Скопјани го преплавија „Веро“
Скопјани го преплавија новиот центар „Веро“ - од вообичаено човечко љубопитство и од мерак да го разгледаат новиот центар, чие отворање се најавуваше како нов квалитет во градската понуда
Сообраќајот на улиците низ центарот беше сосема блокиран, немаше место за паркирање во новиот центар, па скопјани ги користеа и уличките на соседното Маџир Маало, а редовите на касите стигнуваа дури до влезните врати на продавниците. Ескалаторите беа преполни со граѓани, а во изобилство се користеа и обичните скалила.
Од агенцијата „Публицис“, која е задолжена за односи со јавност, велат дека немаат точна бројка за тоа колку граѓани го посетиле маркетот во првите два дена, но велат дека било многу фреквентно.
Најмногу заинтересираност кај граѓаните имало за новите брендови, кои првпат се појавуваат кај нас, продавницата за облека „Њујоркер“ и продавницата за детски играчки „Џамбо“, кои биле полни од отварањето до затворањето на маркетот. Продавачите и посетителите велат дека полиците во детската продавница „Џамбо“ се испразниле за само неколку часа.
Некои од продавниците чии брендови првпат се појавија кај нас организираа дури и танчери од Србија, водители и шоумени за да ги анимираат граѓаните.
- Ваков маркет досега немало кај нас, па затоа сакавме да го видиме уште првиот ден. Очекувавме дека ќе има метеж во сообраќајот, но тоа што го видовме беше невидено. Останавме со подотворени усти од метежот - изјави нашата сограѓанка Елена Ташевска.
Официјалното отварање на маркетот „Веро“ се одржа во вторникот, а од средата објектот беше отворен и за скопјани. Маркетот е изграден на маркичка од 40.000 квадратни метри, а само првиот кат зафаќа површина од 4.700 квадратни метри. Во него се сместени 42 продавници, 19 ескалатори, а објектот ќе го чуваат 96 безбедносни камери. За граѓаните што ќе го посетуваат маркетот ќе има подземно паркиралиште на две нивоа, со капацитет од 500 возила. Од маркетинг-службата на грчката фирма „Верополус“ велат дека изградбата на маркетот чинела 40 милиони евра, а во него ќе бидат вработени над 500 лица.
Kе дојде ли контроверзниот имам од Kосово Шефкет Красниќи вечерва во Чаир?
Kонтроверзниот имам од Kосово Шефкет Красниќи се очекуваше вечерва да гостува на рамазанскиот концерт на стадионот во Чаир.
Според последните информации присуството на Красниќи може и да изостане,по проценката на организаторите дека тоа со оглед на толкувањата во јавноста може да им наштети.
Организатор на манифестацијата е невладината Калаја Шкуп, а приштинскиот имам Красниќи предизвика контроверзи откако јавно зборуваше дека албанката мајка Тереза заслужила пекол поради својата католичка посветеност.
Германски медиуми пишуваа дека Красниќи е вахабист и радикал. Од друга страна македонски муслимански верници блиски до крилото на Рамадан Рамадани тврдат дека косовскиот имам е познат предавач на исламот и угледен професор теолог.