Дали се плашите од смртта, и што мислите за неа?

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Па јас мислам дека ретко некој што ги проживеал годините се плаши,иако знам дека и на старите луѓе не им се умира.


Објасни?
Човекот треба да свати дека смртта е природен процес исто како јадењето.Од тоа не треба да се плаши ниту да се срами.Античките Македонци се радувале на смртта исто како на раѓањето.Тоа е така бидејки тие знаеле дека ние не запираме да живеееме туку едноставно продолжуваме понатаму.
 
M

M del Mar

Гостин
Има денови кога ќе се задлабочам за момент во мислите во врска со прашањево...и можеби не се плашам од смртта, меѓутоа кога гледам кон сето тоа, некако ништо ми нема смисла...
Живееме со некоја цел и сакаме да ја оствариме, и фиктивно да речеме дека ќе ја оствариме, но што со тоа кога сепак ќе умреме и ништо после нашата смрт...(џабе сите нервози, страдања, падови, разочарувања додека да ја оствариме зацртаната цел)
Нема потреба од страв од смртта, бидејќи никој не е бесмртен, сите не чека истото...(само без мислења во врска со неа и живеење на секој убав момент максимално):wink:
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Да. Страшно се плашам, увек коа ќе добијам некоја страшна физичка болка мислам дека ми доаѓа крајот. А и многу се плашам и некој близок да не ми го снема. Знам дека е природна појава, но ми е страв дека може да биде многу болно.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Се плашам да не е бавно и болно.
 
Х

Ханзо

Гостин
Треба да сватите (не да се плашите) дека еден ден ке умрете!
Thank you Tyler, now hand me the vinegar, would you? :smir:
Ми нема логика ова што го викате: џабе нервози, џабе разочарувања и се тоа зашто на крај ќе умреме и тоа нема да биде важно, или поконкретно, нема да биде, па затоа треба да го живееме животот весело и како да ни е последен...ова, ден. На крај ни тоа нема да биде важно, нели, ни тоа нема да биде, така што исто е дали ќе се веселиш или ќе се емосуваш во животот зашто на крај ни сеќавање ќе остане ни бутур...ќе не јадат црви. Добро, некои и риби, кој како си ја наредил.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.909
Поени од реакции
1.551
Не се плашам.
Само сакам да умрам одкога ќе постигна нешто у животот, ќе оставам нешто позади мене.
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Не дека се плашам, ама убаво ми е да верувам дека пак ќе се родам некаде...некако...реинкарнација...
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Не се плашам од смртта, туку се плашам душата кај ќе ми оди ( рај или пекол ):tapp:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Страв од смрт немам, ниту пак што со мене после тоа.
Стравот е тоа што ќе го оставам зад мене, угледот, името, блиските.
 

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Дел од мојот потпис кажува нешто во врска со ова, но сепак не се плашам од смртта затоа што сваќам дека животот е едно патешествие каде што сите учиме, добиваме, губиме, ги доживуваме своите возвишувања и падови. Сето тоа е она што сите треба да го проживееме и почувствуваме на своја кожа, а кога ќе дојде денот тогаш ќе треба да се умре...само што единствено од што стравувам е тоа што не би сакала да имам болна смрт, кога веќе би требала да умрам сакам тоа да биде во спиење и нај безболно, бар за мене а за другите е сигурно многу болен и тежок тој начин.:(...затоа си го живеам животов со тоа што гледам мене да ми биде топ, а истовремено и да се докажам и направам нешто за луѓето што ги сакам по што би имале добро сеќавање за мене.:pipi:
 

TheGamer

аут оф мај мајнд...
Член од
11 јуни 2009
Мислења
265
Поени од реакции
8
за мене не се плашам..ако биде пишано уште денес ке умрам...се плашам што ке биде со другите...со оние што ме сакаат,оние на кои што ке им недостигам...(ако воопшто постојат :P)...инаку не сакам да умрам...само во мене се јавува некаква интерес за тоа дали постои нешто после смртта...
 

Blue_Boy

THE WAY I AM
Член од
29 октомври 2009
Мислења
345
Поени од реакции
33
Не се плашам воопшто од смрт,доколку ми е судено денес да умрам нека умрам.Ама затоа се плашам другите да не умрат.
 

Lady Gaga*

«3 Him!
Член од
4 јануари 2010
Мислења
293
Поени од реакции
19
Не се плашам од смрт. Кога ми е пишано тогаш ќе умрам. Ама жал ми е да гледам невини луѓе да одат на оној свет.
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18
Уау, ама се праите сите тука... Да имаше телефон смртта, гарант ќе си резервиравте, зашто од овие неколку изјаснувања што ги прочитав, или не ви се живее или се курчите :pos2:

Он: Јас се плашам од смртта, многу се плашам од фактот дека нема да постојам, дека нема да ме има на овој свет, дека телото ќе ми се распадне, дека ќе бидам закопана длабоко во земјата, ме ежи помислата дека се што сум јас и секое делче од мене ќе стане храна на подземни инсекти и го мразам тоа што не верувам во рај и пекол!


Озбилно, не толку дека ќе умрам, сите ќе умреме, него страв ми е од тоа КОГА ќе умрам...:nesvest:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Да! Ме плашат работи кои не можам да ги докажам, немаат јасни емпириски искуства и не се дел од редот на Fourier...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom