Мене ми се свиѓа што го направија во среда. Всушност и малку ме нервираат празницине шо се ставени на пример последната сабота од април, третата недела од фебруар ор ватевр. Нека си стои точна дата на денот на празникот и секоја година тогаш да го славиме без разлика на тоа кој ден се паѓа. Инаку во сабота или недела дефинитивно ќе имаше помалку волја да се работи бидејќи за многу од возрасните само недела е ден кога не работат и сакаат да се одморат(за недела), додека младите кои уште идат на училиште,гимназија или факултет паметот ни е у излегување за време на викенди и размислувањата би се сведеле на тоа зошто би го губел јас "скапоцениот викенд" кога и онака знам дека јас и онака сум само еден у 2 милиони и без мене ќе помине се добро.
У секој случај, јас се разочарав од Гевгелијава. Мрзливи деца сме станале. За разлика од 3та и 4та година кои си фатија пат кон блиското селце Горничет(т.е. школото ги организираше), прва и втора година ги однеа да сеат во Гимназијата. Си реков, нема таму многу за садење ама нека, ќе посадиме кај што ќе треба. Кога тргнав накај школото(каснев 15 минути) ми стана нешто чудно. Гледам средношколци шетаат насекаде а јас се наоѓам на 300 метра од школо. Си викам некаков одмор може им дале, ама потоа подобро загледувам и гледам една глупава слика, ја у тренерки и шо постара поизвалкана блуза на мене, а некои пички разговараат и се смеат. Облечени у сукњи и тесни блузички ќе садат дрва. Си викам ај на машките ни ја оставиле целата работа, ама нека е. И кога стигнав до школо, гледам кој испоседнал по клупи, кој по скали, и всушност само 20% од тие што очекував да ги видам. Го прашав првиот познаник дали се сади и одговорот стоеше на 20 метри од мене, и тоа биле сите дрва кои биле донесени да се садат, а бројот беше 20 дрва засадени, а во школото 100тина ученици. У меѓувреме оние засадените беа ставени на пола метар едно од друго поради што многу од тие можда и нема да успеат, а у меѓувреме и на другите ќе им го загрозат растот.
Другарите ги најдов како се шетаат низ центар.(по пола саат). А јас си останав со желбата да придонесам малку за секој и сечија иднина.
А патем, си се вратив ја во Гевгелија за акцијава, бидејќи во Скопје, во прекрасното приватно училиште Јахја, не им текна да организираат никаква акција да не однесат да садиме некакви дрва а дозвола за да излезеш без нив изнесува вкупно 2 саата од кои 80% ќе ги потрошиш додека да дојдеш до местото каде што ќе садиш дрва.
И така, разочаран сум од Гевгелија и од моево школо ама гледам дека вие сите сте си поминале топ и целава акција поминала перфектно(отприлика

). Штета шо не не однесоа и нас у Горничет ама што е тоа е.
