Дали се плашите од смртта, и што мислите за неа?

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Па се плашам,како би немало.Од самата помисла 3 метра по земја те јадат секакви инсекти, се распагаш:ija::ija::ija:.Сум забележала во последно време умираат млади...гревче е тоа.
Мислам дека телото е мртво (самиот збор смрт некако на тоа алудира, нели?) па нервите и мозокот не забележуваат ако нешто те јаде, ниту плуќата се жали шо нема воздух.
И исто мислам дека порано повеќе млади луѓе умирале, пошто и животниот век бил пократок.

И така дур си мислам ја, општо да се обратам (по не знам кој пат):
Вооошто НЕ се мачете да пишувате постови содржани само од: Се плашам/Не се плашам/Средно многу се плашам/Средно малку се плашам затоа што ќе бидат избришани, како офтопик.
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Death cant be to bad ever heard a corpse complain?


Исто како тони_те, не се плашам толку од мојата смрт колку што се плашам од смртта на некој мој близок :)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Death cant be to bad ever heard a corpse complain?


Исто како тони_те, не се плашам толку од мојата смрт колку што се плашам од смртта на некој мој близок :)
Во ред, ама ќе може малку поелоквентно?

Сепак, познато ви е името на подфорумот и ваљда знаете дека
постови од по една реченица не се баш добредојдени.
Кога веќе пишувате, пишувајте кохерентни целини соодветни за подфорумов.
А, ако ве мрзи, не пишувајте.
 

Кртот

Лоботомичар
Член од
19 април 2007
Мислења
653
Поени од реакции
23
Не, напротив, сакам да ја запознаам. Смрт..Што знам...Ич не му ја мислам, коа треба да дојде нек си дојде, освен сам ако не се погрижам и осигурам да е така. Иначе не одам по погреби и не жалам. Нема логика да се жалиме, кога знаеме дека еден ден ќе не нема..
 
S

StereoLove

Гостин
Мислам дека телото е мртво (самиот збор смрт некако на тоа алудира, нели?) па нервите и мозокот не забележуваат ако нешто те јаде, ниту плуќата се жали шо нема воздух.
И исто мислам дека порано повеќе млади луѓе умирале, пошто и животниот век бил пократок.
Да де,ама самата помисла,хехе....имав една професорка по Македонски јазик која еднаш ни спомна за смртта,вели јас не можам да се смислам како ке ме лазат и јадат...не се осека ама самата помисла дека ке се скапеш еден ден и не е баш пријатна нели:nesum::jaj:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Во стил на Robbie:

I am not scared of dying I just don't want to....


Многу е идиотско некој да се плаши од тоа дека му го лазеле телото црви или паразити или што ти ја знам.Тоа е исто како да се се гнасат од тоа што во преднаталниот период ја пиеле спствената урина.Нема никаква смисла, едноставно тоа е нормален тек на работите.
Стравот не е чуството кое би го поврзала со смртта на тој начин. Стравот е само начин на одбрана кој го користиме доколку не ја сакаме смртта.
Сметам дека има уште премногу работи што трба да ги видам, почуствувам, доживеам за да умрам сега (или во наредниве 70 години).
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Кога ке умрам, ако нема ништо после, некој задгробен живот и друго, нема да знам дека сум мртов, зашто нели нема ништо. А ако има нешто ке си живеам таму. Не се плашам од смрта, единствено е тоа што ке ме жалат сите што ме сакаат, а тоа никој не го сака за своите сакани...
 

Madness

12.12.2009
Член од
6 септември 2008
Мислења
344
Поени од реакции
28
Не се плашам.Кога ми е судено ќе си умрам,ако сака сеа нека дое да ме земе.Поише ми е овие дома што ќе ги сносат трошковите и што ќе плачат луѓево.Мене ич не ми е страв.
 

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
Па како и некој погоре шо си кажаја, не се плашам толку од мојата смрт отколку од смртта на некој близок.. иако уште не е утврдено кој каде оди и шо му се дешава после смртта, јас лично не вервам во оние црковните проповеди шо се рај пекол и бла бла пошто ако веќе во смртта има рај и пекол ние не сме за во рајот пошто во рај одат само безграшните.. а безгрешна е само ДЕВИЦА Марија (сб. Богородица).. така да не му ја мислам многу и претпоставувам дека смртта е само уште една патека шо ни е дадена да ја изодиме и да бидиме дел од неа како и од животот...
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Смрт! нешто што знаеме дека следува само не знаеме кога...Ја мразам болката и тагата и плачот после смртта на некој близок. Мојата сакам сама да си дое таму некаде покасно. Сакам да видам и да изживеам, не сакам Господ да зима млади луѓе.Стравот си иде со самата помисла, што ако сега за последен пат ги гледам овие личности или ненадејна смрт каде не си ни претпоставувал дека тоа е последен пат што ја гледаш таа личност.
Да, се плашам ама би ми било подобро кога би знаела дека има задгробен живот и дека таму некаде пак би ги видела тие што си ги сакам...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Смртта како смрт и не е толку страшна. Доаѓа, и додека осетиш што е и како е, оп, веќе ништо не осеќаш. Меѓутоа смртта преоблечена како: мака, болка и измачување, ме плаши. Ме плаши затоа што во тие случаи таа бавно ти го навестува нејзиниот конечен удар, изживувајќи се врз психа толку безобразно, принудувајќи те на моменти гласно да ја повикуваш, а таа да не доаѓа и да продолжува полека да те толчи, дел по дел... од таква смрт се плашам.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Стравот од смртта е природен како што е желбата за живот и среќа природна, но секој што се родил мора да умре, тоа е законот на еволуцијата, така да од се мора да се разделиме и страдањето е неизбежно. Што се однесува за живот по смртта, тоа е ствар на вера, нема никаков доказ, освен дека таа идеја потекнува од желбата да си ги видиме нашите блиски што е разумна желба.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Стравот од смртта е природен како што е желбата за живот и среќа природна, но секој што се родил мора да умре, тоа е законот на еволуцијата, така да од се мора да се разделиме и страдањето е неизбежно. Што се однесува за живот по смртта, тоа е ствар на вера, нема никаков доказ, освен дека таа идеја потекнува од желбата да си ги видиме нашите блиски што е разумна желба.
Зар не би било поубаво сите на светот да ја разбираат смртта и никогаш да не страдаат?
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Зашто да се плашам од нешто неизбежно и нешто што неможе да се измени. Јас искрено не се плашам воопшто од смртта и најискрено сум го прифатил тоа како факт.
Е сега можам да кажам дека се плашам од прерана смрт , пред да успеам " да напишам книга и да посадам дрво " т.е да бидам запамтен по нешто макар и помеѓу најблиските кругови на пријатели и да создадам фамилија. Може малку ми е глупо размислувањево али ја така мислам.
Но и тука неможам ништо да променам бидејќи никогаш не се знае околностите што ке донесат , така да во глобала пак ке повторам не се плашам од смрт , дали ке се случи утре дали по 30 - 50 години кога тогаш ќе биде.
Знам дека звучи многу храбро и тешко за верување но јас така сум си го сфатил тоа.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
.
Е сега можам да кажам дека се плашам од прерана смрт
Па јас мислам дека ретко некој што ги проживеал годините се плаши,иако знам дека и на старите луѓе не им се умира.

Зар не би било поубаво сите на светот да ја разбираат смртта и никогаш да не страдаат?
Објасни?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom