas Island ke ni bide poslednata precka.Site ovie se silni reprezentacii no treba i nie ednas da ne posluzi srekata,ovoj sostav go zasluzuva toa.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Аман бе... пак ли со Исланд??? :raz:
Сепак, мислам дека доколку сме комплетни нема да имаме проблем да бидеме рамноправни со Исланд :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Темава воопшто не се ажурира за жал

Савевски нов стратег на машката селекција

Атрактивноста на ракометните селекторски позиции ја направи интересна седницата на управниот одбор на РФМ. Донесе конкретни решенија.
Љупчо Савевски ќе биде нов стратег на машката, пред името на селекторот на женската селекција Јошко Петковиќ е избришана придавката В.Д.
Со јуниорите пред 12 години беше на светското првенство, со сениорите му недостасуваа два гола за пласман на Европскиот шампионат во 2004 година, со женската репрезентација влезе во вториот круг на мундијалот во 2007. Нова авантура, нови надежи пред стартот на двегодишниот мандат на Љупчо Савевски.
„Акцент ќе има во првата селекција, да не се изгубат овие квалификации и кои се мошне сериозни, ние сме фаворити, но се одржуваат на теренот на една амбициозна Турција и Литванија која е сериозен противник. Но во секој случај сме фаворити да се обидеме тоа да го надминеме и да чекаме добра ждрепка од Европското првенство во Австрија. Да имаме еден противник по мерка, да се обидеме уште еднаш да појдеме на тоа Светско првенство. Одејќи на такви големи натпревари ќе го продолжиме овој континуитет на оваа репрезентација, на селекторот што работеше претходно. Ова е голем успех за македонскиот ракомет кој мора да се одржува. Ќе има стручен штаб во кој сите оние што сакаат ќе учествуваат. Нормално во полза ни оди тоа што двата големи клуба во Македонија имаат врвни тренери и повеќето репрезентативци се во еден добар тиражен процес“ изјави за А1 телевизија Љупчо Савевски - Селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.660
Поени од реакции
9.959
Dobar strateg e Saveski,ne ocekuev deka kje dojde on da bide selektor posle ona so se desi koa bese selektor na zenskata reprezentacija,koa bukvalno go izbrkaa za nisto,iako dobro ja vodese reprezentacijata,izvadi maksimum od rakometarkite,
Mozeme da gi tepame Turcite i Litvancite,imame dobri rakometari,predvodeni od Kire,taka da,ocekuvam baraz,i pobeda vo Barazot,pa da gi vidime na uste edno svetsko nasite :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom