Дали се плашите од смртта, и што мислите за неа?

Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Не се плашам од смртта, но ми е многу чудно кога ќе помислам дека сепак ќе умрам еден ден, ме запрепастува тој факт.
Инаку мислам дека смртта е чистење.
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
:vozbud:Ќе изменам лошо формулирано.Фала:smir:

:wink:

Не се плашам од смртта, но ми е многу чудно кога ќе помислам дека сепак ќе умрам еден ден, ме запрепастува тој факт.
Инаку мислам дека смртта е чистење.

Па добро присети се и на фактот дека сите луѓе како и животните т.е сите живи суштества умираат.

А како мислиш чистење ? Од религиска гледна точка или.... ?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
:wink:




Па добро присети се и на фактот дека сите луѓе како и животните т.е сите живи суштества умираат.

А како мислиш чистење ? Од религиска гледна точка или.... ?
Па не баш религиски. Ако сметаме дека со смртта на телото доаѓа до дезинтеграција и анихилација на свеста, тогаш за мене тоа е чистење. Бидејќи сметам дека свеста то ест душата на луѓето, така да и мојата лична душа, е особено нечисто и здодевно нешто.
Но оттука јас сепак и христијански знам да размислувам, па и таква да гледам логика, но тоа веќе преминува во сосем друг поглед на животот.
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Па не баш религиски. Ако сметаме дека со смртта на телото доаѓа до дезинтеграција и анихилација на свеста, тогаш за мене тоа е чистење. Бидејќи сметам дека свеста то ест душата на луѓето, така да и мојата лична душа, е особено нечисто и здодевно нешто.
Но оттука јас сепак и христијански знам да размислувам, па и таква да гледам логика, но тоа веќе преминува во сосем друг поглед на животот.
Искрено некако таа теорија со душата ич не ја прифаќам. Но сепак ок е секој си има свое мислење. Тоа дека постои душа или свест ти како што си го поистоветувал овде не ми е баш некако реално. Свест постои тоа е јасно благодарение на долгата еволуција со што го направила човекот "совршено суштество". Поради тоа е и тој страв од смртта. Душа еве евентуално да постои , колку што мене ми е познато душата неможе да умре иако телото умира ако е така каде продолжува таа ... во пекол во рај? Таа теорија мене ми е глупа незнам зашто али мислам душа не постои.
Е сега може и јас грешам али такво е моето мислење. :wink:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
дали се плашиме од смртта.. :/ па шознам ваљда не.. ако е брзо и безболно мислам дека нема прилична да се плашиме.. так так и готово...диши диши е сеа недиши.. а да знам дека ке ме измашува некоја болна и спора болест тогаш ке почнам да се плашам повеќе од самата помисла.. не од смртта
 
Член од
3 декември 2009
Мислења
12
Поени од реакции
0
воопшто не се плашам од смртта, барем таа ни дава гаранција дека ќе биде крај на сите наши маки ... искрено ? дури и ја пожелувам ... добро само не ме сфаќајте погрешно ... :)
 

Sassy

sultan instead of the sultan
Член од
5 ноември 2008
Мислења
329
Поени од реакции
72
Да се плашам од смрт, незнам зашто ама усте од мала најголема стрв ми било тоа и смртта на близок. Ама тоа веројатно е нормално видејки секој длабоко во себе се плаши не од самата смрт, туку од тоа сто остава цел свет позади себе и луѓе кои премногу ти значат. Сепак најстрашна е прераната смрт и секој се плаши од неа. Но животот е непредвилив никој незнае што ни носи и мораме да бидеме подготвени на се па дури и за најлошите работи.
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Можам да мислам на смртта како процес(кога престанува да чука срцето, нема кислород во телото, мозокот ја губи својата функција итн.) , а после тоа ништо. Аналогно со тоа можам да размислувам за универзумот( за ѕвездените јата, колку галаксии има и која е најголема, колкава е температурата на нашето сонце итн.), но не и за неговата надворешност(ако ја има).
И не, не се плашам од смрт, иако сум лаком за живот.
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Христијанството не учи дека ако си добар во текот на животот кога ќе појдиш кај св.Петар ќе превага "добрата" страна и ќе одиш во рајот(нешо како во приказните), ако не, ќе одиш во пеколот, па уште и ако си бил предавник, тогаш тешко тебе, ќе одиш во последниот круг и ќе те стават под вечен мраз (ова според Данте). Мислам дека горе долу кај муслиманите горе долу е исто само што нема рај и пекол туку џелем и џенем. Значи верниците нама што многу да се плашат од смртта, крајниот исход се знае.
Проблемот се јавува кај агностиците и атеистите. Со самото тоа што не веруваат (или се двоумат, дали да веруваат или не)а според тоа и не прифаќаат дека после смртта следи рај или пекол, логично е да се плашат исто како што се плашат од темнината, од работи кои не можат да ги видат, или конечно од работи за кои што не знаат што има од другата страна. Што ако после нема ништо и телото едноставно скапува и толку, нема ништо после тоа, или што ако животот не е еден процес кој има почеток и крај туку што ако е онака како што тоа го разбираат маите дека животот е круг и дека секој крај е почеток на нов живот. Или теоријата на Дарен Аронофски во Фонтаната или еден куп други размислувања, теории, цели филозофии. Тоа им го оставам на атеистите, јас знам кај ќе одам и затоа и не се плашам.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Смртта е добра оти со неа можете да ја изгубите само болката и лажната надеж!
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Повеќе се плашам што се лошо може да се случи во животот отколку од смртта.
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Малце филозофирање....

Треба да сватите (не да се плашите) дека еден ден ке умрете!
Се додека не го сватите тоа ќе се излежавате и ќе мислите дека има време за се, за убави работи кои можеби никогаш нема да се случат!
Затоа променетете се на подобро,почнете да го живеете животот во целост и секој ден како да ви е последен!

Кога ке бидете на смртна постела не треба да посакувате да живеете уште еден ден , туку треба да погледнете назад во минатото и да бидете среќни што сте живееле еден исполнет живот во кој сте пронашле значење и љјубов!

Тој што цел зивот се плашел да не умре, никогаш не ни почнал вистински да живее!

Што се однесува до прерана смрт на некој близок, животот е суров и умирањето е еден од чиновите на живеење.Нашиот близок сигурно не би сакал ние да паѓаме во депресии заради него , туку напротив да продолжиме да живееме и тоа што посрекно!Тоа е допринесено и од моќта на љјубовта...

За крај еден познат цитат:
Death smiles at us all, all a man can do is smile back!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom