Кирилица за имињата на фирмите

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
rymz, пробај во Франција, на пример, да користиш англиски термини:)
Пробај и во Хрватска да користиш *нормални* термини... :)

Не значи дека ако негде се практикува нешто, дека е добро.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
rymz, пробај во Франција, на пример, да користиш англиски термини:)

Зарем ти Франција за сметаш за нормална работа каде што секој ден има повеќе пукање и палење отколку кај нас, и каде што пијандура ги води? Упс...сличности,премногу сличности. Можеби затоа законов е ок донекаде, копиран од Франција.

П.С Во Франција можеш да користиш англиски термини. Сакаше да кажеш можеби да пробам кирилична азбука да користам :)

Ова Cat Cafe Sandwiches во Франција е сликано Ада мила моја :)
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Кириличен транскрипт на AJAX не ни можеш да направиш, оти AJAX е кратенка од "asynchronous JavaScript and XML". Студирав во Бугарија, и можеби единствената добра работа од малкуте кои ги имаат е тоа што си го почитуваат јазикот и писмото. И мене ми беше смешно зошто имињата на повеќето логоа се на кирилица, но со тек на време тоа ти станува вообичаено. А тоа што немаме унифицирани информатички изрази е наша вина(претпоставувам дека индустријата во која работиш е информатичка), некој не седнал да напише дека Tools ќе биде Алатки, и Settings ќе биде Прилагодувања, и после 15 годишно користење на англиски термини секако дека ќе ни биде чудно да се навикнеме на кирилицата, но ако некој од почеток почне да ги користи кириличните изрази, тоа ќе му биде вообичаено. Поддршка за законот. :)
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Се согласувам со Законов, но не целосно... Мислам дека покрај задолжителниот натпис на Македонски јазик би можело да се дозволи за оние што сакаат да им удоволат на странските клиенти и англиска верзија (транскрипција), која би била испишана со малку помал фонт.
Пр. Хотел Александар Палас-Alexander Palace Hotel
Или нешто слично...

П.С. Интересно е што најголемите „бранители на кирилицата„ на форумов, пишуваат само латиница.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Се согласувам со Калипсо и мислам дека тоа би било идеално решение...

Само една работа не ми е јасна: Зашто сте против законов? Што има лошо во тоа во Македонија да се користат македонски имиња? Некако побунава ми нема логика...
Демек поинтересно е на странски а? Па ако е поинтересно зашто во Англија не користат кирилица...интересно е де...
 
Кој ти рече дека не користат?

Brighton Beach.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ретки исклучоци се тоа... Се погодил еден во сто...
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Зарем ти Франција за сметаш за нормална работа каде што секој ден има повеќе пукање и палење отколку кај нас, и каде што пијандура ги води? Упс...сличности,премногу сличности. Можеби затоа законов е ок донекаде, копиран од Франција.

П.С Во Франција можеш да користиш англиски термини. Сакаше да кажеш можеби да пробам кирилична азбука да користам :)

Ова Cat Cafe Sandwiches во Франција е сликано Ада мила моја :)
Во Франција, законот за употреба на француски јазик, не е донесен од маскотатата што сега ја имаат за претседател.

Поконкретно (фала Вики)
The Toubon Law (full name: law 94-665 of 4 August 1994 relating to usage of the French language), is a law of the French government mandating the use of the French language in official government publications, in advertisements, in the workplace, in commercial contracts, in some other commercial communication contexts, in government-financed schools, and some other contexts. The law does not concern private, non-commercial communications, web pages or publications from individuals or private bodies.
The law takes its common name from Jacques Toubon, a conservative, who was Minister of Culture when it was passed and who proposed the law to Parliament. A nickname is Loi Allgood – "Allgood" is a morpheme-for-morpheme translation of "Toubon" into English, whereas the law can largely be considered to have been enacted in reaction to the increasing usage of English in advertisements and other occasions in France.
Статистички податок е дека се судруваме со млади генерации, чие познавање на македонскиот јазик е сиромашно.
Причините за тоа се познати, а ваквиот закон може да служи како превентива.

На почетокот ќе се прима со негодување. После доволно време, ќе се прифати. А, ќе има и добри ефекти.

Едно е огромна корпорација да го има правото да го носи своето име. Друго е ситни македонски бизнисменчиња да лепат смешни англиски имиња, зашо мислат дека тоа звучи кул.
Второто е неоправдано, и треба да се засече.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Ретки исклучоци се тоа... Се погодил еден во сто...

Да ти постирам уште повеќе слики? па да го подобриме процентот од 1% на повеќе? Секоја следна слика, 1% повеќе би значело.

Поентата е, со таков закон, ти е забрането да се изразиш. Секое лого е уметничко изразување. Ако веќе сака некој да ја подигне свеста на народот да користи кирилица, тоа се прави преку кампања. Не преку закон. Тоа сакам и да ти докажам. Во Англија, Франција и тако натаму не постојат закони кои ти забрануваат да користиш кирилица или англиски термини или француски термини. Просто народот сам не ги користи. Просто...

Да направиме така...Народот сам нека не користи англиски термини.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Тешки глупости.
Јас како студент по економија отсек маркетинг баш спротивно не учат, баш треба да се лесни имиња прифатливи за сите говорни подрачја и башка кога ќе дојде некој турист или странец како ќе прочита ?
1.Дали ти тоа го спомна маркетингот во креирање национална стратегија за македонскиот јазик? Тоа ли ве учат на маркетинг? Да мешате баби и жаби? Дали ве учат дека маркетингот е најбината наука во економијата? И кога веќе спомна туристи...наброј ми примери од твоите колеги од маркетинг што се впуштиле во таа дејност наместо да глумат продавачи на висока нога со fancy имиња за обични позиции-комплекс на пониска вредност.
Затоа....замолчи и учи како да продаваш најдобро а македонскиот јазик и кирилицата остај ги на тие што им е гајле за нив. Додека има власт во земјава, ти сигурно нема да бидеш повикана да го продадеш јазикот и азбуката па макар и била најдобра во твојата професија-продавање.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Да ти постирам уште повеќе слики? па да го подобриме процентот од 1% на повеќе? Секоја следна слика, 1% повеќе би значело.

Поентата е, со таков закон, ти е забрането да се изразиш. Секое лого е уметничко изразување. Ако веќе сака некој да ја подигне свеста на народот да користи кирилица, тоа се прави преку кампања. Не преку закон. Тоа сакам и да ти докажам. Во Англија, Франција и тако натаму не постојат закони кои ти забрануваат да користиш кирилица или англиски термини или француски термини. Просто народот сам не ги користи. Просто...

Да направиме така...Народот сам нека не користи англиски термини.

Да, но мора од некаде да се почне... Нека се отвори свеста кај луѓето, нека почнат самите да употребуваат кирилица, нека им стане самата помисла и повеќе од прифатлива, па потоа нека се укине законот...
Без закон ништо нема да постигнеме...и така веќе премногу е навлезен англискиот во нашиот јазик...
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Да, но мора од некаде да се почне... Нека се отвори свеста кај луѓето, нека почнат самите да употребуваат кирилица, нека им стане самата помисла и повеќе од прифатлива, па потоа нека се укине законот...
Без закон ништо нема да постигнеме...и така веќе премногу е навлезен англискиот во нашиот јазик...
Епа ај ќе играме курташак, ќе воведеме закон за нешто, па коа ќе се научиме како се прави тоа, ќе го укинеме. После друг некој, па трет, па ќе станеме најбољата држава во свет....И што ни кажува сето тоа каде што со камшик (закон) сакаш да го научиш народот како да се однесува?? Нели тоа другше се викаше...не демократија..
 
Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
1.Дали ти тоа го спомна маркетингот во креирање национална стратегија за македонскиот јазик? Тоа ли ве учат на маркетинг? Да мешате баби и жаби? Дали ве учат дека маркетингот е најбината наука во економијата? И кога веќе спомна туристи...наброј ми примери од твоите колеги од маркетинг што се впуштиле во таа дејност наместо да глумат продавачи на висока нога со fancy имиња за обични позиции-комплекс на пониска вредност.
Затоа....замолчи и учи како да продаваш најдобро а македонскиот јазик и кирилицата остај ги на тие што им е гајле за нив. Додека има власт во земјава, ти сигурно нема да бидеш повикана да го продадеш јазикот и азбуката па макар и била најдобра во твојата професија-продавање.
Јас тоа го спомнав не за да креирам стратегија туку за тоа како би било по погодно за фирмите. Лично сметам дека не е тоа првото место од каде што треба да се почне зачувувањето на кирилицата, не барам никој да се согласи со мене па да ме замолчува некој паметен како тебе:kesa:
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Поентата е, со таков закон, ти е забрането да се изразиш. Секое лого е уметничко изразување.
Токму така.
Секое лого е уметничко изразување.
Дали со ова имаме закон кој го ограничува уметничкото изразување.

Уште повеќе.
Дали законот не се коси со Уставот на Република Македонија?

Имено...во Уставот, поглавје 2 " ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ " во член 16, стои :

- Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.

Да поедноставам.
Правам кафе бар, и имам уверување, дека јавно треба да ја изразам својата мисла, со која името на истиот би било "Party Time", воден од уверувањето дека би постигнал поголем економски ефект со мојата мисла.
Дали моето право на слобода на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување, со овој закон е ограничено ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom