Кирилица за имињата на фирмите

Член од
17 јули 2008
Мислења
24
Поени од реакции
1
Ама да правеа ноќен клуб наместо црква на сред плоштад многу јако ќе беше нели?

Музеи,скулптури..споменици..,цркви, спортски сали... ,стадиони.. ако сето ова е само популизам или ширење патриотизам и ренесанса..тогаш јбг.. последни сме во Европа :toe:
Da ti kazam deka poubavo ke bide da ima nekoj kafic odtkolku crkva dosadia vise samo crkvi se pravat niz drzavava kako da tamu pari ke ni dadat alllllloooooooo rabotni mesta ni trebaat ne crkvi(dovolno gi ima i nemam nisto protiv crkvata da ne me svati nekoj pogresno). A za iminjava na kirilica po glup zakon nemaa doneseno u drzavava
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Има ниви за орање, што не се фатиш за работа?

Срамота..цел град е преплавен со кафичи на секој чекор..а на другаров црква му пречела..премногу ги имало :toe:
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Е фиромска работа...
Некој се труди да им го заштити наследството и уникатноста,а они се бунат.
Немате чувство на нација а крекате пред светската јавност оти ве негираат..
Со овој закон нема да има “кафичи“ ами “кафулиња“.Нема да има адвертајзинг кулирање и останати форми на недораснатост и одбивност кон своето.
Проста луѓе сме ние,и никој не ни е крив.
Грција и покрај туризмот си го има запазено јазикот и писмото и умешно ги рекламира.
Чукнете си ја црпката и почнете да се осеќате како Македонци.
Да има некој храброст сега да забрани Пинк ТВ и Планет ТВ да пуштаат кабелските и целосна изолација од српско хрватскиот јазик би било одлично.
Јас го поддржувам овој закон.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Да има некој храброст сега да забрани Пинк ТВ и Планет ТВ да пуштаат кабелските и целосна изолација од српско хрватскиот јазик би било одлично.
Јас го поддржувам овој закон.
Така направија Хрватите 1991, направија и многу други работи и создадоа држава на која може да и завидуваме. Без патриотизам и љубење на своето нема бе вистинска држава и тоа е тоа.
Абе и ние имавме едно време тенденција за истото, ти текнува се пушташе македонска музика, на велигден сум се заљубил, патриотски песни на мтв додека беше владата на Кљусев. Но после вмро заеба работа и им допушти на другите да дојдат на власт. А тие. Што тие, се знае што направија.

И не знам што ви пречи во законов на неколкумина, навистина не знам. Освен промената во регистар ко што спомена некој, но ќе се најде решение и за тоа.
 
Да надополнам..

Биди Македонец - Пишувај на Кирилица!

Истата песна, Влатко Стефановски, Кирилица
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Срамота е што за вакво нешто треба закон да носиме. Зарем законски регулативи се потребни за да си го љубиш и штитиш своето?

Нејсе, одлична одлука.
Апсолутна подршка за истата.

А, оние мочковцине кои и за вакво нешо наоѓаат замерки...Гит, од тука ако не ви чини на кирилица да пишувате. Идете си кај шо можете да се правите англичани, французи, грци можда, итд.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
А како тоа една фирма постанува светски препознатлив бренд? :)

Прва реакција: Ибрзан непромислен коментар
Си ја утнал поентата на постот, брате.
Го прочита делот “Овој закон не важи за странските компании кои се бренд и нивниот назив е ист секаде по светот.“ ?
Доколку веќе стапи глупиов закон на сила, зашто да бидат привилегирани странските компании?
Втора реакција: Потреба само да се мрчи, без обид да се сфати суштината на текстот.

Не треба зборот да биде на англиски... туку логото и останатиот промотивен материал да бидат на кирилица.

Пример:
Oд ова...

Треба да го направат ова:
Доказ дека се приближуваме до Европа.. овај.. Бугарија... ааа.. како сакате. Најискрено, со ваква моронштина единствено ќе заличиме на Бугарија и ништо повеќе.

Па ја колку што знам кирилицата е наше официјално писмо а не Латиницата...
А... што е со албанските логоа? И тие ке бидат на кирилица?

Ада... не станува збор за правење англичани, французи.. или што ти ја знам.... Еве ти од моја гледна точка: работам во индустрија во која во 90% од случаевите нема соодветен македонски термин. Ако отворам фирма, треба да ја именувам така што ќе го репрезентира тоа што го работам, нели? Како би ја крстил?
 
Ептен

Џомба
Член од
30 јуни 2006
Мислења
97
Поени од реакции
15
Не треба зборот да биде на англиски... туку логото и останатиот промотивен материал да бидат на кирилица.

Да сумирам ... ако некој има лого со латинични букви треба да го конвертира во соодветно кирилично.

Пример:
Oд ова...

Треба да го направат ова:
A зошто не „Клуб Бесконечност“? Баш ок звучи, нели?

Или, наместо "Insomnia" да биде „Несоница“. Озбилен сум!

Ај и од мене едно плувче за законот.
 
Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Збориме за кириличниот фонт, истото име..само на кирилица. За во Македонија, домашен пазар..домашни фирми..како е поприфатливо..на домашен или на странски јазик да се освојуваат домашните корисници?
Во ред тоа, финтата е тоа шо Insomnia нема да се вика Несоница туку Инсомниа, и постојат реални шанси, добро можеби не сега ама после неколку години се почесто да се користат англиски поими во замена на нашите што и не е погодно баш за нашиот јазик. Патем што да кажат студентите на Електро каде што 90% од учебниците се на англиски јазик, зошто не се потрудат да направат Македонски книги со Македонски поими ако им е толку дојдено до зачувување на кирилицата и јазикот па се фатија од фирмите...
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада... не станува збор за правење англичани, французи.. или што ти ја знам.... Еве ти од моја гледна точка: работам во индустрија во која во 90% од случаевите нема соодветен македонски термин. Ако отворам фирма, треба да ја именувам така што ќе го репрезентира тоа што го работам, нели? Како би ја крстил?
Ако навистина немаш соодветна замена за конкретниот збор, тогаш ќе го употребиш оној интернационалниот, ама транскрибиран на кирилица.
As simple as that.

Софтвер, инжинеринг, хардвер и сл....сите тие изгледаат сосема во ред напишани на кирилица.

Патем, стварно е смешно, малициозно итд. што нашиве "бизнисменчиња" упорно склепуваат имиња на англиски. Комплекс на нижа вредност ли е, што ли е, не знам, ама знам дека луѓето од секоја држава која е национално освестена, си се комплетно задоволни од звукот и изгледот на сопствениот јазик и немаат потреба да го заменуваат со друг.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Патем, стварно е смешно, малициозно итд. што нашиве "бизнисменчиња" упорно склепуваат имиња на англиски. Комплекс на нижа вредност ли е, што ли е, не знам
Тоа не е смешно, тоа е бедно, и тотално се согласувам со тебе. Јас колку што ја разбирам ситуацијата, тоа е беден обид на, всушност необразовани луѓе, да звушат пообразовано и постручно. Не се свесни дека постигнуваат контраефект... но, доколку би биле доволно интелегентни да го сфатат тоа, тогаш не би ни ги користеле тие зборови, нели? Се согласувам дека за се за што постои соодветен македонски збор, дека треба да се користи македонскиот!

Ако навистина немаш соодветна замена за конкретниот збор, тогаш ќе го употребиш оној интернационалниот, ама транскрибиран на кирилица.
As simple as that.
Прво, веројатно мислиш на “Толку е едноставно“ (таква е темата, морав да промрчам :) )
Второ.. не е баш толку едноставно... Ми помина низ глава тотално случајно одбран збор... Како ќе го изгледа кириличен транскрипт на AJAX? Ејџекс? Звучи и изгледа ненормално глупаво.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Второ.. не е баш толку едноставно... Ми помина низ глава тотално случајно одбран збор... Како ќе го изгледа кириличен транскрипт на AJAX? Ејџекс? Звучи и изгледа ненормално глупаво.
AJAX веројатно нема да можеш да го користиш, пошто е регистриран бренд.:pipi:

Види, нормално дека не секој збор звучи и изгледа добро на кирилица. Затоа, треба малце да се промозга и да се најде име кое би било компатибилно со нашата азбука.
Не е особен труд, ниту се губи нешто со тоа, а се добива многу.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Па ја колку што знам кирилицата е наше официјално писмо а не Латиницата....колку што знам Кирилицата потекнува од овие простори, а не Латиницата..
Или со еден збор тоа е наше писмо кое треба да го негуваме и почитуваме, латиницата сигурно дека не е наше писмо......
Мое, твое, наше, ничие...Дали со законов сака некој да докаже чива е кирилицата или нешто друго? Чива сака нека е...глупав е коментаров дека ако кирилицата е официјално писмо, да не смее да се користи латинициа. Freedom of Speech!!!.

А, оние мочковцине кои и за вакво нешо наоѓаат замерки...Гит, од тука ако не ви чини на кирилица да пишувате. Идете си кај шо можете да се правите англичани, французи, грци можда, итд.
Не сакам бе да се правам англичанец. Сакам да си пишувам тоа што сакам, и така како што сакам. Не можам, и одбивам англиски термин да го вметнам на лого, со кирилица. Нема да сум патриот, само ќе сум идиот. Ништо повеќе. Во овие моменти овој потег ви личи на патриотски поради проблемите со Грција името и слично, и поради преголемо лачење на патриотски хормони. Законов е тиња.

AJAX веројатно нема да можеш да го користиш, пошто е регистриран бренд.:pipi:

Види, нормално дека не секој збор звучи и изгледа добро на кирилица. Затоа, треба малце да се промозга и да се најде име кое би било компатибилно со нашата азбука.
Не е особен труд, ниту се губи нешто со тоа, а се добива многу.
Што ако успее детето да го користи АJAX? Ете, купил франшиза, утре доаѓаат од Starbuck во Македонија, оп ...Старбакс?? Helou?

Низа на прашања.

Дали законов ќе важи само регистрирање на фирми, то ест, да бидат регистрирани со кирилична буква? Тогаш ок. Регистрираш фирма Шкембими и на излог си нашишеш Shkëmbimi. Никому ништо.

Дали законов ќе биде таков да англиски зборови ќе бидат толерирани ама МОРА да бидат пишани на кирилица? Дека...замисли ситуација, имаш лого...еве Инсомниа гледам често се користеше како поим...и под логото ти иде да ставиш нешто како мото, на англиски..ама ете, на кирилица, замисли како би изгледало ВХЕРЕ ИТ АЛЛ БЕГАН. Губи тотална логика, колку и да си писмен, колку и да ја сакаш кирилицата, глупаво изгледа, нема логика, и губи од значење.

Кирилицата се чува така што сам ќе си ја користиш, а не со закон некој да ти ја брани. Законите се кршат, се менуваат, дали тоа значи дека некој стравува дека кирилицата умира? Или па некој стравува нешто друго? Кирилица се чува така што свеста на народот треба да се подигне, а не закони кои што ти забрануваат да именуваш фирма така како што тебе ти одговара.

Замислата на овој закон е ок донекаде, начинот на кој што ќе се изгласа (тоталитаризам) и начинот на кој што ќе се извршува, е глуп. Ебаве грците и нивниот "проблем" со името толку "патриотизам" ни вроди во нас што и ваков идиотизам го сметаме за патриотски.

Ако некој сака да биде патриот, нека прекине преговори за име дур е време....
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
rymz, пробај во Франција, на пример, да користиш англиски термини:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom