Кошаркарска репрезентација на Македонија

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Абе остајте го овој блада ... Вчера бев, гледав и за малце не заспав сред утакмица .... Атмосферата беше катастрофа ... Најслабо до сега ... Иначе игравме добро според мене, особено во одбраната но во нападот не бевме прецизни 6/25 за 3 поени ... Замислете да имавме 10/25 ќе победевме со 30 поени разлика (добро не 30 али 28) ... Ми се допаѓа тоа што другиве од нашава група не можат да не стигнат (сите имаат по 1 победа освен В.Б) и тоа што убедливо сме најдобрата втора репрезентација од сите групи што би не одвело на ЕП ... Но, ме плаши тоа што гостуваме во Унгарија, а Унгарците се покажаа цврсти на гостувањата во Украина и особено вчера со В.Б ... Сепак, ако сакаме да бидеме во првите 8 на ЕП и да демонстрираме сила, тогаш треба Унгарците на гости 15+ да ги победиме, што според мене е реално гледајќи го фактот дека дома ги прегазивме ... п.с со хендикеп на Македонија ќе и дадат фаворитска улога со негатива 12 или 13 разлика (-12 или -13) ...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522

Прво за атмосферата не знам што очекуваш. Па што ако немало "навивачи" не значи дека немаше кој да ги спушти знамињата и кој да скандира.
А за второво се лажеш батка. Со таков пристап општо на спортски натпревар се губи уште во прва четвртина. Или како што викаат, најтешко е да се добие веќе добиен меч. Унгарија ниту е наивна, тоа го покажаа дома кога водеа на моменти и 10 коша против Унгарија и 20 коша против Босна и успеаа во Британија до последен момент нешто слично како ние, да држат нерешен резултат дури имаа и напад за победа ама ете среќата отиде пак кај Британија. Такада нашиве свесни се дека мора сериозно да пристапат, читај изјави ќе се увериш во ова што ти го говорам пошто со таков пристап и психички да мислиме дека е готово ја губиме сигурно. Плус на гости и со Малта е тешко да се игра посебно знаејќи дека "мора" да добиеме.
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
937
Aбе друже, ние уште незнаеме кое е вистинското знаме, по 100 знамиња различни се веат во салата, сакаш да ти пиши на дресот Македонија .
Резил сме.
Нека стои Витаминка, ако е пропадната фирма :)

Иначе играта задоволителна, од почеток до крај исто темпо теравме, така треба секој натпревар да се изигра, да не се форсира на почеток, а на крај па да бркаме победа.
Пријателе јас само дадов образложение зошто на дресовите не ни пишува Македонија, а за знамињата незнам што ти сметаат па и кога игра Англија во фудбал можеш да видиш и доста знамиња на Британија, па незнам зошто ние да не можеме да ги извадиме двете знамиња старото и новото, инаку некој имаше спомнато за играта кога ни беше Арсич тренер и сега кога е Марин, сегашната игра не се базира само на удари за три, значи имаме и доста алтернативни решенија влезови, игри преку центар, пик ен рол и не ти знам уште што, кондицијата сега е на доста високо ниво, имаме во некој натпревари константност, како пример синоќа и исто така играта во одбрана е подигната на мошне високо ниво, самиот факт дека имаме најсилна одбрана т.е. најмалку примени кошови е доволен показател самиот по себе, а и сите победи ни се над 13-14 поени разлика што кажува за нашата физичка подготвеност.
 
katalonec5

Mes que un club
Член од
8 декември 2008
Мислења
1.020
Поени од реакции
121
Тие шо немат основни познавања од кошарка нека не коментират за играта ги молам. Баш напротив, баш сега репрезентацијата е ногу подобра, ногу ногу поимпресивни у одбрана. Незнам дали памтите од претходниот циклус коа центарот на латвиа не растураше сам, или па коа португалците со игра еден на еден не држеа резултатски.. тоа беше најголем срам у кошарката. Инаку сум презадоволен од тоа како се развива ситуацијата. Морам да го пофалам и спортскиот директор Стефанов, причина ангажманот на кондициониот тренер на Монтепаски и ангажманот на Бо исто така преку претседателот на Монтепаски. За синоќашната утакмица, ногу сум среќен шо конечно добиваме утакмици со повисоки репрезентации без шут за три... шутот е релативна работа и не може да се надеваш секогаш на него (класичен пример се Унгарците на утакмицата у Скопје и на утакмицата синоќа со Британија). Исто така кошаркарите се кондиционо неверојатно спремни, мора да се примете и тоа. Се надевам на 1 место у групата и мислам дека реално е достижно, само да се оде утакмица по утакмица позз:smir:
Ај од сеа ти ќе кажуваш кој има основни познавања во кошарката и кој смее да пише на темава...Океј?

Никој не ја критикува одбраната, во ред е тој дел од играта. Барем сеа за сеа....

Викаш еден играч не победувал? Бједринс беше мислам....игра во Голден Стејт ако не грешам. Не е битно, Денг имаше 31 поен при нашиот пораз од Велика Британија....

Немој мерило да ти биде Украина за тоа дека Македонија може и без тројки да победи!Немој! А и да ти биде, па како победивме на првата утакмица во гости??? Тројките се единственото наше оружје против посилна репрезентација! Имале високи играчи, а имавме xx повеќе скокови од нив! Па сеа ти види колку се(биле) добри нивните високи играчи.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
220
Поени од реакции
9
И Фесенко играе во НБА ако не си знаел, ама при пик енд рол Антиќ удвојуваше, нетипичен потег у одбрана. Ама тоа неможе ни во сон да му текне на Арсиќ.. ама тоа е. Инаку брза игра, трансформација од одбрана во напад со шут е типична југословенска школа, тоа го играат сите земји од поранешна југославиа, многу различна од советската бавна трансформациа и со петорка исклучиво над 2 метра. Таков тим ретко се добива со шут, затоа шо шутот е релативна работа... синоќа 6/25, можеше и 15/25 да биде или пак 0/25. Има уочлива разлика меѓу филозофиата на Марин и незнаењето на Арсиќ. А, и не мора да го сфаниш коа навреда тоа шо си ми го болдирал, само е очигледно тоа шо не ти се јасни некои работи (тоа не е ништо срамота:smir:)
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Прво за атмосферата не знам што очекуваш. Па што ако немало "навивачи" не значи дека немаше кој да ги спушти знамињата и кој да скандира.
А за второво се лажеш батка. Со таков пристап општо на спортски натпревар се губи уште во прва четвртина. Или како што викаат, најтешко е да се добие веќе добиен меч. Унгарија ниту е наивна, тоа го покажаа дома кога водеа на моменти и 10 коша против Унгарија и 20 коша против Босна и успеаа во Британија до последен момент нешто слично како ние, да држат нерешен резултат дури имаа и напад за победа ама ете среќата отиде пак кај Британија. Такада нашиве свесни се дека мора сериозно да пристапат, читај изјави ќе се увериш во ова што ти го говорам пошто со таков пристап и психички да мислиме дека е готово ја губиме сигурно. Плус на гости и со Малта е тешко да се игра посебно знаејќи дека "мора" да добиеме.
Прво, за атмосферата реков дека беше тапа али не ги спомнав фановите ... Немаше толку јака, колку што беше на претходните 2 утакмици ... Немаше живост, како во театар да бевме на моменти - потполна тишина .. Тоа за мене не е атмосфера, атмосфера за мене беше Македонија - Исланд ракомет кога игравме за пласман на Светското .. Е тоа е атмосфера, цело време пеење, цело време да свириш на противниците, и да се пее песни или да се бодри коа сме во напад ... Вчера немаше ни ш од атмосфера .. Само кога ќе дадевме кош се викаше еее и се ракоплескаше - типично театарски со ракоплескање и наместо смеење (во театар) викаш ееее ... Второ, знам дека не е уште добиена утакмицата со Унгарија и точно е тоа дека треба максимална концентрација и се, али јас реков ако сакаме да демострираме СИЛА тогаш треба лесно и убедливо да ги добиеме ...
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.617
Играта што ја играме е стварно никаква, среќа што противниците се боранија па победуваме. Во право е Каталонец за Докузовски и мене не ми е како шо треба, па неможе да го форсира Мираковски , а КАраџовски го пушта 2 минути, толку да нема осет а човекот лани имаше +20. За навивачките групи во Скопје чиста нула, мизерија, катастрофа , па дај да ги викнеме Чкембарите од Битола или Ајдуци од Струмица, или Војводи да дојдат и да направат атмосфера кога вие неможете или не саката. Се знае на репрезантативен меч се оди само со обележја на Македонија и никакви други симболи, али толку ни е мозокот. Под итно треба нешто да се превземе за обединување на навивачките групи во една единствена кога се работи за репрезентација, се друго е далеку од идеално.
Во претходните квалификации со Арсиќ примавме 74 поени по натпревар, а на ЕП 80 поени по натпревар. Сега со Докузовски примаме 63 поени по натпревар. Разликата е очигледна, нели?
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Во претходните квалификации со Арсиќ примавме 74 поени по натпревар, а на ЕП 80 поени по натпревар. Сега со Докузовски примаме 63 поени по натпревар. Разликата е очигледна, нели?
Да, и тоа со Докузовски само еднаш примивме многу поени и тоа од В.Б (104 и тоа во продолженија)... На другите сите натпревари имаме примено под 60 - Украина 58 и 55, Унгарија 44, Босна 56 ... Тоа што покажува ???? - Дека сме јаки :vozbud:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Кога ќе прочитам дека Караџовски бил подобаро од Мираковски, не ми се отвара повеќе темава.
 
katalonec5

Mes que un club
Член од
8 декември 2008
Мислења
1.020
Поени од реакции
121
И Фесенко играе во НБА ако не си знаел, ама при пик енд рол Антиќ удвојуваше, нетипичен потег у одбрана. Ама тоа неможе ни во сон да му текне на Арсиќ.. ама тоа е. Инаку брза игра, трансформација од одбрана во напад со шут е типична југословенска школа, тоа го играат сите земји од поранешна југославиа, многу различна од советската бавна трансформациа и со петорка исклучиво над 2 метра. Таков тим ретко се добива со шут, затоа шо шутот е релативна работа... синоќа 6/25, можеше и 15/25 да биде или пак 0/25. Има уочлива разлика меѓу филозофиата на Марин и незнаењето на Арсиќ. А, и не мора да го сфаниш коа навреда тоа шо си ми го болдирал, само е очигледно тоа шо не ти се јасни некои работи (тоа не е ништо срамота:smir:)

Филозофија на Марин??? Која црна филозофија бе? Целата негова филозофија се сведува на шут за 3 поени! Ќе го воочиш тоа на утакмици против малце посериозни противници. ;)

Немој да не ставаш у исти кош со Србија, Словенија, Хрватска! Не сме на тоа ниво, нити нашата игра има некој сличности со нивната игра т.е. ние треба да имаме игра за да правиме некакви споредби со нив, а ние ја немаме. Високите победи против овие репрезентации(мизерии) ја вртат сликата за нашата репрезентација за 360 степени. Веќе од наредната утакмица ќе ја видиш нашата вистинска игра.

Пред некој ден играа Словенија - Србија на турнир во Словенија. Побарај ја таа утакмица и погледни ја, па кажи ми дека има сличности со нашата игра....
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.909
Поени од реакции
1.552
Се додека Караџовски не добие шанса да покаже што знае немој да серете дека Мираковски е три класи боље од него.
Кога ќе имаат еднаква шанса да докажат тогаш може да се споредува.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Последниве 2 -3 години Македонската клубска кошарка не ја следам премногу па би прашал толку ли сме за никаде што ако го немавме Бо плеј ќе ни беше Мираковски ? Нема некои други ?
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.973
Поени од реакции
1.245
Во претходните квалификации со Арсиќ примавме 74 поени по натпревар, а на ЕП 80 поени по натпревар. Сега со Докузовски примаме 63 поени по натпревар. Разликата е очигледна, нели?
Не е во ред да се споредуваат прошлите квалификации со овие затоа што разликата на тимовите не е иста, а камоли да се споредува со ЕП. Можеби играта во одбрана е подобрена што е многу битно во кошарката, но општ впечаток е дека немаме добра игра во напад. Се надевам дека со тек на време ке го надминеме и тој дел од играта затоа што овие противници плачат за +25 разлика.
 
vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Друже, Мираковски е за во циркус, освен трите тројки што ги даде на почетокот со Босна друго што видивме од него? - На еден му ја дупна главата па цела публика му се смееше, направи некои пробиви и кога сите очекуваат кош тој промашува и други глупости кои се само за циркузанти. - Сепак поголема минутажа требаше да добијат Костовски, Караџовски и Симоновски.
Не се сложувам ,зашто како прво Костовски и Симоновски не заслужуваат да бидат ни во поширок состав ,ти збориш они да играле!!!
Толку е за кец позиција се знае Бо ќе игра и Мираковски ќе го мења кога ќе се умори или кога ќе има лични нема тука што да се дискутира и мислам дека Докузовски добро го прави тоа за 1 позиција зборам,има и он доста испади поготово со тоа што не го става Самарџиски ама се надевам дека ќе го игра понатака откако увиде дека Самарџиски игра одлично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom