Кирилица за имињата на фирмите

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ќе едуцираш преку ограничување? Не е тоа малку контрадикторно?
Ограничувањата се за оние постарите кои не се едуцирале, т.е не ја научиле лекцијата дека мајчиниот јазик мора да се почитува, негува, љуби.

А плодот, т.е најголемата поука ќе ја добијат младите генерации, кои од мали нозе, наместо да бидат опкружени со англиканизми и абецеда, визуелно ќе восприемаат наше, Македонско слово.

Патем, и според педагогијата и психологијата, кога нешто ќе излезе од границите на нормалното, се третира со рестрикции. Така и ова.
Нашите про-англичани зајдеа, се подзаборавија...Сега е време да се освестат.
Нечеш милом, онда чеш силом.:pipi:
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134

Каде е границата на вашите размислувања ?
Нечеш милом, онда чеш силом.
Хахаха.
На што ти личи ова српска мудрост тебе Ада?
На некој бивш систем ?

Да го прескокнам тоа дека со србизми браниш закон...кој ограничува употреба на англизми.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Каде е границата на вашите размислувања ?
Нечеш милом, онда чеш силом.
Хахаха.
На што ти личи ова српска мудрост тебе Ада?
На некој бивш систем ?

Да го прескокнам тоа дека со србизми браниш закон...кој ограничува употреба на англизми.
Ако не препознаваш иронија, твој проблем.

Инаку, интересно што ти, очигледно симпатизер на СДСМ(која е продолжеток на СКМ) ми збориш за некои бивши системи.

И да, што на тебе, како на Македонец, значи повторувам, Македонец, ти пречи во употребата на кирилично писмо?
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Ако не препознаваш иронија, твој проблем.

Инаку, интересно што ти, очигледно симпатизер на СДСМ(која е продолжеток на СКМ) ми збориш за некои бивши системи.

И да, што на тебе, како на Македонец, значи повторувам, Македонец, ти пречи во употребата на кирилично писмо?
Твојата очекувана реплика (болдираното), не го заслужува моето внимание.
Благодарам на разбирањето.
 
DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
167
законот е добар и требаше досега да се применува

браво
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ако веќе сака некој да ја подигне свеста на народот да користи кирилица, тоа се прави преку кампања. Не преку закон. Тоа сакам и да ти докажам.

Искрено речено, мислиш дека ќе успее кампања во Македонија????
Не, треба со построги мерки..со закон и со казни, за да се дигне свеста кај луѓето..
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Кирилицата (Македонската) е многу едноставно писмо кое што е пријатно на очите. На мене ми е многу хармонично и ми делува попријатно на очи за разлика од латиницата(латиница читам секојдневно). Незнам тука се во прашање многу работи, но треба да знаете многу повеќе ќе не ценат да си го чуваме своето, наместо да го употребуваме туѓото.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Кирилицата (Македонската) е многу едноставно писмо кое што е пријатно на очите. На мене ми е многу хармонично и ми делува попријатно на очи за разлика од латиницата(латиница читам секојдневно). Незнам тука се во прашање многу работи, но треба да знаете многу повеќе ќе не ценат да си го чуваме своето, наместо да го употребуваме туѓото.
А, зошто надимакот ти е напишан на (квази)* латиница?

* квази - поради тоа 3-ката, која што треба да значи Е!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А зошто само во оваа држава се водат полемики и се кршат копја кога треба да се примени нешто македонско?
Што е?...се срамиме од нашето?!!!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
A dali toa bi znacelo deka na vozilata kje stoi ТАКСИ namesto TAXI ??
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
А зошто само во оваа држава се водат полемики и се кршат копја кога треба да се примени нешто македонско?
Што е?...се срамиме од нашето?!!!
Никој не се срами од нашето "vone".
Се согласувам со "theMac3donian" кога вели дека нашето писмо по фино, по пријатно...впрочем затоа и го користам, и се гордеам со него.

Но полемиката е....дали законот ја ограничува слобода на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување ?
Дали не постојат алтернативни средства за да се подигне совеста кај граѓаните ?

Прочитав некаде дека младите се деградирани, и не го познаваат доволно Македонскиот јазик, па демек со овој закон ќе се подигне нивната свест.

Дали со ововј проблем не треба да се позанимаваат образовните институции ?
Дали на нивната деградација не влијаат разните српски и бугарски канали, кои наместо музика (култура) промовираат шунд, и го преусмеруваат младиот детски ум во погрешна насока ?
Замисли ситуација во која девојче од 10 години, за роденденски подарок го сака најновиот албум на Гергана.
Нели е тоа деградирање.
Нели е деградирање тоа што на ниеден од сателитските канали, кои ги пренесуваат нашите кабелски оператори, нема Македонски превод.
Дали не е деградација, епидемијата наречена латиноамерикански сапуници, која трае веќе 15 години.

Со еден збор.
Недоволното познавање на мајчиниот јазик, и деградацијата на младиот ум, треба да се бара во многу повеќе сегменти од општественото живеење...а најмалку треба да се бара, во називот на продавницата во која купува, името на кафичот во кој оди на муабет со другарите или името на сендвичарата во која јаде.

И пак ќе го повторам најсуштинското прашање во врска со овој закон.
ДАЛИ ЗАКОНОТ УСТАВЕН ?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
И пак ќе го повторам најсуштинското прашање во врска со овој закон.
ДАЛИ ЗАКОНОТ УСТАВЕН ?
Само одговор на прашањето......
Службен јазик е Македонскиот јазик и неговото кирилично писмо...и оние додатоцине за над 20%
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Dali na primer ako e vekje nazivot na firmata Angliski kje se pisi kirilicno kako se izgovara ili kirilicno kako se pisuva vo original - na angliski ma primer avto servis CHRYSLER dal kje se pisi Автосервис КРАЈСЛЕР ili Автосервис ЦХР(У)СЛЕР na primer nekoj ima firma ili saka da mu se vika firmata ... W! ili Y, dali kirilicno kje stoi ДУПЛО ВЕ (ИПСИЛОН) ??
 
Kajgana Shop

На врв Bottom