Докажи дека се вистинити. Објасни ми еве како Исус воскреснал...
Благодарение на таа „било која“ наука, знам дека денеска не сме центар на светот, не се врти се’ околу нас и не сме рамна плоча после која е крајот на светот или бездната, како сакаш речи. Благодарение на неа знам дека Земјата се врти околу Сонцето, дека е само една безначајна планета во Вселената и дека е сфера.
И што е тука невистинито???
Повеќе пати имам пишувано дека верата е духовна а не рационална категорија. На оние поедицни кои веруваат, не им се потребни докази-тие едноставно веруват со дух и веруваат во кажаните вистини. А на оние кои не веруваат, ниедна вистина не им е доволно добра, па и наспроти докажувањата, таквите поединци упорно и упорно ќе поставуваат се повеќе и повеќе прашања, без да бидат задоволни со понудените одговори.
Дека Земјата била сфера, тоа е ептен „јака„ вистина, која никого не го води во Рајот.
А што ако Земјата е беше коцкаста? Што тоа битно ќе допринесеше во твојот живот?
А како Исус воскресна? Едноставно-она кое за луѓето не е можно, за (Христа) Бода е можно. Он воскресна и ни покажа што ќе се случи со целиот род човечки на Неговото второ доаѓање.
Ни една.
Науките не ја покажуваат конечната вистина,бидејќи во нив секогаш е оставено место за исклучоци.
Науката не се состои од збир лаги,кои ги приморуваат лугето да веруваат во нив,по пат на заплашување,илузии,манипулација,измачување и слично.
Тоа е работа на религијата.
Не ми е потребна конечна вистина.
И знам дека ја нема.
Ти се лажеш самиот себеси и со тоа си го затвораш умот за понатамошни откритија.
- науките не ни кажуваат ниедна конечна вистина, не оти остваат место за икслучоци, туку оти се раководат по извртена логика.
- науката се состои од збирка од минливи и променливи вистини.
- заплашувањата ги има само кај структурите кои му служат на лукавиот. Кај Бога-нема заплашување, оти „..Бог е љубов..„ (Апостол Павле).
- ако не ти е потребна конечна вистина, тогаш, која е логиката на твоето потење во Светото?
- ТИ велиш дека ја нема, а Висината постои неависно од твоето мислење за неа.
- јас не се лажам самиот себеси-когаби се лажел, би бил слуга сатанин, а Христа би госметал за свој непријател а не за Бог и Спасител.
- можам да ти кажам дека мнооогу ми е гајле за натамошните откритија. Минативе години се навикнав на тоа дека една новотарија заменува друга, а токму тие „најнови„ научни откритија, само го потврдуваат моето мислење за неспособноста од науките да ни понудат трајни веедности/вистини.
- фала Богу, умот ми е отворн за Божјата виситна, која води во Рајот а не во гнилежот од овој свет.