Најдов некои податоци, па еве ќе ги споделам со вас, можеби ќе ве заинтересираат.
Сите дроги предизвикуваат промена во функционирањето на организмот на човекот(физички и психички). Најмноу делуваат на мозокот и луѓето ги земаат за да го променат начинот на кој се чувствуваат, на кој размислуваат, на кој се однесуваат. Постојат дроги произведени од растенија и дроги произведени од хемикалии. Дрогите прозиведени од човекот се нарекуваат синтетички дроги. Дрогите најчесто се употребуваат заради лекување и заради "забава". Поради штетните последици по здравјето, употребата на дрогите е забранета во немедицински цели. Било која немедицинска употреба на дроги, Светската здравствена организација ја смета за штетна употреба или различна употреба. Во ООН се употребува изразот злоупотреба на дроги. Најочигледен одговор на прашањето зошто луѓето пушат марихуана е затоа што таа предизвикува да се чувствуваат добро, им дава задоволство. Некои луѓе се чувствуваат среќни и мислат дека можат да направат се што ќе посакаат. Некои повеќе се смеат, кај некои предизвикува глад, кај некои срцебиење, црвенеење во очите...Кај некои предизвикува поспаност.Состојките на марихуаната дејствуваат во мозокот, врз центрите за задоволство. Меѓутоа, чувството на задоволство и благосостојба што го предизвикува марихуаната е на сметка на оштетувањето на функциите поврзани со сознавање и размислување. Можат да се јават и повеќе странични ефекти- тегобност, паника, губење на контролата, страв од смрт, халуцинации, манија, параноја, депресија. Еден дим марихуана, содржи 50% повеќе катран од еден дим најштетна цигара. Постојаната употреба го зголемува ризикот од рак на бели дробови и од хроничен бронхитис. Постојаната употреба на марихуаната може да створи и психолошка зависност. Употребата на марихуана предизвикува проблеми со психомоторните функции. Ниту една дриога не може да се смета за безопасна. На долги патеки, сите дроги предизвикуваат сериозни здравствени проблеми. Страничните ефекти од земање дрога можат да бидат помали(дигестивни проблеми, респираторни инфекции), но и фатални за здравјето на човекот. Употребата на дроги лесно може да прерасне во зависност од дроги. Главниот ефект е дека употребата на дроги предизвикува оштетување на мозокот. Употребата на дроги влијае на мозочните функции и ги менува неговите реакции кон околината. Аргументите дека луѓето со генерации употребувале природни таканаречени меки дроги, како на пример марихуаната, не држат денеска. Како резултат на биолошки и хемиски модификации, марихуаната денеска е многу помоќна од пред неколку децении. Покрај тоа, никој не може да ви гарантира дека марихуаната не е попрскана со некоја друга многу поштетна психоактивна супстанција. Поседувањето на дрога е прекршок, дури и кога се во незначителни количини. Се казнува со парична казна или затвор до 60 дена ако поседуваш дрога без одобрување,односно дозвола од надлежен орган." Оддавањето на уживање"дроги е прекршок против јавниот ред и мир за кој може да се добие затворска казна од 30 до 60 дена. Прекршочна постапка не се спроведува само ако те фаатат со запален џоинт во рака на јавно место. Според полициската и судска практика, можеш да бидеш казнет поради оддавање на уживање доколку врз основа на испитување на твојата урина се открие присуство на опијати или други психотропни супстанци.
П.С Податоците се извлечени од хелсиншкиот комитет за човекови права и разрешување конфликти во Република Македонија.