Економски факултет во селекција на 1000 најдобри светски бизнис школи

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Абе малку сте у забуна сите вие од приватните.
Кој ве акредитира вас бе? Деканот ваш пак ги фрлил парите за горе некој од влада да даде акредитација. Само финтата е дупло наплаќате вие на студентите 2000 евра година. Пфффф
Втора работа ај уште еднаш провери дали паѓа интересот за Кирил и Методиј ама те молам УбАВО ПРОВЕРИ!!!!

Исто ли е да ти предава Фрчковски на правен, Таки Фити на економски и ред други видни експерти во државава и да ти предава некој 23 годишен студент што му е внук на деканот па сите девојки ми се палат и ми идат на предавања само дека бил згоден. Алооооо

А посебно последниот дел ти е опасен....па и Велија Рамковски може да отвори факултет и да ти каже ти само заврши и ке те вработам во А1 (ке им носиш вода и ке го држиш светлото), во Хедис, ке бидеш уредник на Аграр!
А со државен факултет се знае кај можеш да се вработиш..

А тоа муабетите со паѓање на студентите намерно пффф ти ако си имаш научено доволно тешко да ке има начин да те бутне професорот (не викам дека не е возможно) но сепак не е како порано со влечење на прашања и слично!
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.133
Поени од реакции
5.925

1. Па не верувам баш дека деканот има пари за фрлање. :pos2: Не сум сигурен баш колкава му е платата, ама сигурен сум дека нема за фрлање.

2. Кај си го слушнал ова за 23-годишен професор, леба ти??? :pos2:

3. Не мора Велија да отвара факултет. Се посвати со Фијат. :pos2:

Леле, одамна не сум се смеел оволку за некој пост, а посебно за внукот на деканот... :pos2::pos2::pos2:
 
^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
1. Па не верувам баш дека деканот има пари за фрлање. :pos2: Не сум сигурен баш колкава му е платата, ама сигурен сум дека нема за фрлање.

2. Кај си го слушнал ова за 23-годишен професор, леба ти??? :pos2:

3. Не мора Велија да отвара факултет. Се посвати со Фијат. :pos2:

Леле, одамна не сум се смеел оволку за некој пост, а посебно за внукот на деканот... :pos2::pos2::pos2:
Ментален случај?
Па се разбира заборавив само на приватен идат такци фаци:helou:
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.133
Поени од реакции
5.925
Ја па мислев нешто попаметно ќе имаш да ми кажеш, т.е. да ми одговориш кај си слушнал за внукот на деканот... :pos2: Али, ОК.

Ако за ментален случај се рачуна студент што се запишал на приватен и учи, за разлика од некои кои се запишуваат таму... Тогаш да, ментален случај сум.
Ако за ментален случај се рачуна студент со сите десетки, тогаш да, ментален случај сум.

ОК. Доста за мене... Ај ти пофали се сега кај студираш (ако студираш), дали учиш, дали ти побарале мито...?
 
toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
94
слободно дојдете вие од приватниве факултети и решете еден наш тест со вашето знаење па да видиме колку ве научиле доцентите.на уким предаваат сите моментално најголеми економски стручнаци во државава.+ мито ке ти побара еден или двајца професори (толку се) а кај вас 2000 Евра наеднаш,да да тука сме
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Многу лошо иде темава, во други теми образложив што и како.
И само гледам тврдоглавост, неинформираност и ме пресмеавте сите до еден кои ве сметам за такви. Што сакате мислете, фактите сите ги знаеме само не сакате да сепомирите со тоа, Економски државен изгуби секакво реноме во моите очи кога добив понуда да ги платам сите испити, понуда за секс, понуда за кафе на сред Божиќ во попладневни саати кога нема никој на факултет, понуда од 1000 страни во кои се опишува економијата од Втора светска војна а никаде нема пракса, никаде нема добронамерност, нема нормално нешто. Ако не сте се соочиле со тоа, немој и да се. Не ми се јасни многу работи и како такви ќе ми останат. Тоа е. Како што кажа декстерче монополот одамна е срушен и со причина зашто нема квалитет во настава, колку да се експерти професорите. Експерти во што? Секој од нив има гадно досие, од по неколку кривични пријави за злоставување на студенти, што ќе кажете на тоа? Дебили има секаде, кој сака да си учи ќе си учи било на државен или приватен. Не избегав јас од таму, туку тие ме натераа да си отидам, и не ми е мака ама ич. На ЕУРМ се интересираат за нас и сега вие одма па колку плаќате бла бла, од вашате неинформираност смешни сте ми тоа е. Ви кажав што како е на многу теми. А за тие тестови да, се вртат истите секоја година, полесно здравје мислам, и после Економски нај нај ма немоој.:tapp::tapp:
Преку глава ми е од тоа, ова е само дел од нешто што го запознав, но барем овој факултет ме научи да се борам на некој начин и да потврдам дека моето јас е најсилно од се. Е тоа е едниственото нешто добро од овој факултет што добив.
 
Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Мала надопуна.

Имам другар кој не го примија на Економски,па сега плаќа 2000 евра за квалитетно образование.

City,да ти кажам од прва рука што тоа на Американски значело "квалитетно".

На колоквиумот по математика,сите формули дадени,само треба да ги внесеш бројките.
Предметот Економија разделен на два предмета Микро и Макро,и сите прашања се извадени од дефинициите,не дај боже некоја равенка и пример.

Мислам,да не продолжувам.АКо веруваш дека си "квалитетен",пошто така кажуваат на реклами,продолжи само така.
Ама не не убедувај нас дека е "квалитетно" таму.
Ај и јас да дополнам, цимерката ми беше на ЕУРМ и предметот Маркетинг кој кај нас го полагаат години и години, дека е ептен обемен, таму го полагаа со учебници пред нив.

Немам таков предмет, т.е. имам али у трета година. Мислам дека на Американ Колеџ имаше... Ние имавме Основи на економија.
:pos:
Не е исто тоа, за човек кој го поминал испитот со 10 би требало да знаеш дека Основи на економија е поделен на два дела Микро и Макро. Моеше да кажеш некое прашање ама ај нема веза... Ама па коа ќе се сетам цимеркава кога го полага предметов учеше од книгчево нас што ни беше за приемен.
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Ајде бе! Му се загнавте на човекот!
Мислам... Секој си бира да учи каде што има можности и каде што му одговара. На крај краева - немаме сите ни исти потреби ни исти амбиции!
Иначе -јас на сајтов го најдов и факултетот на кој аплицирав па чекам одговор:)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Жал ми е што темава оди во друга насока, а модератор никаде ни на повидок да „модерира“.

Дека приватните факултети се гола вода, тоа е очигледно за сите освен оние кои се запишани на приватни факултети. Но со кампањата за Eduniversal признание Економски факултет опасно им се приближува.

Досега можеше да се зборува за лажните маркетинг трикови на приватните факултети како што е на пример IACBE, која ако малку се информирате ќе дознаете дека не е организација што смее да акредитира.

Но сега и Економски факултет тргнува по истите стапки со промовирање на признанија (1000 најдобри факултети) кои по се изгледа доаѓа од приватна фирма.
Мислам дека целата поента ви ја долови со овие две реченици Никола.

А Смерт,тоа што си бил со сите десетки на Европски,ништо не ми кажува мене.
Како што напомена Акаша,самата книга е поделена на Макро и Микро дел,тоа во сон кај нас го знаат и тие со 6ки.

Чапо,не се нервирај мајкуму,денес Економика ќе не изнервира и изненади со некои леви прашања :)
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Многу лошо иде темава, во други теми образложив што и како.
И само гледам тврдоглавост, неинформираност и ме пресмеавте сите до еден кои ве сметам за такви. Што сакате мислете, фактите сите ги знаеме само не сакате да сепомирите со тоа, Економски државен изгуби секакво реноме во моите очи кога добив понуда да ги платам сите испити, понуда за секс, понуда за кафе на сред Божиќ во попладневни саати кога нема никој на факултет, понуда од 1000 страни во кои се опишува економијата од Втора светска војна а никаде нема пракса, никаде нема добронамерност, нема нормално нешто. Ако не сте се соочиле со тоа, немој и да се. Не ми се јасни многу работи и како такви ќе ми останат. Тоа е. Како што кажа декстерче монополот одамна е срушен и со причина зашто нема квалитет во настава, колку да се експерти професорите. Експерти во што? Секој од нив има гадно досие, од по неколку кривични пријави за злоставување на студенти, што ќе кажете на тоа? Дебили има секаде, кој сака да си учи ќе си учи било на државен или приватен. Не избегав јас од таму, туку тие ме натераа да си отидам, и не ми е мака ама ич. На ЕУРМ се интересираат за нас и сега вие одма па колку плаќате бла бла, од вашате неинформираност смешни сте ми тоа е. Ви кажав што како е на многу теми. А за тие тестови да, се вртат истите секоја година, полесно здравје мислам, и после Економски нај нај ма немоој.:tapp::tapp:
Преку глава ми е од тоа, ова е само дел од нешто што го запознав, но барем овој факултет ме научи да се борам на некој начин и да потврдам дека моето јас е најсилно од се. Е тоа е едниственото нешто добро од овој факултет што добив.

Како прво се запишуваш на факултет за да учиш, а не за да идеш на пракса.
А како второ се гледа колку факултетот те научил да имаш свое јас.
Пак ќе речам за 2000 евра, не свое јас туку и така од наука ништо не ве учат, ќе треба да ве научат како и туѓото јас да ви биде најсилно од се.

И самата призна дека луѓето се дебили и тоа е крај на муабетот.

Само не знам и ти самата ако имаш своја приватна фирма дали ќе вработиш човек од ЕУ РМ.

И мислам ископлексираноста е видлива нема што повеќе да дискутираме.

Приказната е јасна:
3*2000 евра=диплома
......и тоа е се.

А зошто ако професорите кои имаат дебело досие идат и кај вас предаваат?

Ама јас не знам што се трудиш и мачиш да ни објасниш.

Мислиш дека со навреди ќе не изнервираш?

Не знам зошто се обидуваш да создадеш грешна слика во очите на другите, кога гледаш дека приказните на палата, сите знаеме што е и како е-никој овде не пие нафта.

Само треба понекогаш да имаме доблест да ја признаеме реалноста, колку да е болна.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.133
Поени од реакции
5.925
Како прво се запишуваш на факултет за да учиш, а не за да идеш на пракса.
Па не верувам дека кога ќе се вработиш ќе ти бараат таму да им одговараш на прашања или да им раскажеш книга од 300-500 страни што си ја научил на памет. Ќе треба да знаеш да го примениш тоа што си го научил.

Затоа на факултет треба и учење и пракса. Токму од таа причина се запишав на ЕУРМ.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.133
Поени од реакции
5.925
А Смерт,тоа што си бил со сите десетки на Европски,ништо не ми кажува мене.
Како што напомена Акаша,самата книга е поделена на Макро и Микро дел,тоа во сон кај нас го знаат и тие со 6ки.
Па не знам за кај вас, ама кај нас поинаку е поделена книгата. Кај нас е поделена во 4 дела, некои од нив се чиста макро-економија, а во некои има и микро и макро-економија.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.133
Поени од реакции
5.925
Приказната е јасна:
3*2000 евра=диплома
......и тоа е се.
Еј, жими све, да имав пари ќе ти дадев да се запишеш на Европски, па да видиш дали е така. Кога не знаеш, боље ќути отколку да тропаш глупости.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Еј, жими све, да имав пари ќе ти дадев да се запишеш на Европски, па да видиш дали е така. Кога не знаеш, боље ќути отколку да тропаш глупости.
Чувај си ги парите, да сакав да земам диплома без да учам веќе ќе бев таму.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom