У право си за ова има многу (претежно дечишта) што појма немаат. Колку победи и да имавме секогаш испливуваат на површина само поразите и тоа како некој не знаел да шутира па Докузовски бил дрво и сл. А кога победивме 40 разлика коментарите беа различни. Поради тоа нема никогаш да имаме успеси. А и на многумина уште не им е јасно дека пред 3 години бевме во Б дивизија а лани освоивме 9то место на ЕП.
Па плукаме пошто ни е смачено да губиме цел живот на гостински мечеви. Унгарија е барем класа послаба од нас, и мораше да ги совладаме и на нвни терен ако сакаме да заличиме на сериозна репрезентација. Имаме екипа која е доста јака, го имаме Бо кој беше најдобар играч во ЕЛ и повторно ги правиме истите грешки. И сето тоа затоа што тренерот прави кардинални грешки. Неможеш да менуваш цела петорка уште на почетокот, и кога ќе ни го треснат да не знаеме повеќе од кај да се браниме. Неможе една сериозна репрезентација да остави песто напади по ред противникот да има удари од чиста позиција! Неможе една сериозна репрезентација да дозволи песто напади по ред да ги завршува со удари од тројка без притоа да направат нити една акција. Време е во екипите да се земат психолози за да си го одработат своето. Вака не иде веќе, не е НОРМАЛНО дома да совладуваш репрезентации со по 40 коша а на гости да губиш од истите. Нешто мора да се менува ако сакаме да бидеме во врвот. Имам големи апетити и сакам успеси, доста ми е веќе да се задоволувам со вакви плашливи игри на гостински терен и одлични изданија во нашата сала. Нека се уозбилат малку во федерацииве и нека постават подобри тренери. Два меча на гости ги изгубивме само затоа што правеше дебилни измени... А и во мечот со Босна можеше да не снајде истото...
Плус знаеш дека во Б дивизија се најдовме поради глупите правила на ФИБА иако бевме подобри барем од 5-6 екипи од А дивизијата...
Не сум против нашите и секогаш ќе навивам со цело срце, ама време е за еден психолог во екипата!!!