Скопје нека си остане гравен град, али не треба да биде, ни универзитетски град, ни пак бизнис центар. Тоа го прави Скопје грд град. Тоа што се дешава е ненормално. Ќе дојде време кога ќе нема чаре и ќе го направат затворен град, па ќе бараме пропусница за да влеземе во Скопје за да завршиме некоја работа, пошо ќе нема веќе услови за живот. Самиот град нема да може да ги задоволи побарувањата на општеството (што дури и денес во некои свери веќе не може да задоволи).
Нека се направи универзитетски град. Има проект, за да се изгради студентски град некаде во Овчеполската котлина. Наместо да го прават Скопје 2018-19-20... тој капитал и градежни екипи нека ги ориентираат таму. Со тоа ќе може да се изградат дел од универзитетските објекти. Самите универзитети да го продадат комплексите исто така ќе можат инвестираат во тој проект. Со самиот тој проект ќе порасне економијата во Македонија.
Бизнис седиштата на фирмите, денес со развојот на технологијата, слободно можат да бидат во кој и да било друг град.
Чист пример се T-Home...
Во 2008 ги затворија сите дирекции во останатите градови, освен во 2 и дел од вработените ги преместија во Скопје, а другиот дел им дадоа некоја пара и ги отпуштија. Тогаш нивното седиште се преполни па мораа да градат нов објект, за да ги распоредат вработените. Сега вработените од другите градови или патуваат во Скопје или седат таму.
Е поради овие причини, животот во Скопје е поскап, квадратот е ненормално висок, Скопје ретко во кои делови задоволува некои урбанистички стандарди и ред други проблеми кои ги има. Секој студент, завршува тука и останува да работи, затоа што има повеќе можности.
Во многу други земји во светот во главните градови ги има политичко-административните институции, а имаат сосема други градови како бизнис и универзитетски центри, кои се и поголеми и немаат вакви проблеми, затоа што се е порастеретено, па се буниме дали тој или овој беше главен град на таа држава.
и уште една работа
Ах, пусти провинцијалски комплекси и фрустрации... И да не е Скопје главен град, тогаш на пр. Штипјани ќе наоѓаат аргументи дека не треба тоа да е Битола или Охрид туку Штип, а оние од Прилеп ќе се бунтуваат зашто на пр. Кавадарци е главен град. Муабетов нема крај а почетокот е провинциското плачење за тоа како секој живее во град кој заслужува повеќе од главниот град да биде главен град. Прикаскава е „сакам да бидам калиф наместо калифот“ од стрипот со везирот Изногуд
Во сите овие години што живеам во Скопје, дали си ти свесен колку по сељачизам и ваква искомплексираност имам видено во Скопје, отколку во било кој друг град?!