Мислев меѓу апсолутната вистина(Бог) и тебе..изборот е на црквата..
Инаку за проба пари не се зимаат..нели..ама се губи време..
Времето не се губи.
Само се троши на различни работи,но не значи дека е залудно.
Ако некој потроши 1 саат на молитва,која(нормално),нема да му биде исполнета,дали тоа значи дека изгубил драгоцено време?
Не.
Сепак направил нешто корисно за него,т.е се поврзал со Господ и се почувствувал добро поради тоа.
Во истиот контекст,ако некој потроши значајна количина време,во побивање на цели концепти и догми на Црквата и притоа не успее во обидот,одново,тоа не е изгубено време,туку драгоцено искуство,кое ќе му користи понатаму во животниот пат.
Мислам дека се сложуваш за ова.
Второ,Црквата никогаш нема да се согласи со мене,нормално.
Ама не поради тоа што ќе ме побие.Туку од ИНАТ!!!
Ако вашиот сакан Бог ја обдарил институцијата со нешто,тогаш тоа е тоа.
Значајна способност за одбивање на сите напади што доаѓаат на нејзино име.И тоа веќе го прави со векови,и е веќе премногу успешна.
Мислиш дека силата и љубовта на Бог се причината за опстојување на Црквата и религијата низ вековите?
Размисли уште еднаш.
Начините кои ги употребува за одбрана и напад,се некако премногу човечки,за во нив да се препознае респектабилната натприрода која се пропагира.
Можеме да продолжиме вака со саати.
Али нема никогаш да има поента и краен заклучок,нели...а објективно гледано,тоа е сериозен недостаток на една дебата.
Мене не ми смета тоа.
Ти имаш проблем со загубеното време....