Зошто не сте религиозни и зошто не верувате во Господ?

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Ме интересира која е причината да не верувате во одредена религија или во Господ.
Дали затоа што не сте доволно запознаени?
Дали поради тоа што не сте го виделе Господ?
Дали поради тоа што не верувате во организирани религии?

Кажете чисто онака информативно, но доколку сакате да образложите подетално слободно. Ме интересира која е причината заради која има толку многу атеисти, толку многу кои веруваат на Дарвиновата теорија.
Дали таа теорија ви е доволна за да не прашувате повеќе и да се интересирате за постанокот на човекот неговиот духовен пат.
На крајот на краиштата зарем веќе го знаете одговорот на прашањето кои сме и зошто сме тука?
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ме интересира која е причината да не верувате во одредена религија или во Господ.
Дали затоа што не сте доволно запознаени?
Дали поради тоа што не сте го виделе Господ?
Дали поради тоа што не верувате во организирани религии?
Дали затоа што убаво сме запознаени...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ima razlika da se bide religiozen i da se bide nemoralen. jas ne sum religiozen no moralen sum i odgovoren kon odgovornite, pocituvam profesionalna etika i fer odnos, a moze da se bide religiozen navidum a da se bide nemoralen, taka si mislat mnogumina koga velat isus ke ni prosti iako gresime, epa ne moze taka??
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
ima razlika da se bide religiozen i da se bide nemoralen. jas ne sum religiozen no moralen sum i odgovoren kon odgovornite, pocituvam profesionalna etika i fer odnos, a moze da se bide religiozen navidum a da se bide nemoralen, taka si mislat mnogumina koga velat isus ke ni prosti iako gresime, epa ne moze taka??
Кој се тие што велат така? Јас до сега не сум сретнал такви луѓе.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
не сум фатил да ги читам библијата, коранот и уште еден куп такви копи пејст книги но доволно сум запознаен со нивната содржина и она што го пропагираат за да речам НЕ фала... си знам сам да си поставам граници и според нив да се движам
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
не сум фатил да ги читам библијата, коранот и уште еден куп такви копи пејст книги но доволно сум запознаен со нивната содржина и она што го пропагираат за да речам НЕ фала... си знам сам да си поставам граници и според нив да се движам
Сакаш да кажеш дека содржината во тие книги е спротивна од границите кои ти си ги поставуваш и по кои се движиш, т.е. од твојот пат?
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Јас не верувам во Господ, ама не ја негирам можноста да постои.
Никој не ми приложил докази за постоењето, што не значи дека истите не постојат. Додека некој не ме убеди со факти во спротивното, јас не можам слепо да поверувам во празна слама.
Не сум религиозна, па следствено не ми е доволно само она „поверувај и ќе видиш“ или „не барај докази, едноставно верувај“. Јас сакам да видам, да чујам, кога не можам да почувствувам.

Ете зошто не сме религиозни.
 
Ајде вака, на пример пред тебе се појави човек и на некој начин ти докажува дека он е Господ......незнам прави некакво чудо пред тебе, некако ти докажува ок. И после тоа го снемува си оди на небото на пример, ти од тој момент ќе станеш религиозна.....што ќе направиш?
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ајде вака, на пример пред тебе се појави човек и на некој начин ти докажува дека он е Господ......незнам прави некакво чудо пред тебе, некако ти докажува ок. И после тоа го снемува си оди на небото на пример, ти од тој момент ќе станеш религиозна.....што ќе направиш?
Конкретниов пример ти е малце глуп, ама ти ја сфаќам поентата. Некаков доказ кога би видела секако дека би поверувала (следствено, би станала религиозна).
И во духови не верувам, па кога би видела некој, би поверувала нормално.

Можеби малце премногу здраво за готово ја сфаќам верава што вие ја издигнувате на некое духовно ниво, ама јас тоа духовно ниво не сум го допрела и не можам да го доживеам, од тие прости причини. Може сум материјалист :) (во филозофска смисла?), па преферирам опипливи нешта, наспроти возвишени, опеани, свети.
 
Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Од искуство имам заклучено дека поголемиот дел од луѓето веруваат во господ само кога имаат мака.
Оние кои што имале проблеми во минатото биле религиозни и му се молеле на господ да им ги реши проблемите.У денешно време се иде на психијатар.Еволуција јебига.
Не сум религиозен затоа што религијата ми ги врзува двете раце и ми го одзема правото на слободен избор.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Зенг, одговорот е многу едноставен: кој не го отворил својот ум и срцето и за Божјите вистини и што е најбитно, не поверувал во Бога, јасно е дека неможе да биде религиозен.
После падот од нашите прародители и нивното одвојување од близината Божја, родот човечки станува привлечен од овој, материјалниов свет, пришто духовната релација меѓу луѓето и нивниот Творец е прекината а со тек од времето, таа врска станува се послаба и послаба. Луѓето се повеќе стануваат исклучиво световни, прифаќаат само световни вистини, нивниот ум е насочен исклучиво кон свеовни вредност и таквиот ум „нема време„ да размислува за својот Творец, „нема време„ за богомудрување, но има време за секоја световна активност....
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Мики, во право си, одговорот е многу едноставен, само што оној кој го понуди изгледа безбели смешно.

Луѓето повеќе не веруваат во Господ бидејќи времињата се менуваат што е сосема нормално и во склад со законите на универзумот. Модерните луѓе се себични, затворени и депресивни. Не се отворени кон околината, природата, дури ниту кон себе. Во таков свет сите бараат мило за драго, сирење за пари, односно слика за верба. А начелата на христијанството и останатите релегии велат дека сликата е непотребна по што доаѓа конфликтот на сфаќања.
Луѓето се збунети, има фали вербата во бога, затоа и продолжуваат понатаму во алтернативни религии, сфаќања и филозофии мислејќи дека со тоа ќе го пронајдат не гледајќи дека веќе го имаат крај себе.

Дури и оние кои се строги атеисти, се раководат по наметнати правила, а така повторно се натерале себе да бидат религиозни.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Ајде вака, на пример пред тебе се појави човек и на некој начин ти докажува дека он е Господ......незнам прави некакво чудо пред тебе, некако ти докажува ок. И после тоа го снемува си оди на небото на пример, ти од тој момент ќе станеш религиозна.....што ќе направиш?
Jaс дефинитивно ќе престанам да купувам ракија од истиот чоек. Ќе го мењавам.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики, во право си, одговорот е многу едноставен, само што оној кој го понуди изгледа безбели смешно.

Луѓето повеќе не веруваат во Господ бидејќи времињата се менуваат што е сосема нормално и во склад со законите на универзумот. Модерните луѓе се себични, затворени и депресивни. Не се отворени кон околината, природата, дури ниту кон себе. Во таков свет сите бараат мило за драго, сирење за пари, односно слика за верба. А начелата на христијанството и останатите релегии велат дека сликата е непотребна по што доаѓа конфликтот на сфаќања.
Луѓето се збунети, има фали вербата во бога, затоа и продолжуваат понатаму во алтернативни религии, сфаќања и филозофии мислејќи дека со тоа ќе го пронајдат не гледајќи дека веќе го имаат крај себе.

Дури и оние кои се строги атеисти, се раководат по наметнати правила, а така повторно се натерале себе да бидат религиозни.
Велиш, мојот одоговр бил смешен? Што да се прави бе Виктор, вистината секогаш не „шамара„ и не отрезнува, а личен избор е дали ќе ја прифатам вистината како таква или ќе барам алетрнативни вистини во разно-разни религии, философии и вакви или такви учења, упорно избегнувајќи ја едната вистина и упорно залажувајќи се сам себе...
Со болтуваното, се согласувам. Но не се согласуван дека „времињата се менуваат согласно законите во Универзумот (кои се тие закони кои го менуваат времето!!!???). Овој свет е променлив, минлив, распадлив, гнилежен па ској кој е премногу приврзан кон таквиов свет, јасно е дека ќе има таков (минлив, расподлив, променлив и тн..) поглед на животот, без притоа да ска да се потпре на она кое е вечно, неменливо, пераспадливо, верно....)

„....зашто Јас, Господ, не се менувам....„ (Малахија, 3.5)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom