Денот на дрвото - 12 март неработен ден

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
ја само кратко...малце ми е нејасно и глупо


зошто среда да го правиш неработен ден а сабота работен, кога можеш да садиш дрва во сабота и ништо да не менуваш?????:vozbud::vozbud:
 

Macedonia2007

RED DEVIL
Член од
20 декември 2007
Мислења
1.273
Поени од реакции
3
па мислам дека со тоа дека со тоа изгледа милсат дека повеќе ќе ги стимулираат граѓаните да искочат
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.506
Поени од реакции
8.088
Официјален сајт на проектот е www.treeday.com.mk
А места кои ќе бидат пошумувани, верувам дека наскоро ќе ги има и во html верзија.
До тогаш да пренесам нешто што скенирав утрово.
Значи, добар дел од скопјани ќе ги пошумуваат ридовите кај моето село :je: :je: :je:
Еве ја листата на места од кои ќе се поаѓа, и местата кои ќе бидат пошумувани. Ме мрзеше да ја скенирам и страната на која е листата и за другите градови во Македонија.


А еве го и апелот од Општина Илинден.
Значи понесете си и алат.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Во ред е што треба да засадеме дрвце, ОК, ама ептен е непрактично. Сега, тој бил датумот, голема работа. Вака, ќе треба да садам дрвце во среда, и да одам на школо у сабота. Е па, не идам на школо.:) На Тодорица, градскиот празник, ја на школо да идам, не бива!
Шо не ставија на 21, на еколошкиот ден...
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
Абе мене ми се најавија на име да ми доаѓале утре луѓе.....
ЗОШТО?
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Браво за акцијава :)

Еве како тоа изгледало некогаш :vozbud:

 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Јас утре ќе бидам на локација Средно Водно
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
одам на локација миладиновци... јеее! дрвцаааааа!!!
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.506
Поени од реакции
8.088
Се вратив пред саат време. И веднаш да пренесам впечатоци додека сликите се закачуваат на интернет, за да можете после да ги гледате :)

Времето се погоди ептен убаво, утрото врнеше малку дожд, но не беше влажно. Таман за да може лесно да влегува лопата в земја.
Јас бев во првата тура на луѓе (не бев со бус, не се гужвав, пешачев од дома, а живеам на другиот крај на селото, кај рафинеријата) кои храбро тргнаа кон пошумување на ридовите над моето село.
Прва работа што забележав беа преполни автобуси со луѓе, повеќето средовечни, и по некој стар и по некој млад (кој ќе ти стане у 7 сабајле за да оди да пошумува :) ).
Отприлики знаев каде ќе се пошумува и не ми беше тешко да се искачам по ридот додека луѓето околу мене прашуваа уште колку ли има?!
Пријатно ме изненадија децата од основните училишта од Миладиновци и од Илинден кои максимално се трудеа.
Одлично беше организирано до последен детал речиси се, освен можеби автобускиот превоз, но тој дел од селото е со тесни улици, а нагоре по ридот малку од возачите имаа храброст да возат.
Видов многу луѓе од невладини организации, многу луѓе од факултетите во Скопје, многу луѓе од различни фирми* (ЈКП Илинден и Шпедиција ДЕНИ практично беа домаќини).
Паралелно сликав и засадив пет дрвца, потоа со помош на двајца постари господа заедно засадивме пеесетина дрвца.
Решив рано да си одам дома затоа што вечерва имам обврски.
А и за да пренесам мои впечатоци додека горе акцијата тече турбо.
Инаку додека се симнував видов многу млади кои се качуваа нагоре, извидници, средношколци...
Имаше претставници и од дипломатскиот кор, државни функционери.
Мило ми е што толку многу луѓе денес го видоа моето село, Миладиновци.

* видов мој драг другар Митко, одеше нагоре по пат со цигара в рака, јас бев со ашов. Ме пофали, ее браво со алат в рака. Јас му вратив, па со алат в рака се оди на акција, а не со цигара :) џаст кидинк ;)

п.с. имам и 3 видеа, ама не знам дал ќе успеам да ги закачам некако на ЈуТјуб, а сликите веќе почнувам да ги ставам во албумот Природа.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Штотуку се вратив од пошумување кај Љубојно - имаше голема посетеност како и од доброволци така и од учениците од средното училиште во Ресен, засадени беа питом костен, црн бор, смрчак и други видови на дрвца - акцијата беше успешна и беа засадени над 25 000 садници по садењето имаше организирана забава на која пееше - а во моментов сеуште пее Ламбе Алабаковски - роден во тоа село.... се беше во најдобар ред... лично засадив над 200 дрвца :je:

:eek:jea:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Засадив две дрвца, последната тура ја фатив - отидов во 14ч. Еден куп луѓе, забава и работа, природа... Милина!
Прв пат бев во Миладиновци и многу ми се допаднаа ридчињата над него. Дефинитивно ќе одам следниот викенд пак - да си ги видам дрвцата и да одморам очи и нерви од Скопјево...
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
ЕЕЕЕЕ, многу мерак ме фаќа кога гледам како цела држава се обедини околу акцијава.Секоја чест! Само да видиме колку ќе издржат??? Да не биде после селење по дворови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom