... интересна тема, морав да ја разгледам,
вајповите или т.н испарувачите функционираат на принцип на
загревање, а не на согорување, наместо со оган (каде билката гори и прави реа), вајпот користи батерија што загрева метална спирала, таа спирала ја загрева супстанцата точно до температура каде што активните состојки испаруваат, без да се запали самиот материјал поради што течноста се претвора во пареа која
не мириса на чад бидејќи нема катран и согорување, пареата има многу слаб, речиси незабележлив мирис кој се губи во рок од неколку секунди, не се лепи за облека, кожа и мебел и брзо исчезнува, што ги прави многу дискретни за употреба.
... за медицински потреби (како што е глаукомот), супстанцата мора да биде во специјална форма на
масло наменето за вајпање (Vape Juice/Cartridge) или
сува билка, но во Македонија вакви медицински вајпови со ТХЦ (THC)
нема легално во аптеките.
... вајповите се поделени според тоа што примаат и не смее да се става обично масло во нив:
- вајпови за течности (Oil/Liquid Vapes) кои користат специјални вискозни течности во затворени ампули (сортирани како дестилати), обичното медицинско масло од канабис што се пие на капки (од аптека) апсолутно не смее да се вајпа, бидејќи содржи масни киселини кои можат трајно да ги оштетат белите дробови
.
- вајпови за сува билка (Dry Herb Vaporizers) во нив се става самата сува билка во мала комора каде што само се пече на топол воздух, чии уреди се купуваат посебно.
... аптеки (како
Зегин или
Ерикс) легално може да се купи само CBD масла во форма на капки кои се голтаат, но не и медицински ТХЦ вајпови, иако Македонија има индустрија за медицински канабис ( да не напишам кој тоа мислам дека се знае), кај нас сè уште не се продаваат готови ампули за вајпање во јавното здравство
.
... никотинските вајпови по трафиките содржат само никотин и ароми, и тие немаат медицинско дејство врз очниот притисок и пареата може дополнително да ги иритираат очите, да предизвикаат сувост и потенцијално да го влоши глаукомот поради токсините во аромите.
... покрај другото, канабисот (конкретно ТХЦ компонентата) навистина го намалува очниот притисок, но неговиот ефект трае многу кратко (само 3 до 4 часа), тоа значи дека би требало да се користи постојано во текот на денот и ноќта за да има траен ефект, што е непрактично и неприменливо, така да примарната терапија (капки за очи) која е наменета за 24-часовна контрола на притисокот ќе ти ја препорача офталмолог.

... целосна 24-часовна заштита и стабилна контрола на очниот притисок во текот на целиот ден и ноќ даваат капките од групата простагландини (Travatan, Monopost) задолжително се капат навечер (околу 21-22 ч), нивниот најсилен ефект се поклопува со раните утрински часови кога глаукомот е најопасен за очниот нерв, а благото печење или заматување по капнувањето, едноставно ќе се преспие тој период!