Кирилица за имињата на фирмите

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Мислам дека законот ќе гласи да фирмите со седиште во Македонија ќе треба да имаат натпис со Кирилично писмо и Македонски назив... но На пример McDonalds, Coca Cola, Pepsi, Holiday Inn... не треба ова да го почитуваат.

Најарно на фирмите ќе им биде и двете (иако преферирам КИРИЛИЦА) н.п. ТП КОРПА-KORPA

т.е. Според мене нема потреба на Латиница (не е наше писмо), освен ако е напишано на друг јазик (пример Англиски).
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Прва реакција: Моронизам.

Втора реакција:
Овој закон не важи за странските компании кои се бренд и нивниот назив е ист секаде по светот.
Дали со ова се оневозможува македонските фирми да постанат светски препознатлив бренд (патем речено, ова бренд е по формулата на новиот закон, нели? Англиски збор напишан со македонска азбука... )
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Можеби ќе биде добро да биде

Клубски Водич - Clubber's Guide
Александрова Палата - Alexander Palace
Колусеум - Colosseum

Македонски назив (не само препишено) во кирилична варијанта
и потоа латиница, но не препишено туку преведено на друг јазик... :toe:

Ама сепак и ова наидува на проблеми.
 
P

Princ

Гостин
Патем, колку што сваќам јас... се работи за името на фирмата а не трговската марка. Значи... Спакафе може да си се вика SpaCaffe ама фирмата да биде СПАСЕ & ПРИЈАТЕЛИ ДОО. Грешам?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Досегашниот закон:

Употреба на македонскиот јазик и на другите јазици Член 50

(1) Фирмата на трговското друштво гласи на македонски јазик, со кирилско писмо. (2) Фирмата на трговското друштво со седиште во единица на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да гласи и на тој јазик и се употребува само заедно со написот во фирмата на македонски јазик, со кирилско писмо.
I sto bil problemot??????ZOSTO OVA NE E SPROVEDENO...D O S L E D N O????
Zosto po vesnici sekoja budala objavuva oglasi na angliski kako da vo Makedonija ziveat samo anglicani...ili veke se smeta deka angliskiot e OFICIJALEN.... slusam na maturata decana bile duduci od Makedonski...? Koja kazna ke ja mavne Gwujo na toa ministrite za obrazovanie....
........????? i segasni i bivsi i idni.... i KOI KE BIDAT KAZNUVACITE...????
..nema polos zakon od toj koj nikoj ne go recka :)

...............ama dobro zvuci za memoari...:) zosto za rejtinzi veke nikomu ne mu e gajle...:)
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Го подржувам законот.

Мислам дека Кока-Кола дека и кока кола ќе се префрли на кирилица иако е странски Бренд тоа нема да и пречи.

Но треба да важи за сите

Законот треба да биде по строг

Што подобро звучи Сикрет од Тајна


Од овие модерните селаци* ми е преку к**р со мотото на Англиски е по модерно:pos2: нема што

Исто така треба да се забранат и огласи на Англиски
Јас како што знам на секое интервју каде се бара да се знае англиски се извршува на англиски
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
поглуп закон амин...:nesvest:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
поглуп закон амин...:nesvest:
Мислиш, како оној за задолжително палење на светлата дење?

Кој има смисла во Скандинавските земји, зашто видлливоста е помала?

А кај нас, со 300 и повеќе сончеви денови годишно, што претставува тотално непотребно трошење на акмулатор?



Овој закон за кирилицата барем ја промовира Македонштината. И затоа е позитивен.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Според мене добар е законот од сите земји кај што се користи кирилицата најмногу во Македонија не се почитува .
А не се почитува затоа што не била модерна не е ин.
 
B

Borg_Drone

Гостин
И јас го поддржувам овој закон.....па да му се сневиди Македонија си има свое официјално писмо а тоа е Кирилицата....и сега неможеме текстови кои се на македонски јазик да ги пишуваме на Латиница....
Сега официјално писмо ни е кириличното а ние користиме латиница..
Смешно и за срамота, после тоа се чудиме зошто не заебаваат..
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Прва реакција: Моронизам.

Втора реакција:

Дали со ова се оневозможува македонските фирми да постанат светски препознатлив бренд (патем речено, ова бренд е по формулата на новиот закон, нели? Англиски збор напишан со македонска азбука... )
А како тоа една фирма постанува светски препознатлив бренд? :)

Прва реакција: Ибрзан непромислен коментар


Фирмите(домашни) кои што работат во Македонија треба да користат кирилица, која е потребата од некакви дисконти како Тинекс по цел град да бидат напишани TINEX, некое кафуле да носи англиска назва или пак некоја локална берберница?

Она што треба,а чинам е ставено како можност,е за двојни натписи на Македонски и на Англиски доколку фирмата така одлучи.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Браво за законот, иако е второ издание, ваљда нема да има и трето.
Па во цел свет се е напишано на официјалниот јазик..само кај нас ...малограѓанштина.
Се бориме да си ја зачуваме нацијата ..а од друга страна...се срамиме од сопствениот јазик..и писмо.:tapp:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Не треба зборот да биде на англиски... туку логото и останатиот промотивен материал да бидат на кирилица.

Да сумирам ... ако некој има лого со латинични букви треба да го конвертира во соодветно кирилично.

Пример:
Oд ова...


Треба да го направат ова:
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Тешки глупости.
Јас како студент по економија отсек маркетинг баш спротивно не учат, баш треба да се лесни имиња прифатливи за сите говорни подрачја и башка кога ќе дојде некој турист или странец како ќе прочита ?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Тешки глупости.
Јас како студент по економија отсек маркетинг баш спротивно не учат, баш треба да се лесни имиња прифатливи за сите говорни подрачја и башка кога ќе дојде некој турист или странец како ќе прочита ?

Збориме за кириличниот фонт, истото име..само на кирилица. За во Македонија, домашен пазар..домашни фирми..како е поприфатливо..на домашен или на странски јазик да се освојуваат домашните корисници?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom